Девојки,денес купив на Алверде гел за миење на лице Aqua па кажете ми искуства,дали е добар.Претходно го користев на Балеа гелот 3 во 1 ама пошто имам проблем со акни на одредени места,агресивен ми беше,ми го воспалуваше лицето на тие места пошто е со гранули.Ве молам кажете ми искуства
Дали е овој гел? Ако е овој, ок е, барем мене ми беше добар Ама јас вакви гелови користам за финално чистење на лицето, немам проблематична кожа, фала му на Бога. Реално, си ја врши работата, ја освежува и чисти кожата, не ја затега ниту пак ја суши претерано многу. Мислам дека ќе бидеш задоволна. Нема гранули овој, имаше пилинг во проѕирно пакување, тој има гранули.
Е баш овој.Леле,се надевам дека нема да ми направи дополнителен проблем какао тој на Балеа.Фала ти многу
Тој на Балеа 3во1 што е, и јас го имам, агресивен ми е многу. Се залетав да го купам после позитивните критики за него на форумов, ама ретко го користам, еднаш неделно дали правам пилинг. Лицето ме пече ако го користам секојдневно. Овој погоре е подобар, не е агресивен.
Исто и јас,гледав многу позитивни искуства и кога го потрошив обичниот гел за мрсна кожа од Балеа што беше далеку подобар од овој го земав ама го средив лицето,многу акни ми се појавија и на челото и под образите,што не се случило до сега.Се надевам дека овој ќе ми заврши работа пошто и во ДМ ми рекоа дека го користат луѓе со осетлива и проблематична кожа.
@Annath Секој гел што содржи гранули не е наменет за секојдневна употреба токму поради тоа е агресивен. И јас размислував меѓу гелот 3 во 1 и обичниот за комбинирана кожа на Балеа и сепак се одлучив за тоа што веќе ми е испробано и сигурно редовна употреба.
Јас ја користам за децата кога ке им вцрви или воспали кожата некаде.Мрсна е мн мн и како мелем е некако.
http://www.dm-drogeriemarkt.mk/mk_homepage/ubavina/negakose/595272/nega-kose-v.html искуство ве молам се мислам само за кремата ми рекоја дека била ептен добра, јас имам малку кадрава коса и сакам да пробам да си направам поубави локни.
За се и сешто! Овој крем од невен ми е број еден! За суво кога ми е лицето во зима, за раце, за испукани пети и лакти, за усни...Значи толку е мултифункционален а евтин, нема грешка да го имаш дома!
Морам да кажам дека беше во право, го купив веднаш после коментарите и првичните впечатоци се дека потењето не се зголеми, можеби дури малку е и намалено. Го земав тоа со лимета, сите убаво мирисаа, ама се одлучив тоа да биде прво. Навистина мириса на чај, на убав зелен чај со лимон и дава многу пријатно чувство. Кожата ми беше презаситена од рексоната, последно имав земено стик, на моменти ми се појавуваше такво иритирачко чешање, ме полудуваше па ако бев дома веднаш одев да го измијам стикот од мене, неподносливо беше. Сега од ова немам такви проблеми, се чувствувам свежо, пријатно, лесно... Само не кажавте колку пати нанесувате во текот на денот, пишува нели дека штити 24 часа, ама јас нанесувам повеќепати, зависи кога-како.
Јас ставам три пати во текот на денот, ама некогаш и само еднаш. До сега не сум била непријатно изненадена, мислам ме разбираш како. Јас го користам со нане, цело време имам впечаток дека сум на море. Во принцип и сакам нане многу (во мохито најмногу #хехе (колку сум сељанка)), па ова ми е баш летна комбинација. Штом заврши летото ќе го сменам, сакам само на лето да ме потсетува.
После пофалните зборови си купив и јас. Пола саат се вртев низ Дм и се мислев кој мирис да го земам и на крај се одлучив за ова. Неутрален мирис има, на чисто мириса. Задоволна сум и јас
Јасно ми е мене тоа, имам пилинг со гранули, го користам еднаш неделно. Овој гел што јас го имам е за млада кожа и баш наменет за секојдневна употреба, за миење, како пилинг и како маска. Содржи овошни киселини, и ми беше преагресивен. Мислев дека ќе биде добар, не само затоа што прочитав позитивни искуства, туку и затоа што порано ја имам користено линијата Pure Zone на L'Oreal, која што се покажа солидна за мојата кожа, и и годеше како ниедна друга колекција претходно и после. Ама пак, за млада кожа. Мојава очигледно не е веќе толку млада, па не и годат вакви агресивни средства
Денес бев до ДМ и го земав дездорансот на Алверде,то со зелен лимон и жалфија.Има специфичен мирис а после ќе го пробам да видам дали делува Инаку до сега користев Рексона ама страшна е,на моменти толку многу ме чешаат пазувите како алергија да имам,плус се потам и не ја неутрализира миризбата туку баш напротив кога ќе се измеша се,грозно.Се надевам дека е добро ова на Алверде,ќе ви пишам како ми делува на мене
Од цела колекција ја користам само кремата. Шампонот и регенераторот не ми одговараат. Кремата е одлична, убав мирис, ја прави мека косата, ги истакнува локните и не ја лепи како пена, за после еден ден да не личи на ништо. Секако после кремава и обликуванје ја прскам цела коса со лак за да зацврсти.
Дездорансот од Алверде е феноменален.Не се испотив ич,суви и чисти пазуви и пријатно мириса цело време.Само сабајле кога се прскав ме пецкаше малку ама одма се смири