Ако може инфо до која недела ги користите утрогестан, јас сум 21 недела денес матичниот ми ги даде превентивно а немам потреба од нив, кога прашав до кога да ги користам рече до 26 недела, читав дека се користат заради некоја причина, се мислам дали да ги земам. Инаку користев на почеток до 13 недела дабростон заради хематом тогаш бев приватно на преглед и ми ги прекина др. специјалист дека е доста зашто примав и прогестерон депо, му кажав на матичниот рече ако превентивно ставај утрогестан.
И јас сум денес полни 21 недели. Минатата недела мене на ГАК ми ги дадоа утрагестонот заради грчеви што имав над папок и баш ги прашав до кога се примаат исто ми одговорија до 26 недела
Девојки има ли некоја мака од утрогестан ? Јас општо имам притисок 90со60 и многу ми го бута плус, ги пијам 2 пати дневно и наутро многу ми смета не можам да држам глава крената на работа. А треба да ги користам до прв скрининг сега сум 7+4. Помага ли ако ги ставам вагинално? Не можам да функционирам а не смеам кока кола да пијам ради висок шеќер...
Мене на клиника ми кажаа вагинално биле дури и поефективни. Е сега, така можеш навечер да ги ставаш, ама преку ден ќе мораш да ги пиеш
Вагинално и подобро се абсорбираат, ама како ќе ти каже доктор. Јас сум 16 недела и од почеток до сега ги ставам вагинално
Ти се спие од бременоста не од утрогестанот,и да не ги примаш исто ке биде,јас го преспав прво тромесечие,а и сега не сум поарна.Нормално е тоа
Знам дека се спие од бременоста но не е можно да само по 30мин откако ќе ги испијам апчињата да не можам да ги отворам очите и да ми е тешко да сврзам 2 зборови а по и пред тоа не ми е ништо. Којзнае фала во секој случај
Мами има ли некоја од вас проблем од дабростонот? Јас ги имам пиено и претходно ама не сум забележала некакви контрадикции, ама сега неможам до воздух да дојдам, повремено и тахикардии, деснава рака почна да ме боли, ми се грчи, ми трни....за депресија да не зборам. Вчера на доктор матичната онака лабаво епа ок де смени ги за утрагестон ако толку сакаш работава. Сега го отварам и го читам упатството на лекот мислам дека срцев удар ќе добиев. Се ова укажува на серизони проблеми кои можат да настанат, а не ми укажа на ништо. Нема веќе да ги пијам, ама мислам дека душа немам во мене додека не ми се исчисти телово од лекот. Некоја од цас искуство слично?
Од утрогестанот ти е така. Главата ти паѓа, не можеш да одиш од што ти се врти. Буквално од кревет неможев да станам кога ќе му почнеше дејството. Ако не крвариш ставај ги вагинално, сабајле ставај и подлежи околу 40-50 мин ,а навечер пред спиење.
Здраво, користам утрогестан вагинално, но во мокраќата како бели парченца мали има, дали има врска со утрогестанот?
Мене ми рекоа дека е подобро да ги пијам утрогестанот заради ризик од инфекции.Пијам сабајле и вечер.
Јас уште ставам 3×дневно, а сум 30+ се мислам уште другава недела вака па да намалам со 2× дневно. Се надевам нема некоја беља да направам
По препорака ги ставаш или? Мене ми ги прекинаа прошла недела 18 та сум Ме фати паника оти нема да ставам ама па чим докторот ми рече му верувам
Да, по препорака секако!! Мат. Гинеколог ми рече уште пред една недела намали ама јас некако ми беше страв.
Три кутии утрогестан веќе потрошив и пак ми ги продолжи докторката.. не е многу тоа, не е штетно за плодот?? Вагинално ги ставам инааку сум со близначиња а досега сум немала комликации крварења…23 недела сум сега