Јас сум полна 24 недела, немам ни јас крварење фала богу или нешто слично, ама ради грчеви што имав над папокот пред едно месец дена ми ги дадоа и мене. Се консултирав со докторка од ГАК ми рече до 32 недела да ги користам. И јас ги ставам вагинално и тоа само навечер
Јас до 20 недела користев кринон гел, после него уште 32+ пијам по два утрогестан сабајле и вечер, исто со близначиња, немам никаков проблем. Така да не се секирај нема штета од нив.
Мамички,земам утрогестан неколку денови , и заприметувам како печење при мокрење .. можно е од утрогестанот? Што да правам?
Здраво пријателки.. Во 7ма недела имав хематом (со крварење), па земав прог.депо половина ампула 3 дена и утрогестан орално. Потоа на брисеви имав уреаплазма, па земав сумамед и полугинакс. Минатата недела (15та недела) прокрварив ничим изазвано..и бев на преглед приватно, матичната беше на пат.. па ми дадоа прог.депо половина ампула еден ден и да продолжан со утрогестан. Вчера, конечно, се слушнав со матичната, ми кажа дека треба да земам и дабростон, а не ми кажа ништо за утрогестанот за прекинување.. Дали треба да ги земам паралелно и едни и други, мислење? Исто така, имам зголемен исцедок, течен и млечен, светложолт.. исцедокот ми е после крварењето. Ако има некоја искуство, ќе бидам благодарна Поздрав
Имам позитивен тест, 9 дена по овулација. Ради missed во декември треба да користам утрогестан. Вчера и денес се напив. Значи хорор кога ќе му почне дејството, не можам очиве да ги отворам и како пијана сум 3 саати, телово ми се откажува. Ќе морам вагинално да го ставам. Денес се напив накај 11-12ч. Е сега не знам дали да го ставам вечер или да почнам од утре вечер?
Немам крварење, ќе го ставам вагинално само не знам дали да почнам од вечер или од утре вечер ради тоа што денес се напив.
Дали утрогестанот може да се земе без рецепта? Прошлиот пат матичната ми пиша розова рецепта ама денес ќе го потрошам последното апче, дали ќе можам да си ги купам пошто нема кој да ми препише денес?
Јас без рецепта го земам утрогестанот. 430 ден е. Поефтин е со рецепта? И никогаш не ми побарале рецепта. 1 кутија ми трае 2 недели, треба секои 2 недели да му ја мислам за рецепта. Ама ако е поефтин богами ќе барам рецепт