Си ги купив овие денес. Ако ги има некој користено нека каже дали се ефикасни... Слична маска имам користено само што таа беше плус со глина, а оваа е само со кал од мртво море. Лосионот го земав да ми го среди лицево од бубуличките и плус имам мрсна кожа. Се надевам дека и лентиве за нос ќе си ја вршат работата .
Маската јас ја имам еднаш користено. Кога го намачкав лицето одма се чувствува ефект на ладење и полека се стврднува. Искрено не видов дека има голема разлика од претходно, но можеби повеќе пати кога ќе се користи се чувствува ефектот
Oвие прoизвoди нa Бaлеa некoјa ги имa кoристенo? И ме интересирa дaли спрејoв и лoсиoнoт ги имa сеуште вo дм?
^ Јас моментално имам само тој лосион за раце. Убав мирис има! A знае ли некој алверде имаат ли интимен гел?
И мирисот и е баш интензивен, луксузен. Убаво ги измазнува рацете, брзо се впива, за ово време мене ми е супер.
Женски,го земав коректоров за да го прикривам црвенилото од акните зашто сега пудра не ми прија па кажете ми ако имате искуства некакви дали е добар и каква покривност има
Мене ме интересира дали има некој крем или гел за лице за отстранување митесери и мозолчиња, зошто секогаш читам дека се за позрела кожа производите, на пример кремите се за против брчки обично за позрела кожа. Ако користела некоја нека прикачи слика, зошто јас не можам да најдам
^ Clean & Clear пилингот за митесери е предобар. На паковката пишува дека треба да се користи два пати дневно, наутро и навечер, за видливи резултати уште првиот ден. И да, резултатите се видливи уште првиот ден, но многу ми ја исуши кожата. Од сега ќе го користам два пати неделно. Ако имаш изразено мрсна кожа, мислам дека ќе ти одговара
За жал немаат, мислам дека е единствено нешто што го немаат од хигиена. Го барав и јас, затоа што сакав да го разгледам како производ и доколку е ок да го пробам, ама ми рекоа дека не го произведуваат. Штета.
Може ли да ми препорачате производи на Алверде од кои сте задоволни? Моментално има 20% попуст на целата козметика од Алверде (и препаратива и декоратива), па сакам да се подновам Бев во ДМ денес и ги гледав маскарите, најскапата беше 199 денари, но немав поим која да ја земам, сите ми изгледаа небаре исто. Препораки за сите производи се добредојдени. Немам скоро ништо од Алверде, само една крема и еден гел за миење лице, а знам дека козметиката е природна, па сакам да го искористам попустов и да го сменам тоа
Здраво еве ме за алверде имам пробано многу работи (да не речам скоро сѐ). најнапред фала за информација и јас ќе одам да си направам залиха од работи што ми требаат башка на попуст Од она што јас го имам пробано еве што ти препорачувам апсолутно 1. Од декоратива - маскара Extreme Black пробав 6 разни видови на маскари од оваа марка и оваа е најдобра според мене (имам напишано и статија во темата маскари погледни ја). Имаат сега 3 нови маскари кои ги немам пробано ама ќе го сторам и тоа. - новата палета на 4 сенки на кафена боја, ептен сум задоволна и прекрасни се. Боите се есенски на кафено, беж и бело и прекрасно бојат; сенките обично им се многу убави и оние светкавите се доста пигментирани - маскарата за веѓи (доколку користиш) им е супер, а и моливот не е лош - моливчињата за очи се доста меки и трајни (имам земено две тенки и две подебели кои може како сенка да ги нанесуваш) - руменилото за лице (го има во три разни бои) е фантастично. Јас ја имам најсилната боја (розе лила) - туш за очи (оној што јас го обожавав течен веќе го нема, ама и оној гел со четкичка која треба да ја купиш посебно не е лош, доста убаво црта и трае) 2. Нега - шампонот авокадо - шампонот маслина и кна - кремата за петици (путер за петици во сина кутија голема) прекрасен е и одлично негува - путерот за коса од авокадо - маслото за лице од роза - антицелулитното масло со рузмарин (многу ефикасно, само има доста јак мирис) Од креми немам пробано ама ја меркав онаа од роза (има и дневна и ноќна па можеби ќе ја пробам). Имам користено и други производи ама овие ептен ми оставија впечаток.
