ДУПЕР е скопски бенд кој со себе носи нова енергија и свежина на музичката сцена. Во составот влегуваат тројца млади музичари, Борис Какуринов на гитара и клавијатурa, Илчо Нечовски – вокал и бас гитара и Мартина Баракоска на тапани. Во последно време нивните песни станаа доста актуелни, па ми делува дека имаат светла иднина на македонската музичка сцена. Според мене песниве не се лоши, добро освежување за нашата музичка сцена Ваше мислење? Ги слушате ли? Мислите дека треба повеќе вакви бендови во Македонија?
Секоја пофалба за дечкиве, ни требаше вакво нешто на естрадата. Двете песни им ги обожавам, ептен се со свеж и кул звук, а и спотовите се многу естетски - ретро, минималистички а интересни. Се надевам наскоро ќе имаат уште нови песни за слушање и споделување тука.
И онака беа ужасни... Една песна со глуп текст, ама певлива, стана хит. Другите копија на првата... Кратка хорор приказна. Своите гласовни способности си ги покажаа и докажаа на Бубамара. Тоа е... Не се дечките криви, криви се Аволон. Што допуштија аматери да добијат договор, а други млади надежни таленти да останат „заборавени“. Немам ништо против Дупер, али има даааааааааааааалеку поодбри и подобри од нив.
Прв пат слушам дека постоела таква група , а и името ДУПЕР кај го нашле можеби се ок ама времето ќе покаже
Професионално самоубиство си направија дечките. И да се убијам од пеење за мене и за многу други се мртви.
Шубо име си ставиле "ДУПЕР" И озбилна е новинаркава со констатацијава за ова "Дупер бендот,еден од најперспективните во Македонија!? Со една песна најперспективен,маа даај бе мрш таму...
Сум пишала дека ќе имаат светла иднина. Во ред, ќе прекинам да предвидувам веќе, очигледно не ме бива. И онака мислењето го сменив откако вокалните способности си ги покажаа на Бубамара. После ова па дно дна понашање, не верувам дека уопште и би пуштила некоја песна.
Потполно се согласувам. Шо видовте бе друштво во "Дупер"? Две песни им имам чуено на блиц, и тапа беа дечките. Полош бенд нема(ше).
Виде сабајле интервјуто? Мартина ја отпуштиле зошто им побарала учество на концерт. Или лаже, или оние двајца не се нормални..
До пред некој ден ја имав слушнато само таа „Не сум твој тип“, а пред некој ден ја слушнав и „Ние сме 2“. Не им се (беа) лоши песниве ама и ништо спектакуларно. Ја прочитав изјавата на Бобан од Авалон и за тоа само можам да кажам дека ми наликува на изјава од разочаран тинејџер. Тотално непрофесионално. Инаку мило ми е што девојчево излезе пред камера, чисто за да се види кој е доволно зрел за да стои позади своите постапки односно да ги почитува туѓите во случајов. А за овие двајца доволно кажува тоа што изјавата им е на социјални мрежи и бираат да не излезат пред камера. Се' на се' има луѓе кои се подготвени да се носат со себе и има такви кои после секоја донесена одлука се кријат во глувчешки дупки. И то
По очите се гледа дали некој лаже или не. Го изгледав интервјуто и по разговорот и искреноста на Мартина, сигурен сум дека не лаже. А скоро и сигурен сум дека ја сакале, а и љубомореле. Ако не двајцата, барем едниот сигурно. Тој што ја избркал.