@Minnie-e сега ќе бидам може малце груба во описот, но по должина на цел среден прст се аплицира. Јас претходно само на влез сум ставала, ништо не сум направила, повеќе од пола капсула излегувало. Прашав за апликатор во аптека, бидејќи се како капсули не препорачуваат.
Поправаат ли утрогестанот? Јас ги примав по два пати на ден од 200мг па сега ми ги намали само еднаш на ден т.е само навечер.
Утрогестан може да влијае само орално ако го внесуваш. Поспаност, замор, главоболка и некои такви симптоми. На апетит и килажа не влијаат.
Феминки ставам утрогестан вагинално по еднаш навечер и насабајле. Утре сабајле сум на контрола кај гинекологот па дали да ставам утрото? Ептен сум на почеток на бременоста.
Ајде сега едно глупаво прашање од моја страна, бидејќи ставам вагиналети Утрогестан, немаме односи со маж ми, не го ни прашав др дали може, си тргнав од логиката штом ставам вагиналети не треба да имам односи. Ама веќе сум при крај на 12 недела, и сушниов период многу тешко ми паѓа. Многу сум нервозна и попалена, секогаш кога ќе го видам сопругот легнат на спална ми доаѓа да му скокнам Прашањето ми е, секако ќе го прашам и др наредна контрола, дали вие што ставате утрогестан имате односи?
Пред да ја ставиш вагиналетата задоволи се слободно. Потоа аплицирај ја. Од утринската веќе нема ни траг внатре. Доколку немаш ризична бременост и забрана од лекар слободно скакај
Дали се штетни повеќе недели да се користат два пати дневно ? Дали од утрогестанот може да се добие печење ? Мислам дека ми е од нив а денес многу ме пече...
Мислам дека нема никаква штета од нив. И ја ги примам од 5та недела а сега сум 12 и ќе ги примам до 9ти месец.само што сеа ми ги намали од две на едно но за понатаму рече ќе видиме може ќе ја зголемиме дозата. Така да мислам нема никаква штета од нив. Скоро секоја втора бремена жена ги прима во денешно време
Колку време лежите од кога ќе го ставите утрогестанот вагинално? Јас го примав по еднаш само навечер пред спиење ама сега веќе по два пати го примам и преку ден па колку време му е потребно да се стопи ?
јас заради што користев др вагиналети ги прекинав една недела дали е штетно ако се почне пак ?докторот ми рече да ги примам навечер ама од др вагиналети денски ама уште се прочистуваше и не сакав да стаавам и такви затоа што ќе се запираше ..
Зависи како ке ти каже докторот. Јас дека со инвитро ги ставав од почеток до крај на трети месец некаде, прво три пати па два пати на ден, па докторот ми ги прекина, па сега превентивно пак ми ги даде од 26 недела и не знам до кога ке треба да ги ставам, пошто и мене еден период ми се врати силата и бев премногу активна, бидејки немав никакви проблеми, ама докторот рече да намалам активностите и превентивно што може повеке да одмарам.
Мешиња примам утрогестан по два пати на ден и обично гледам на 12 саата да го ставам вагинално но денеска закаснив со ставањето ставив 2 саата покасно бидејќи не бев дома и сеа за вечер да не чекам до 2 нокеска може да ставам порано кај 12 негде? Ќе смета ли нешто?