Драга наша, производите за сончање од брендот Carroten се достапни во сите наши продажни објекти. Убав ден.
Lilit секоја чест за откритиево, бев скептик ама одлично е. Истово од сликава го купив само да видам колку бргу ќе се троши шишенцево.
75ml е шишенцето, за 1 месец е доволно, 145 денари е цената. Ќе се потите како прасиња во првиот месец и пол додека извадите се од себе, потоа телото ќе се стабилизира, а со тоа и потењето и ќе се потите најнормално (јас не мирисав, ама од туѓи искуства, дури ми викаа дека не им функционира, дека мирисаат те подзамирисуваат кон крајот на денот (не да корнат де), особено ако сте пушачи или ако пиете алкохол почесто, јадете нездрава храна, но издржаа еден месец и кај нив е супер реакцијата потоа). И нема да се потите само под пазуви, туку буквално целото тело повеќе ќе ви се поти од вообичаено. Од рексоната со текот на времето сите потни канали се стеснуваат и затвараат, по целото тело иако сте ставале само под пазуви. Ако сте имале проблеми со акни на лице, грб или каде и да е, внатрешни влакненца, ќе забележите дека прво може и ќе се испонафрлате многу, но потоа ќе се исчистат и нема повеќе да ви се појавуваат. Па сега видете што сме ставале со тоа рексоните... Мене буквално бисери ми се тркалаа по лице, под маица чувствував како ми капе бре...ама паломите околу мене, суптилно до тоалет, никој не забележа, дури ми викаа мирисаш на билки, како така? Мука ти е во првата недела, ама после смислуваш стратегија и се навикнуваш, па после ти доаѓа убавото. Среќни, здрави и испотени.
Леле јас и онака се потам по целото тело, ни рексоната не ме држи сува, значи да не ни помислувам на ова... А баш се загреав.да го пробам...
Абе секое тело е различно, пробај, не мора да значи. Нека не ти биде обесхрабрувачки, зошто после вреди. Може па се потиш толку многу ради рексоната, телото ти се бори, замисли што задржуваш во себе тогаш. Може кај тебе па одма ќе се нормализира. Кога си фрлила пари за она за осветлување коса што за ништо не вреди, ова ништо не губиш, а секогаш можеш да го користиш за ладење и прскање по стапала и освежување на просторија. П.С. Сега сакам сите да ве натерам да пробате.
Леле не ме потсетувај на тоа за коса, жив ужас беше, не знам зошто уште не сум го фрлила... Планирав да купувам од тие новите како крема од Гарние, ама може ова да го земам за проба, во право си- и да не се погоди ќе го користам за нешто друго.
Читам последниве страна, две и да ви кажам ме убедивте, повеќе ме исплашивте отколку што ме убедивте ама сепак утре го купувам ова чудо од ДМ. Купувам само рексони, нивеи, триста модерни тракатанци, којзнае колку отрови ми се задржуваат во телото. Страв ми е да ви кажам од секакви болести. Па сега што биде нека биде, мечка страв мене не, ќе удриме едно групно потење. За почеток не облекувам блузи што премногу се забележува водено, па ако после месец дена се намалува ќе издржам некако. Ај за потење ок, некако е вообичаено за сите, посебно сред лето, во 4 саат попладне да речеме, само да не мирисам, тоа не би можела да поднесам. Никако. Како и да е, купувам утре. Па ќе пишам обавезно овде.
И јас го имав користено ова спрејче пред година дена, убаво се покажа ама сепак го сменив поради интензивниот мирис. Генерално многу сакам такви билни мириси, ама некогаш кога повеќе ќе се испотиш стварно почнува на чај да мириса Инаку насабајле кога ќе се шприцнеш одма те буди, мислиш си негде меѓу грмушки на планина после дожд. После некоја минута испарува јакиот мирис, се забележува само понекогаш во текот на денот. Јас од Алверде користам еден рол-он со екстракт од алое вера и ориз, лично повеќе ми одговара и ептен дискретно мириса, а за економичност да не збориме...сигурно 3-4 месеци користев едно пакување. Со цената се тука некаде како и со спрејчево. Како и да е било кој од овие два производа споредени со конвенционалниве спрејови да ги речам е подобра опција во секој случај, се осеќаш ко полесно да ти диши кожата. Ако очекувате да не се потите ич, тогаш подобро не ги купувајте, ама ако сакате да си направите благодет на себе си, тогаш прав избор се.
