Ова ми е од Dm ама од германија добро нрма врска тоа иста е фирмата дали може да се прснам под пазувите да не ми направи некоја реакциа. Денес го добив ии многу е убаво ?
Епа искрено евелинот прави чуда!Јас ги имав можам да кажам најскапаните нокти што дури и кратки ми се кршеа и лупеа и ме болеа од што ми беа меки,а еве скоро две години имам долги и премногу цврсти нокти од евелинот,и тоа ептен цврсти.се друго сум пробала од витамини до зацврстувачи ништо не помага.
Овие работи ги купив од дм,лабелото е многу убаво,усните ми се многу меки уште при прво ставање,а млекото за тело е скоро исто како елдената од кам маркет да не речам идентично и по мирис и текстура,мрсничко,ама мене ми одговара.
@Biodevojka во недоумица сум дали да го земам део спрејов од алверде  ,али ме буни составот бидејќи содржи алкохол или сепак подобар состав има рол-онов од нане ?
Здраво драга, еве ме, значи ги имам пробано и двата, е сега според мене рол онот е понежен. Јас би ти препорачала да го земеш не овој што го покажа на слика туку оној проѕирниот со морски алги бамбус. Јас моментално го користам и фантастичен е. Мириса навистина многу свежо. Што се однесува до спрејот, вистина е дека има алкохол и тоа на прва позиција, ама еве (јас го испробав и овој и уште еден спреј мислам од нане беше) кај мене не беше агресивен (можеби затоа што го користев наизменижно со рол онот.) Исто така можно е затоа што освен алкохолот во формулата има и триетил цитрат (имам прочитано дека сите производи на база на триетил цитрат бактериите кои лошо мирисаат под пазувите најнапред ја напаѓаат оваа состојка, меѓутоа треба уште малку истражување на нашравам зошто токму неа) а и други состојки како глицерин кој го ублажуваат. Како состав рол онот е супер. Поздрав.
Може да ми препорачате некој спреј за коса од ДМ? Имам силиконски капки, ама некогаш како да ми се заситува косата од нив и како да ја гушат. Сакам нешто полесно. Исто така дали сте пробале од маслата за тело од ДМ и да ми препорачате некое од нив? Значи барам производи само од нивните марки (не Глисс спрејови итн.)
Го има во рамстор и е многу исплатлив. Цената за 250мл е 120/130 денари, со што добиваш 60 поени на рамстор картичката.
Сте користеле производи од Miss Europe? Пишуваше дека ги донеле во ДМ и Шатци, па ме интересираше каков им е квалитетот и цените.