Извини, те разбрав дека сега си имала спонтан па уште земаш. Утрогестанот најдобро е вагинално да ги ставаш заради локалното дејство ако немаш никакво крварење , но ако ти прават проблем консултирај се да земеш дабростон. За хормонско испитување, никој од докторите изглеа нема навика да упатува. Даваат за превенција под изговор дека нема штета од тие терапии, само корист. Испитај си на приватно прогестерон.
Јас од сам почеток земам сабајле и вечер утрогестан од 200, еве 29 недела сум. Спасот е да го пиеш на средина на оброк, немој на слабо јадена или гладна. Јас секое утро гледам да имам обилен доручек и навечер ако не повеќе со кришка со путер/зденка. Инаку на почетокот исто како тебе ке го испијам и одма ме тера на повраќање (фала и на блиска особа што ме подучи да ги земам вака) , пробај се надевам ке ти олесни. И уште една појава од нив е што те тераат на спиење, јас сум кома пола саат после апчето
Примам утрогестан 200 навечер и пак има отпад од него сабајлето. Знам дека по 8 саати лежење е макс апсорбирано ама ова белово што искача многу ме нервира. Кај сите ли е вака? Предходно и кринон ставав исто беше топки искачаа на 4-5 дена. Затоа ги мразам вагиналниве медикаменти. Башка сеа и шубе на депилација да одиш хаос упм
Така е, да, ако ти е кажано вагинално да ги ставаш тогаш така е најдобро. Речиси цела бременост ја истерав со Утрогестан (+ неколку недели Прогестерон).
Девојки од вчера почнав со Утрогестан 2x1 од 200мг, вагинално. Нормално ли е да имам како некое чувство на пецкање од нив? Да оставиме на страна тоа што има остатоци бели, на нерви ми оди тоа.
Види ставај неколку дена ако профолжи консултација до гинеколог може ќе ти каже да ги пиеш знае да направи иритација кај некои што се по осетливи
Фала ти, ќе видам како ќе биде. Не сум ни сигурна дали морам да ги ставам. Имав само еднаш пребледо кафеаво и ептен малку количински. Мислам дека докторот повеќе ми ги даде за сам да се заштити ако недај Боже дојде до нешто, па да рече јас те покрив со терапија. Не знам што да кажам...
Секако нема штета од нив само ако продолжи кафеното и ако има повеќе вагинално ќе немаат ефект во тој случај подобро да ги пиеш али секако пак ќе кажам консултација со доктор најубаво
Се нема повторено од Саботата вечерта, се надевам дека така и ќе остане. Сепак ќе се консултирам и со друг доктор.
Здраво девојки, дали некоја од вас има пиено дабростон поради контракција(т.е мало вдлабнување во матката) ми го препиша матичниот за да се опуштеле мускулите и да се врати формата на матката. Знам за други работи го даваат малку не зачуди инаку сум 15 недела.
Јас така на почетокот имав еднаш кафеав исцедок малку и тоа беше баш во деновите кога би ми била редовна менструација, докторката овде ништо не ми даде.
Докторката ми даде дабростон како поддршка за бременост. Се утепав од јадење. Подуена сум и здебелена. Денес сум 3 дена пред регуларниот циклус. Тука прочитав дека ќе ми се одложи циклусот со нив.. она што ме буни е дека од 5ти ден на овулација до сега јајниците не преќинаа да реагираат, како грчеви и мн мала болка.. претпоставувам дека тоа е само последица на прогестеронот??? Денес се тестирав тотално негативен е тестот па се разочарав..би требало да сум 11 ден по овулација, до сега ќе покажеше позитивен.. има ли шанси овие симотоми да се врзани со хормонот што го пијам?
Докторката ти даде добростон а сеуште не си бремена така? Немаш потреба да пиеш додека не забремениш, од првиот ден на позитивен тест е доволно на време за да ги почнеш. Јас пијам утрогестан и сум подуена, прогестеронот многу подува, не си здебелена, тоа што имаш грчеви можеби значи дека ке добиеш чим имаш уште три дена до добивање; а и зголемен апетит. А и за тестот за бременост мислам не покажува 11 дена после овулација, туку 14, а најдобро и да ти доцни ден два, зошто оплодена јајце клетка 'патува' после денот на овулацијата, и од кога ке се вгнезди почнува да се лачи beta hcg. Мислам да си го повториш за едно 4 дена. Имам пиено утрогестан и за да добијам требаше 10 дена да пијам, и после прекин да добијам за два три дена, ама јас на петтиот ден од пиењето добив. Така да од 2 причини можеш да имаш грчеви. Или се имплатира бебе или ке добиеш. Ти посакувам да е првото
Ти благодарам многу на одговорот.. грчевите почнаа прерано, околу 5ти ден од овулацијата.. затоа бев збунета.. останува на трпението значи сеуште има некоја шанса..