Здраво јас го користев и многу е добар. Точно е дека е природен и за среќа нема формалдехид како останатите третмани од други марки. Ако си заинтересирана ти го препорачувам. Драга од оваа линија имам видено повеќе работи ама не ми се допаѓаат не се баш природни има доста синтетички состојки. За тоников знам дека го видов, ама не ми текнува зошто не ми се допадна, дали имаше ПЕГ или нешто друго навистина не можам да се сетам. Ако сакаш тоник од роза, ти ја препорачувам водата од роза на Касиопеа, ќе ја најдеш во рамстор и сити мол во Тесори ди Маре. Таа е чиста и убава како производ. Цената и беше ако не се лажам околу 360 денари.
Од Алведре немам користено зајакнувач за нокти но затоа имам од Евелин и сум презадоволна.На моите кршливи нокти не им помагаше ништо сега растат како луди.Еве ги лакчињата.
@dm drogerie markt ме интересира зошто е толку покачена цената на Профисимо салфетките, пред некое време беа 55, сега се 85 денари....? Не е мала разликата, а јас сум редовен потрошувач и колекционер на салфети.
Да знам дека во Космо се 199 ден. ама космо има само Ск, повеќе ми одговара во дм да ги земам во Велес
Леле кај да го најдам тој шампонот за суво миење? Бев неколку пати до Капитол на проаѓање онака бев и ми викаат Нема. Одам у веро џамбо у тоа Дм ми викаат нема,идам у сити мол ми викаат нема. Не знам кај да одам веќе
И јас подолго време го барам. Вчера видов во ГТЦ, а пред една недела во Сити мол и кај Веро Тафталиџе. Уште кај Беко и на Бит Пазар да проверам. Ако има ќе ти пишам.
Веројатно си прочитала за путерот за коса на Алверде. Убав производ е и цената му е околу 200 ден, мене и покрај редовното користење многу долго ми трае пакувањето
Ми се појави на фб сликава со текст MISS EUROPE COSMETICS❗ Конечно достапна и во Македонија квалитетна француска декоративна козметика и MISS EUROPE SPA линија за тело. Можете да ја најдете во парфимериите Schatze и во дрогериите на DM. По повод 8ми март, специјален празничен попуст. ПОВЕЛЕТЕ! Дали знаете која цена им се бронзерите и кармините?
Да тој е али никој не знаеше да ми каже у џентар. Кај го купи ти? Ми треба такво нешто али нз кај да најдам
Јас го купив пред неколку месеци во ДМ кај Беко. Мислам дека го има скоро во секој ДМ маркет, барај го кај шампоните на Алверде, веднаш до шампонот и регенераторот од истата линија стои. Цената беше 199 ден, ако добро се сеќавам
дечки ме интересира дали целата козметика на аура и макс фактор е на попуст или одредени производи? поточно ме интересира дали е на попуст ова и која му е цената?
Дали некој го има користно Coral зацврстувачот за нокти и како сте задоволни,дали помага? Благодарам.
Јас имам два од Корал и еден розеникав и еден син. Со синиот не забележав разлика, а со розеникавиот да. Малку ми ги зацврсти, успеав малку од малку да ги пораснам, и кога го ставам доаѓа како безбоен лак да имаш ставено, дава сјај и убава текстура на ноктите. Јас не очекувам чуда да направат овие зацврстувачи бидејќи што се немам пробано до сега и резултатите се моментални, такви ми се ноктите и тоа е тоа. Види, пробај може кај тебе ќе има подобар ефект.