И јас без рецепта го купувам,пијам по 2 па ми трае 1 недела,никаде не ми правеле проблем.Мислам дека не оди преку фонд на рецепт.
Јас пијам 1 насабајле 1 навечер.. Не паметам колку има во кутијата. Леле се мислев две недели ми трае
Здраво девојки. Имам малку крварење само на бришење на тоалетната. Бев на преглед вика се е во ред жив е плодот има срцева реакција, лежи одмарај се случува во рана бременост јас сум 6 + 4. Ми препишаа утрогестан 3 пати во денот орално, а ставав два пати вагинално. Магнезиум од 5оо мг и витамин ц од 1000. Во моментов сум во странство и матичната во мкд ми рече слушај го докторот. Многу ми е страв бидејќи имав еден спонтан. Дали има некои несакани дејства да се пие утрогестанот?
Кај некои го намалува притисокот, јас немав никакви несакани дејства. Наменет е или за орална или за вагинална употреба, при крварење орално се зема. Јас имав кандида па мораше орално на почеток од бременоста. Слушај ги докторите и одмарај.
Со розова рецепта оди, тоа значи дека е препорака од лекар, а не дека оди пррку фонд. Ми побараа вчера рецепта ама им покажав извештај од специјалист кај што пишува дека треба да го примам па ми го дадоа.
Навистина не знам. Во првата бременост ги пиев до 8ми месец. Секогаш сум ги купувала ко витамини да купувам, ни извештај ни ништо не барале. Во оваа бременост еве 5 месеци како ги пијам исто. Во која било аптека ги земам Јас реков можело со рецепта, да заштедевме некој денар
Баш ќе заштедиме тие на нас трудниците гледаат да заработат. Пренаталните витамини само почнуваат од 700 денари па нагоре
Здраво девојки, Да Ве прашам, дали со ракавици ставате Утрогестан вагинално? Јас божем за поголема хигиена со ракавици ставам, ама сега читам ракавиците не биле стерилни...
Мене ми рекоа да ги пијам ради ризик од инфекции, ги пијам сабајле и вечер. Предходно ги ставав без ракавици со чисти раце.
Со голи раце ставам, ги мијам убаво со сапун и со врела вода минута-две, најтопла колку што можам да издржам.
Па да, затоа прашав, треба да се лежи нели саат време, не може да се стане за да се измиеш Затоа и мислев подобро е со ракавица...
Јас со марамици се бришам и куфер. Мислам дека ако станам ќе ми падне. Ваљда не си ги лижам прстите во спиење
Јас спијам со мало дете до мене, затоа ми е така шубе да лежам со неизмиени раце... Не знам што е најдобро :/
Не се топат веднаш и јас ги ставам со голи раце и потоа станам дури некогаш не лежам никогаш не ми е испаднала .. не се како другите вагиналети не се топат веднаш
Утрогестанот го ставам вагинално,навечер пред спиење и потоа уште 5мин сигурно сум во движење дур легнам, никогаш ми нема испаднато, ем тој споро се топи дури цел нареден ден ми остава бели трагови. Ова е мое искуство,не се плашете да станете за да измиете раце и слично @Mane Koce