Гелот за туширање има преубав мирис ми се допаѓа исто и карминчето и кремата за раце задоволна сум.А гелот Alverde само еднаш го имам пробано па не можам да кажам мислење
@Oxymoron Јас го имам користено део спрејот од лимета и жалфија, а моментално го користам тој од магнолија и слез. Двата даваат одлична заштита. Го користам и рол-онот од алое вера и ориз од кој исто така сум презадоволна. Цело лето го поминав без да замирисам. Го имам пробано тој од нане и бергамот но не ми се допадна. Генерално на форумов повеќето се задоволни од спрејовите, додека за рол-оните има мислења што одат од крајност во крајност па би ти препорачала прво спреј да пробаш. Баш вчера се подновив, околу 115 се сега. Исто во фаза на испробување сум на кремата за лице од роза која генерално е наменете за сува кожа. Јас имам комбинирана со благо изразена т-зона, но на постудено време повеќе ми страдаат образите кои ми се сушат и ги осеќам како дехидрирани. Засега ја користам дневната, веќе една недела и имам само пофални зборови. Мириса интензивно на ружа што и е една негативност барем за мене (но набрзо се губи), инаку многу брзо се упива, така што за во комбинација со шминка убаво се вклопува, не светам иако не е матирачка, а состојбата со образите ми се изрегулира. Искрено се надевам дека нема да ме изневери па цела зима да си ја истерам со неа. Цената сега и е околу 120, а инаку од истата линија има ноќна и масло за лице. Ги немам пробано но маслото планирам да го земам затоа што имам читано премногу добри коментари за него. Од декоративна ти препорачувам да си земеш моливче за очи. Јас го имам Pearly white и ќе го купувам додека го има. Меко е убаво црта и не се растекува. За друга нијанса не знам да ти кажам. Во моментов се 85 ден. Исто од шампоните сум доста задоволна. Во моментов го користам тој од маслинка и к‘на. Порано имав еден за сензитивен скалп, и тој беше добар, но од овој некако позадоволна сум. Не создава никакви иритации, косата ми е убава, сјајна, убаво пени и чисти со две шампонирања. Не е воопшто агресивен. Е сега за долготраен мирис не може ништо посебно да се очекува ако на некој му е битно тоа. Цена моментална исто околу 120 денари. Гел за миење лице од морски алги имам користено, доста убаво чисти со мала количина производ, а не ја пресушува кожата. Сепак во лето го користев кога т-зоната ми е поизразена, сега не би го земала. Од колекцијата со кал имам користено едно за миење, но не ми се допадна ефектот, а мирисот ми беше ужасен. Исто не верувам дека нешто повторно би земала од таа линија. Не го купувај двофазниот отстранувач за шминка, јас немам сретнато човек што е задоволен од него, не знам зошто не го повлекле од употреба. Инаку на листа за купување ми се путерот за коса од авокадо, тиркизниот путер за стапала, и средството за вадење шминка од очи, мислам дека нема да се разочарам. Сакам да испробам и некаков тоник, па ако некој е задоволен и има предлог, нека каже. Засега толку ми текнува, сигурно имам заборавено некои работи
^^ За двофазниот отстранувач за шминка си во право. Го купив и веднаш го фрлив. Мирисаше како масло со поминат рок, а не му беше поминат рок. Да се надоврзам за Алверде: - од шампоните сум задоволна, гору долу се ок сите што ги користев, и регенератори за коса. Верувам дека негата што се добива од сите нив е добра, единствено мирисите можат да варираат или некому да не се допаѓаат. - гелови за туширање се исто ок. Најчесто го земав тој со мандарина, тој ми е во лето фаворит, многу ми е освежителен и убаво мириса. - путер за тело од мандарина е прекрасен, доста хидрантен, а бргу се впива. Верувам и другите се многу убави. - имам путер за коса од авокадо, ама искрено ме малку нервира неговата примена. Треба да го нанесеш