и јас ја земам оваа терапија, дабросто и утрогестан, имав кафеав исцедок кој прекина неколку денови и еве денес повторно се појави дали има место за паника, дали да се обратам на доктор
Секогаш во летен период циклусот малце ми се поместува,ми доаѓа на 34,36дена...требаше да добијам на 23ти/24ти но еве уште нема :/ нареден месец за на одмор си истемпирав кога ке ми помине да одам, но ако сега ми касни исто ке биде и нареден месец дали некој ги користел утрогестан од 15ти ден на циклус и од кога ги престанал добил,читам дека на многу им ги препишале за таа намена? Имам дома цело пакетче,или може бетер да ја пореметам менст?
Мои колешки до примолут нор го одложуваа менструалниот циклус. Но најубаво да се консултираш со гинеколог, бидејки се хормони.
Ама јас несакам да го одложам туку да ми дојде на време или ден два порано, да не знаете некој природни начини за убрзавање
Здраво.Јас немам земано до сега оваа терапија.Докторот ми преписа прв пат бидејки утре одам на пат и ми рече да пијам денес утре и задитре по едно и иста постапка кога ке се враќам за назад..Бремена сум 10 недели
Пиев вит ц, чај од магдонос и ставав шишиња со топла вода на стомак и ми дојде на 34дена, и сега нареден месец сакам да ми дојде на 30 максимум, зошто ако ми дојде на 34,35готова сум, ке имам од прв ден на одмор шо да правам да одам ли со време на гинеколог за апчиња,да пијам да го убрзам или да го одложам поим немам, секое лето вака ми забегуе менст не ми се ризикува да се надевам дека ке дојде точно
Еутирокс, аспирин, дабростон и фемибион 1 како ги пиете? Додуше еутирокс секако прв насабајле. Имаат ли некај поврзаност другиве, се пијат заедно не се пијат на колку размак? Фала
Еутирокс прво сабајле,после 2,3 саати дабростонот.Јас со ручек пијам фемибион. А за аспирин некоја друга членка ќе ти каже зошто не пијам јас.
Со првата бременост не пиев ништо, освен фемибион од 2 тромесечие натаму, и супер си поминав, се најприродно и како што треба...Сега сменив матичен и на прв преглед ( 6 + 1) ми рече дека сум имала крв како хематомчиња мали, ама нипто не било страшно сосема нормално и ми даде да пијам утрогестан, по едно 200мг навечер, со објаснување случајно да не прокрвариш. малку сум скептик кога станува збор за лекови, особено хормонски, па сакав да ве прашам некоја слично искуство да не имала? инаку сум 29 години и ова ми е втора бременост.
Прво честитки за бременоста, со лесно да си ја износиш до крај. Од Утрогестан нема штета, само бенефит. Чувар на бременоста е. Не се секирај. Се најдобро!
Ве молам мала консултација, 8 недела сум, матичната ми препиша утрогестан од 200 навечер, ми рече како сакаш, може вагиналети може да пиеш. Јас ги пијам навечер пред спиење ама нареден ден имам лошење и повраќам секој втор ден, нз дали е од тоа. Дали има лошење о од вагиналетите, се мислам да почнам да користам..или исто е
Можно е да е од утрогестанот,тешки се за желудникот иако јас немав таков проблем ги пиев со месеци, пробај да ги користиш вагинално штом имаш мака орално.