Јас сум 22+6 и уште ставам. Првично во Систина на 17та недела ми кажаа дека нема потреба повеќе (ставав 2 навечер, 1 наутро). Потоа ги прекинав 1 недела, но матичната ми препорача дека нема штета од нив и да си ставам по 2 навечер (може и со паузи, но секако и до 9ти месец ги ставале). Ист случај беше и другарка ми, ставаше до крај на бременост..
2 бремености зад мене (една неуспешна) и во двете имав крварење во 5-6 недела. Првата бременост само си се повлече за 1 ден (исцедок беше). Бременоста ја прекинав во 13 недела од други причини. Во втората бременост беше баш крварење и бев на терапија со дабростон до 16 недела. Немаше хематом ништо, од нигде никаде беше во 5 недела (уште не бев ни на прв преглед отидена) и во 11та ми се повтори како кафен исцедок. Дали ако останам трудна повторно ќе треба превентивно да ги пијам дабростон или утрогестан?
Многу веројатно дека ќе ти ги препорачаат. Јас лично не би ги земала додека не се потврди дека крварењето е заради ниско ниво на прогестерон.
Здраво девојки, Имам едно прашање во врска со дабрастонот а и малце пошироко. Ова ми е прва бременост, 6та недела ..пред 5 дена на бришење забележав кафени траги и повремен исцедок. Отидов на доктор и по ултразвук ми кажаа се е во ред, има срцева реакција но да зимам 4 дабрастони дневно. Во понеделникот бев на ехо ми рекоа е ок бременост, каде што треба и да продолжам дабрастон до 01.04 кога сум на ултразвук и подетален преглед. Иако ги пијам апчињата исцедок сеуште има и кога се движам повеќе е и малку пообилно на моменти (никогаш црвено, само како траги од талог кафе) Прашањето ми е дали има простор за паника дали има нешто што може да направам до 01.04 или останува да одмарам и чекам дали ќе биде се ок? Читав доста за тоа дали се чисти стара крв или пак се работи за најава на абортус и сум преплашена... дали дабрастонот може да има нус појави по развојот на плодот? Ви благодарам...
Јас примав дабростон, прогестерон депо (еднаш неделно) и вит.ц заклучно со прв скрининг, исто ради кафеав исцедок 5-6 недела. Мене исцедокот ми престана за 3-4 дена некаде и претежно лежев и одмарав нареден еден месец. После прв скрининг ми го исклучија прогестеронот и дабростон ми ги заменија со утрогестан се до втор скрининг, немав искрено потреба (крварење) но ги примав, а сега 23 недела освен витамините ништо друго.
Колку време? До кога? Јас сум полни 20 недели и сега ми ги дадоа, ама дабростонот ми ги даде матичната, а утрогестанот на ГАК. Ги прашав до кога ми рече докторката најверојатно до 26 недела, а матичнава ми вика немаш потреба од нив
неполни 2 недели почнав со добрастон,па ми дадоа и утрогестан заради крварење,плус и инекции примав но се беше џабе.од 6та до 7+5 бев со таа терапија.ти си во поодмината бременост