Мене ми ги даде затоа што имав еден поголем фолекул од 3цм, не прснат од минатиот циклус, е сега за да била сигурна докторкава дека ќе прсни со нареден циклус ми ги даде Дабростон. Затоа реков да не не смеам да имам односи дури не прсни фоликулот. Дали ќе се случи нешто ако останам бремена?
Здраво, ве молам за совет дали некој бил со ситуација како мојата.. имав вонматерична во август, примав 3 дози метатраксат. Крварев скоро 2 месеци. После тоа менструацијата ми беше многу кратка и оскудна. Во октомври примив 2 доза вакцина за ковид. Па имав циста и пиев дабростон. Добив нормално и цистата пукна. Во ноември добив нормално, правев ХСГ и од тогаш немам циклус… 2 пати бев на лекар, бременост не е. Има еден фоликул кој стои така 1 месец, ендометриум тенок. Ми рекоа да пијам дабростон 5 дена по 2… Би ми било од помош било каков совет! Благодарам
Здраво на сите. Бременоста ми ја следат двајца доктори, матичен и приватен кој ќе ме пораѓа. Матичната ми дава добростон и другата не. Нормална бременост, 13 недела. До сега немам примано. Што мислите, дали ќе има штета да ги пијам иако реално немам тегоби.
Реално ако немаш потреба, јас не би пиела. Мене ми ги препиша кога имав кафеав исцедок и мислам дека сега за недела дена ќе ми ги прекине. А има и матични кои со првиот преглед во бременост го препишуваат за подршка.
Здраво , правев инсеминација на 31.01 и ми препишаа дабростон 15 дена х 2 , требаше да добијам на 11ти , а никогаш не ми касни , направив тест истиот ден ама негативен беше.Чуствувам болки како да ќе добијам во секое време а нема ништо. Дали може од дабростонот да не добивам и незнам дали да ги прекинам или да ги пијам уште 2 дена и да направам тест на 15ти ?
Пиев дабростон за да ми дојде. Веќе 4 дена ми е прекинат а менструација ни на повидок.. Шо е проблемот
Да не се правиме доктори, ама јас лично не би пиела и не знам зошто некои доктори даваат добростон без реална потреба демек превентивно (знам и случаеви без индикации примаа клексани онака превентивно а д димерите во граници на нормала за трудница) Бидејќи двајца доктори ти ја следат бременоста очекувај и во иднина да добиеш поделени мислења така да одбери си еден доктор на кој ќе му веруваш до крај. Со лесно
Јас бременоста ја водев кај доктор кој е против било што што е вишок. Превентивно не. Ако треба нешто за железо ке кажам треба, ако треба аспирин ке кажам и истото важи за се, така ми велеше. Ако имаш уредна бременост без крварења абортуси спонтани или било што ризично, кое објаснување ти дава за добростон?
Нема да коментирам дали да пиеш или не, не сум стручна. Но имам приметено дека ги даваат како бонбони и кај треба и кај не треба. Зошто два доктори ти ја водат бременоста, прашај го другиот за мислење.
Здраво, дали знаете дали може да се проверат хормони на 3 ден од циклус, кога се пие дабростон? Фала ви
Ви се има ли случено од утрогестан вагиналета да се повредите при апликација, па да се избришете свежа крв?
Zdravo na site, dali nekoja znae kade moze da nabavam Lanzetto sprej ? Go barav vo aptekata vo sistina ama go nemaat vo momentov na zalha.
Дали Утрогестан е штетен да се става вагинално во 23 недела.Матичната ми кажа дека требало да го користам нонстоп но всушност незнам зошто.
Здраво Една консултација со тие што користите Дабростон. Дали додека се користи Дабростон може да се испитува Бета или да се прави тест за бременост? Дали би биле веродостојни резултатите?