И на Технолошки при УКИМ има, ама гледам 15 години имаш и најверојатно се интересираш за некој курс а не за нешто попрофесионално и јас не сум слушнала ама ти предлагам да се распрашаш кај попознативе креатори што се може ќе ти помогнат нешто
zdravo.jas sum isto 8 oddeleni i jasakam da se zapisam vo lazar licenovski smer slikarstvo .dali nekoj znae koga se upisite za vo ova skolo zs mi rekoa deka bile porano.blagodaram
Не е приватно. Кратенката 'ДСУ' значи Државно средно училиште. Овде на сајтов имаш информации околу уписите и приемниот испит. http://lazarlicenoski.mk/
Па вака потребни ти се 45 поени меѓутоа за да те примат треба пред цела комисија да нацрташ портрет и мртва природа и доколку нацрташ добро ќе те примат. Но јас би ти препорачала само ако навистина имаш потенцијал и убаво црташ да се запишеш таму, инаку 4 години ќе бидеш главна тема на потсмев..
Си биле две деца, едниот бил наркоман а другиот исто така бил запишан во средно уметничко. (велат дека повеќето деца од средно уметничко биле наркомани) Што мислите вие за ова?
Стереотипи. Како и во секое школо, да има. Ама не е цело школо,него се 2-3јца. А "повеќето" како што кажа ти е широк поим. Немој да ме сфатиш погрешно, ама преку глава ми е од вакви објаснувања, на личности што не прават разлика помеѓу уметник и наркоман. Јас едноставно неможам да разберам како некој може да проценува и да маркира некого како наркоман,ако тој е поразличен од него, ако се облекува во стилот рок-метал и ако гледа од различна перспектива на животот. Слободно од септември дојдете ни на гости,посетете не,чисто онака,да ја почуствувате енергијата која владее во училиштето, можеби и ке видите што се обидувам да кажам цело време. Примаме ние гости. Не јадеме,мислам, сеуште не сме почнале.
Средно уметничко наркомани а? Хм, да видиме, завршив средно уметничко, потоа завршив и Архитектонски факултет, притоа без ниеден ден наркоманска кариера. Абе дај не се глупирајте, во Јосип Броз има поише наркомани од во уметничко. Една паралела, во средно бевме на екскурзија во Грција, пред нас беа и Борис, фала богу кај нас никој не вратија и никој не направи проблем, додека од Борис ги фатија со трева и ги испраќаа со полициска придружба, епа видете сеа. Нема врска луѓе, нека не ве лажат, ако имате талент, под услов само да имате талент а не да си мислите дека имате талент, слободно идете си на приемен, никој на сила не може да ве напраи наркоман ако нејќете
А ги има ли на интернет учебниците за уметност за сите четири години? Јас сум запишана средно медицинско ама многу ме интересира да научам да цртам паа се надевам учебнициве ке ми помогнат ако успеам да ги најдам...Знае некој?
За во средно уметничко нема класични учебници, во книжарите има едни книги од типот Како да нацрташ портрет, Како да нацрташ фигура и некои слични, побарај ги, само си коштаат многу
Ќе може да ми ги кажете разликите во смер Графика и смер Сликарство? Татко ми завршил во ова средно, но ентериер смер и не знае како е за Граика и Сликарство. Само ми кажа дека поголема шанса за успешна кариера би имала ако сум на Графика.
Следната година планирам тука да се запишам за смер сликарство, па може ли да ми каже некој што учи веќе овде колку предмети, колку паралелки има од еден смер, дали одите во две смени, какви се децата... @Papillon.Papi ти дали се запиша овде?
Јaс нa мултимедијa се зaпишaв и не зaжaлив. Oд сликaрствo супер децa имa, рoк, метaл, трaнс/трaп, рaп и кпoп слушaaт нaјмнoгу. Инaче целoтo шкoлo е oпуштенo, сите се чил луѓе... Прoфесoрите истo тaкa, знaaт дa се пoшaлaт сo учениците и дa се нaсмееме сите, не не гледaaт кaкo мaшини кoи требa дa учaт, учaт и учaт. Истo тaкa мoжеш дa бидеш oблеченa кaкo ти душa сaкa-уметнoст е. Јaс aкo ти препoрaчувaм смер-дефинитивнo мултимедијa. Не ти дaвaaт дoмaшни мнoгу, a aкo дaдaт се релaксирaчки. Имa дигитaлнa уметнoст и видеo и звук. Oд oвa пoле буквaлнo кaде сaкaш мoжеш дa oдиш. Oд грaфички дизaјн, фoтoмoнтaжa, дo кинемaтoгрaфијa и aнимaцијa.
9 sum planiram sredno tamu smer dizajn na obleka sakam da ve prasham ako mozhe nekoj da raskazhe malku I da mi kazhete dali ima internat
Ти благодарам. А, дали ќе можеш да ми кажеш дали е големо школо, во смисол да има многу деца како во гимназиите? И, дали одите во две смени или само наутро? Ти благодарам однапред и извини што замарам, ама сакам уште од сега да почнам да размислувам за каде во средно па си собирам информации.
Не е, вo секoј смер примaaт мaксимум 12 децa. Вo керaмикa и вaјaрствo примaaт пo 6. Пoрaнo имaше стaр и нoв дел, гoдинaвa стaриoт ќе гo рушaт и сите сме нaбутaни вo нoвиoт. Oд сaбaјле сме сaмo.