Многу сакам да цртам . Баш пред некој ден зборував со мајка ми да одам ликовно и од таму дизајнерско. Многу сакам да дизајнирам облеки . Сега сум седмо одделение но сепак сакам да размислам однапред , можеби мислењето во иднина ќе го променам .. Ако некој знае такво училиште и дали има во Скопје , девојки ви благодарам однапред ..
Да, се работи за Државно средно училиште за применета уметност Лазар Личеновски, најдобриот избор што сум го направила во животот. Меѓутоа внимавајте, доколку не знаете да цртате, односно немате талент немојте да се лажете дека ќе го пронајдете овде, пред се е талентот, осигурајте се дека го имате, отидете на приемен и решена работа. Да приемен, имаме и приемен испит, сеедно доколку немате талент нема да поминете на приемен така да за ваше добро е претходно добро да се подготвите пред да отидете на полагање, чисто колку да не се разочарате после тоа. Ви посакувам среќа на сите кои сакате да се запишете и ве уверувам дека ќе ги поминет најубавите 4 години во животот.
Повеќе ништо не е така, да јас учев во такво школо но пак ке кажам ги поминав најубавите години од животот, положбата е одлична, на 10 минути од град, имаш автобуси редовни до таму....не знам што е со положбата лошо тука. Сега има нови згради кои не се повеќе рушевини како што знаеа да кажат другите, а професорите и школото, го предизвикувам оној што може да каже дека не се најдобрите во земјава, ќе научиш покрај се и да имаш сосема поинакви погледи на животот, ќе бидеш многу позрела од сите твои врсници, за мене ова школо беше најголемото животно искуство, школо на животот....Им благодарам на сите од оние бараки во кои учев, тоа се најголемите луѓе кои во животот сум ги запознала.
Моментално сум 8мо одделение и размислував како понатаму( Помислив за средното уметничко училиште во смерот дизајн на текстил и облека,па сакам да ги прашам оние кои знаат-да ми дадат повеќе информации во смисла на колку поени се потребни,детали во врска со уписот,кои предмети се изучуваат,а може и ваши сопствени мислења и искуства во тоа училиште. P.S Ме интересира и нешто повеќе за тој приемен испит,тежок/лесен,што се бара итн..
Јас моментално сум 8мо,средно училиште сакам да одам во Лазар Личеноски ќе можете ли да ми кажете што смерови има?
Обликување на ентериер и мебел Обликување на текстил и облека Керамика Вајарство Сликарство и Графика Тоа се смеровите и можам да ти кажам дека е супер Јас имам завршено таму
Паа,искрено не сум јас по сликарство и графика,незнам нешто многу,но ајде ќе ти кажам нешто Сликарство учиш како да црташ правилно,постапката,форми,портрет..техники со бои Графика незнам како им се вика ништо ...само знам дека работат со туш цртежи,со игли (мислам-некои специјални),некои слични работи како стриповите... тоа е се што знам . Се надевам ти помогнав
Ти благодарам многу,навистина си многу добра...јас би одел сликарство...дали според тебе е добар избор?
Lazar Licenoski Zdravo, jas sum osmoodelenka, i sakam da se zapisam vo sredno umetnicko za dizajn na obleka. Ke moze li nekoj da mi kaze nesto poveke za toa uciliste.
Lazar Licenoski Уф кога ја видов темава помислив дека ќе треба да пишувам есеј за лазар личеноски За школово немам што да ти кажам,ама за насоката имам. Дизајн на облека-со ова многу си ја ограничуваш иднината девојче-немој оди нешто поопшто:гимназија,уметничко(нешто општо-незнам што насоки има)... Има време кога да се определуваш. Јас сакав да одам информатика но мама не ме пушти и се запишав гимназија-тогаш бев милион проценти сигурна дека тоа и ќе одам на факулте-но сега веќе не, еве наредната година треба да се запишам на фак. и тоа сигурно нема да биде информатика.Така и ти немој да се ограничуваш уште сега.
Курсеви не знам дали држат, ама имаш таков смер на ФОН и на УГД, конкретно на Техничко-технолошкиот факултет.