на сува коса и да го држиш десетина минути, и/или на полувлажна на краевите (така некако). Путерот е многу густ нели, па не е баш толку практично и успешно нанесување на сува коса, посебно за оној кој има долга, а па и густа коса... цел ќе го потроши. Мирисот не ми е нешто посебно, ми мириса на фарба за коса , ама ќе го потрошам и нема веќе да го купувам. - Имам користено креми за лице 30+, и дневна и ноќна, и бев задоволна многу, не знам зошто не ги користам веќе. Знам, ми здосадија - Масло за лице од дива роза за сува кожа е исто така прекрасно. Од време на време го користам. Бидејќи сега лицето ми стана малку посуво, планирам да земам и крема од роза, да ми се најде - Пилинг за лице за нормална и мешовита кожа е добар, тогаш лицето ми беше така комбинирано, ама сепак малку појак за мојата кожа беше, па го користев поретко и ептен ставав малечко зрнце од пилингот, само набрзина поминував по лицето бидејќи ми го иритираше, па остатокот искористив за деколте и тело - Пена за миење лице од диво јаболко не беше лоша, нежна е, само пумпицата ми се расипа брзо, што имам слушнато и на другите им се има случено, па не знаев што да правам со неа и ја фрлив. - Мм користи крема за лице и пилинг за лице. Вели задоволен е, ама тој па толку се разбира Од декоративна козметика сум задоволна од сенките за очи (тие 4 што се), кармините не ми се допаѓаат воопшто, ни хидратација, ни мирис. Тоа набрзина што се сетив за Алверде Планирам да земам наскоро некоја крема од роза за сува кожа и масло за коса од роза.
Здраво ако зимно време кожата ти е сува не ти препорачувам тоник од алверде. Јас земав еден и го пробав (оној од роза) ама има премногу алкохол, така да може да ти ја суши кожата. Навистина се чувствува доста мирисот на алкохол (обично германските компании општо го користат како природен конзерванс во комбинација со етеричните масла во производот). Јас алверде ја обожавам како колекција ама кога нешто не ми се допаѓа искрена сум. Откако почнав да користам тоници без алкохол ја сфатив разликата. Подобро земи чиста ружина вода и користи ја како тоник, ќе бидеш презадоволна. Путерот за коса и она синото за нозе се фантастични. Ги обожавам. @Sky-butterfly јас пробав да го користам путерот за коса и на благо навлажнета коса и полесно се нанесува. Пробај. На врвовите може да го нанесеш (мала количина) и на сува коса, ама како третман наместо на сува нанеси го на благо навлажнета па кажи ми каков бил резултатот. Поздрав/
Девојки а дали сте го користеле зајакнувачот за нокти од Алведре? Имам сува кожа, посебно околу ноктите, може а се каже и суви нокти зошто многу ми се кршат и лупат. Па сакам да си го купам, со оглед на тоа што Алведре е природна козметика па можеби не ја содржи таа опасната супстанца што ја содржат другите зајакнувачи на нокти (незнам како се викаше, нешто флорахемид или така некако беше ).
Фала ти @Biodevojka така и си мислев. Го читав и јас составот па затоа и се предомислив и не земав. Избегнувам производи за лице со алкохол, а нешто што најмногу ме одбива да го користам е кога ќе му го осетам самиот мирис. Тоа го имам приметено и кај некои лосиони за тело од Алверде кои се наменети за сува кожа, што ми нема логика. Инаку го забележав и овој бренд дека е на 20% намалување, ама никогаш немам користено ништо он нив. Имаше некој тоник со 20% ружина вода, ама не видов детален состав, се брзав. Би сакала да споделиш искуство, доколку имаш нешто испробано лично.
https://scontent-frt3-1.xx.fbcdn.ne...=96ec6b375b7996297f4ad7be754c237d&oe=56E38955 НЕВЕРОЈАТЕН ПОПУСТ на дел од козметиката на AURA во сите DM маркети низ Македонија!Попустот трае од 23.11-30.11.2015. Копирано од страната на Аура на фб. И гледав ги постираа новите четки, што значи се донесени.