Па одма сите тоа го збореа. Го видов. Тоа што не се ни бранат доволно кажува, нели? Верувам дека не излажале. Интересен ми е моментот што фатија сите Бобан да го критикуваат, а не големите мажи што си дале за право да се обидуваат да раководат со НЕЧИЈ ЖИВОТ, побогу. Се согласувам со тебе дека песните им беа тотално без везе, ама тоа е најмалку битно. Оној другиот момент... Аууу, човече... Девојката ќе развие кариера. Има некој проект со МКЦ, таа е и единствена способна во бендот. Сум ја слушала во филхармонија на настани, ако не се лажам. Од овие двајца ништо нема да биде.
Полоша причина за распад на бенд не сум сретнала. Имале проблем со нејзиното одење на концерт. Што им е гајле нив таа приватно каде оди и што прави. Не научиле дека не се меша личен со професионален живот. Не се прават сериозни работи (во случајов градење музичка кариера) со недоволно созреани луѓе.