Дабростон во комбинација со Еутирокс? Има некоја да користела да ми каже дали има некој проблем кога се пијат заедно? Фала.
Никаков проблем нема, слободно пиј си. Само јас не ги пиев заедно. Прво еутирокс насабајле, па покасно дабростон
Девојки, едно прашање... вие што ставате утрогестан..јас до пред некој ден бев на кринон гел е сега 2,3 дена сум на утрогестанов и приметувам наредниот ден на туширање нели логично испаѓа малку тоа одвратната урда ама за разлика од кринонот , овде бојава ми е чудна, како бело со темно кафено црно, сеа малце ми е страв, крв ли може да биде тоа Кај вас каква е ситуацијава? дури мислев на кринон пак да се вратам ама пустото изнакупив утрогестан ко за војна
Мене не ми е десено друга боја да приметам од утрогестанот а и само бел веш користам. Имам прочитано и други прашуваат за такво обоено. Болки немаш така?
Јас ги пиев пред 2 год. поради водена циста. Кога прв пат ја виде гиникологот на ехо, беше 2мм и ми рече дека е мала и дека не ги третираат ако се помали од 5мм, бидејќи на сите им се правеле и сами пукале. По три месеци бев повтпрно на гиниколог и не беше пукната туку беше порастена (5мм) и тогаш ми ги препиша Добтостон. Почнав да ги пијам на средина од циллусот и гиникогогот ми рече да испијам полпвина доза и дека откако ќе ги допијам наредниот ден треба да добијам. Така и се случи. Откако ми заврше менструцацијата повтпрно бев на преглед и цистата беше пукната. Го читав упатството. Пишуваше дека ја подобрува плодноста и најчесто им се препишува на оние кои се обидуваат да останат трудни.
Не, не немам болки, сосем нормално се осеќам. Е и јас користам бел долен веш. Ај ќе прочачкам низ темава што пишале другиве, незнам дали е од нанесувањето така, дека се трудам баш подлабоко да брцнам па да не праам беља Фала ти
@Emma2 да, знае да даде друга боја, темно кафеава не, но темно крем да... Секогаш различно излегува вишокот. Мене во 20та недела од прилика ми се слеа како бел воденикав слуз, па така убаво истрипав дека е плодова... Некогаш и цела паѓа растопена.
@Emma2 да не се мислиш штом брисеви скоро ти земале од тоа ти е останато стара крв. Јас го бидов стапчето во 12 нед кога ми земаа брисеви со крв и ми рече дека ако видам крв да не паничам. Утрогестанот само ја има исфрлено старата крв
Мене ми даде утрогестан да користам уште пред трансфер и тос 3x200, и до сега вишокот што сум го исфрлала бил бел. А за аплицирањето ако го ставаш со средниот прст до крај длабоко немаш гајле. А ја со кринонот првиот пат кога ми го даде,пошо се запекува, кога ми испаѓаше,ми мењаваше боја накај кафеаво. Може ти е драга некоја останата засиерана крв,па си се чисти сега со утрогестанот. Поздрав
Фала срце, ама сепак ќе го заменам во аптеката за Кринон. Ми дозволија.Иначе, кога прашав што може да биде, ми рекоа дека може нешто и механички да е..како и да е... на Кринон се враќам.. до 24недела..
Ми ги репиша докторката и мене овие утрогестан чисто превентивно. Ги пијам , ама ме куткаат мн на спиење. и ми рече ставај ги вагинално, како е поефективно? треба пола саат да станувам порано заради нив само пред работа за да ги ставам вагинално. што мислите вие? како ги користитите вие?
Прашај дали смееш дабостон да пиеш додека си во рана бременост,многу послесно се поднесуваат до 12 недела ги пиев тие,а од 12та утрогестан вагинално ставам 1 навечер. Поефикасни се вагинално