Мене па мирисот на билки ептен ми се допаѓа. Неколку пати и не ми текнуваше од каде е мирисов околу мене, најверојатно при поинтензивно потење повеќе се чуствува мирисот. Јас во овие неколку дена не забележав дека нешто плус се потам, секако се потев многу и претходно Ги гледав и јас рол-оните ама си мислев да не се онакви лепливи и не земав таков.
@Lilit , ти се прават флеки на облеката од спрејот на Алверде? Го користам недела-две и денес додека ги пружав белите маички да се исушат, забележав бледи жолти флеки на деловите под пазувите...
И јас сум ептен задоволна од спрејот со мирис на лимета и нане... да, потам повеќе, ама па не мирисам лошо, што ми е најбитно. Не е здраво да не се потиме воопшто. Со години не користам од класичниве антиперспиранти, така што некоја посебна разлика не забележувам. До скоро ги користев ролоните, ама искрено, спрејов повеќе ми се допаѓа, барем засега. Особено во период пред циклус, како што кажав во претходните постови, бидејќи потта ми добива некој чуден мирис, само два-три дена така, после пак по старо. Ама овојпат, со спрејот, не осетив никаков мирис, што е голем плус за него. Еве, денес ми се чини се препотив ко никогаш, и пак не мирисам лошо, на пот, напротив, на чај а за флеки на облеката немам, ни од ролоните, ни од спрејот. Можеби е до материјалот на облеката? ЕДИТ: А што со шишенцата после? Не ми се фрлаат, ама па нема за што да ги чувам. Од ролоните имам еден куп - сакам да ги рециклирам. Еднаш одамна го поставив прашањево, ми кажаа дека има фирма, ама не успеав да ги најдам. Дали има некоја фирма за рециклажа на стакло со која што имате искуство? Не сакам стакло да фрлам во ѓубре (ни пластика не фрлам).
И јас немам флеки на облеката, а додека од рексоната имав и тоа како. А имаш правено дитокс? Да не имаш многу токсини во тебе, па да ги исфрлаш сега? И мене ми е жал да ги фрлам па си ги чувам. Си ставам масла во нив и така си се прскам, уште ги немам премногу, па ваљда ќе им смислувам што со нив, а за понатака не знам, ама споделете што со нив ако некој открие што да им правиме, И од овие и од оние големите шишенца од маслата алверде исто. Во едните си мешам различни масла со креми си и измислувам мои лосиони, а во другиве како што кажав, си ги ставам маслата и си прскам.
Повторно нови двонеделни снижувања Овојпат попусти до 30% на повеќе од 600 производи! Целосниот каталог можете да го преземете на следниот линк: http://www.dm-drogeriemarkt.mk/mk_homepage/usluge/213856/akcija.html
Летото може да започне! Уживајте и ова лето безгрижно под сонцето со попуст до 30% на целата сончева колекција SUNDANCE! Доверете ја заштита на вашата кожа од штетните сончеви зраци на производи со докажан гермаснки квалитет, по најполвоплни цени. Откријте зошто токму оваа сончева козметика е најпродавана на германскиот пазар. Само во dm, SUNDANCE сончева козметика за целото семејство со попуст до 30%. повеќе информации: http://www.dm-drogeriemarkt.mk/mk_homepage/ubavina/217814/aktuelno_i.html
Дм - една критика до вас. Гарниер ви е најскапа кај вас 350 денари, во сите други е 320 денари. 30 денари не се многу, но сепак...нели мотото ви е кај вас е најефтино?!
Lilit е сега не те сватив , тој со црешов цвет убаво ли мириса? или само тој и машкиот не мирисаат, Јас баш тој со црешов цвет ,сакам да го земам
Морам да ги пофалам сите производи во ДМ се одлични досега сум немала никаков проблем, веќе долгоо долго време пазарам од таму и сум презадоволна
DM, vo gtc bev pred nekolku nedeli i posle toa uste 2 pati, baram na essence eden karmin i pudra i uste nekoi proizvodi i seuste gi nemate?! Vnimavajte malku poveke na zalihi. Posleden pat nijansata na pudra sto ja koristam ja nemase na tester tuku bese otvoreno poslednoto pakuvanje na raft i 10% potrosena pa se brzav, a nemase druga i taa ja kupiv..
Го сакам ДМ, имаат доста квалитетни производи од кои сум презадоволна Засега ги користам само геловите за чистење лице на Гарниер и сум пре пре задоволна и до скоро не планирам да ги сменам