Ми препишаа утрогестан од 200, навечер вагинално, сабајле да пијам. Ама сабајле кога ќе го земам после пола саат имам страшни вртоглавици како пијана сум, дали е нормално тоа, му се случува ли и на некој друг истото
Јас прво ги ставав вагинално па ај да сум пиела и јас баш ден пред скриниг пиев и ко пијана не гледав кај одам..мм вели абе оди не се буткај му велам абр негледам ми се врти и баш ја прашав докторката на скринингот и ми кажа чим ти е така не се мачи секако си дома ставај ги ама гледај да лежеш мирно 1 саат.. така и правам сеа малце исцедокот е досаден ама барем немам нус појави..
Претпоставив дека е од него, морам да ги пијам одам на работа сабајле рано рано,ќе им се клацкам малку ама ќе се издржи хаххаа Ви благодрам на поддршката и од срце посакувам сите што поскоро да се израдувате на две цртки и бременост лесна како песна.
Здраво на сите, ме интересира дали некоја од вас го има употребувано лекот Дабростон по препорака на гинеколог. Сабајле ми се појави мала сокрвица и некои други кремасти течности и малку испаничив ама веднаш отидов на гинеколог, значи нема ништо страшно се е во ред, рана бременост ми е, 5-та недела (втора бременост) и покрај сите витамини и утрогрстанот ми го препорача и Дабростон 2пати на ден, тоа ќе помогнело во нмалувањето на сокрвицата. Сигурно има искуство и знаење докторката, ме следеше и со првата бременост, само мене ме плаши упатството на таблетите, дека не го пишува тоа за што е наменето во мојот случај, затоа ме интересираше дали има некоја со исто искуство. Приметувам дека многу повеќе паничам сега кога сум по втор пат бременеа, не бев толку паничарка во правата бременост.
Jas prvin stavav ultrogestan 200mg nasabajle i navecer a koga prokrvarev mi gi dadoa dobrestonot..seuste gi pijam. Cim ti gi dala taka trebalo ne se sekiraj.
Ја ги пиев до 12та недела,почнав со 2 дневно,па поради сукрвица ми ја зголемија дозата на 3 дневно во комбинација со прог.депо на 7 дена.
Јас ги пиев до 9 недела ради една точка крв и розево на бришење после тоа ме ставија на утрогестан вагинално сабајле и вечер и ете фала Богу тераме 19+ така да не се плаши и слушај доктор и мирувај се ќе биде во ред
Женички вие што користете утрогестан вагинално дали сте осетиле освен досадниот исцедок да има мирис ко кисело млеко ама баш исти.. (се извинувам за изразот)..одкако ќе се измијам нема :-/
Кај мене трет пат до сега е така само што третиов пат немам чешање и печење како реакција од утрогестанот , а предходните два пати имав таков мирис со плус чешање и печење , а брисевите чисти си беа дека не се работеше за инфекција или бактерија.
Мирис, чешање и све по список од Утрогестан 200, миење нон стоп и џабе. И морам до крај да ги ставам, тоа е.. само со лесно да биде
Исто и јас, се е чисто и брисеви и се, но нус појавите се тие. Иначе дури и со миење некогаш ми е џабе, мрсен е многу. Ми се смачи да го ставам секоја вечер но морам до крај на бременост. Се за маливе во мешињата.
Дали сум јас единствена што немам од фамозниот исцедок толку многу? 5та недела и 6 дена сум, докторката ми предложи да ставам 1х1 (од 200 мг, навечер) превентивно за поддршка (досега сум немала крварење). Вчера вечер го ставив првото апче, вагинално. И сабајлево кога станав имав на тоалетната хартија како за време на плодни денови исцедок. Јас очекував партали, како што некои претходно имаа пишано. Единствено забелжав како масен дел (така ми изгледаше), врз урината во тоалетната школка. Би ги опишала како ситни ресички, точки. Тоа е тоа? Дали дека лежев цела нок, па се апсорбирало цело апче? Или да не сум го ставила предлабоко?
Неможеш да го ставиш предлабоко Тоа е тоа, во некои денови подобро ќе се ресорбира, во други денови повеќе ќе излезе на гаќите.
Дали оваа терапија се препишува само кога постои проблем во бременоста и во главно на повеќето трудници им се препишува заради превенција и подршка. Немам никакви секрети во боја, ниту цисти меѓутоа плодот наместо да 7 недела во развојот е 5 недела а можна причина ми наведија доцна овулација или проблеми со плодот а никаква терапија не ми препишаа. Дали да барам второ мислење или оваа терапија се препишува за ризични бремености само. Ве молам за одговор оти мн сум збунета, ми посочија проблем а не ми дадоа терапија никаква освен фолна и магнезиум.
Само ако има потреба, за поддршка е, мене првата бременост ми даде Утрогестан имав мал хематом до бебето и заради тоа беше, но заврши во 9 недела до миссед абортус не прокрварив ич туку престанало да чука срцето, сега за вторава бременост не ми даде Утрогестан само аспирин и витамини. А скоро сите што имале абортус гледам за втора бременост му даваат Утрогестан ама јас решив да му верувам на матичниот овај пат. Минатиот пат сменив 3 доктори несакам пак иста грешка да правам. Но како ќеси одлучиш ти, ако ти е толку во мисла оди на второ мислење. Со среќа.
Пак јас во темава, бев на преглед 7+5 бев и се беше во ред и јас му побарав сама на докторот да ми даде Утрогестан, бидејќи претходно имав абортус, ми рече немора ама ако сакаш земи и ми даде рецепта. Е сега ги зедов јас и ставив завчера, сношти не ставив бидејќи вчера мн ми беше лошо имав вртоглавица, ми се лошеше, глава ме болеше и лежев цело време си мислам дека од Утрогестанот ми беше. Што мислите вие сте имале некоја вакви симптоми? И сега си велам да го ставам 1 апче на 2 вечери.
Јас такви симптоми имав од утрогестанот ама кога го пиев а вака вагинално немам гајле освен осцедокот досаден јас го користам пд 9 недела и уште го користам..ама сум слушала дека и од ставање вагинално имаат потешкотии..
Е па и мене тоа ме чуди, и јас кога го пиев минатата бременост истото ми беше, ама сега вагинално не би требало вака. Сношти не ставив па вечер ќе ставам пак и ќе видам утре како ќе ми биди.
Мила и првата бременост и сега од почеток до крај ги ставам и не сум имала симптоми ко твоите освен кога го пиев дури крварев. Ако може нека ти ги замени со Дабростон зашто имам пријателки кај кои Утрогестанот немал убаво дејство, а со Дабростон си било се во ред. Со лесно.