Здраво девојки. Читав на темава доста, и гледам дека повеќето од вас(сите)имаат терапија или со Утрогестан или со Дабростон. Јас добив терапија утрогестан вагинално една таблета навечер кога отидов на гинеколог да ми потврдат бременост, однодно 4 недела. На вториот преглед , 6 недела, матицниот гинеколог ми препиша Дабростон 2 пати дневно плус утрогестан 1 навечер вагинлно. Немам крварење фала Богу,не ми даде никакво објаснување само ми рече дека имам мал хематом во матката но не е страшно. Моментално сум 7 недела и имам многу гадење и мачнини осовено откога ќе се напијам Дабростон,амаа ептен ми е гадно. Дали некој има терапија комбинација Урогестан и Дабростон? Дали треба да се плашам дека докториве не ми кажуваат нешто? ВЕ МОЛАМ пишете ми ако имате искуство. п.с ги прочитав упатствата и се исплашив искрено
Не се плаши.Јас имав мали крварења во 7ма и 8ма недела и ми дадоа Добростон 3х1 и сеуште ги пијам така.Ти ги имаат дадено за поддршка на бременоста за хематомчето,не се секирај слободно земај ги речиси сите се на прогестеронска поддршка.И јас имав гадења на почетокот па ми се навикна желудникот сега ништо немам од Добростонот освен регуларните гадења што ги имам секој ден .Со лесно и со среќа
дали на некоја и се случило нешто од нагло прекинување добростон? мене матичната ми рече можам да ги прекинам веќе 27 недела сум но сепак ми е страв да не се искомплицира нешто?
Женски, имам 2.5 кутии дабростон со рок до 06.2024 и 1.5 ленти утрогестан 200 со рок до 01.2023, ако некоја има потреба, ги подарувам, нека ми пише лп. (Скопје/Тетово)
Денеска сум 9+1, ме интересира Вие што ставате Утрогестан вагинално колку длабоко ставате, ми е страв да не се повредам некако како што поминува времево, а ако не го ставам доволно длабоко ми е страв да не ставам за џабе...
Може да се прекине со земање. Матичната сигурно ве прегледала и заклучила дека нема причина да се продолжи со примање на терапија. Поздрав.
Жени, после колку време од примање утрогестан имавте ефекти? Вчера направен + тест, денес бета 429, на ехо е рано, а имам кафеав исцедок...
Утрогестанот ќе си делува постепено, а кафеавиот исцедок, зависи од што е може и да потрае. Јас во првата бременост 3 недели имав, оваа 10тина дена откако првично прокрварев со излив на свежа крв. Слушај си препораки од доктор и повеќе мирување.
Исто како погоре девојката, јас имам вишок урогестан што прекинав да го пијам и сакам да го донирам. Имам 3 кутии х 100 мг и една кутија 200 мг. Имаат рок на важност до Април 2023. Можете да ги земете од Дебар Маало, Скопје. Пишете во порака ако сакате да ги подигнете. Поздрав!
Здраво девојки, Пред 2 дена бев на гинеколог со позитивен тест каде ми потврди исто преку ехо и рече дека е во ред за сега плодот е во матката Ми ја даде и првата терапија која треба да ја земам Pre mama duo и Utrogestan 200. Ми потврди дека можам и орално да ги зимам, ама вчера после зимање имав вртоглавица и малку поспаност незнам дали е во ред тоа
Дали мора утрогестанот да се прима на 12 саати? Јас ставам 2 навечер и 1 сабајле ама никогаш не сум гледала да биде на 12 саати. Сеа аптекарката ми рече гледај да бидат на 12 саати. Сеа се плашам.
Мислам да, мене ми рекоа на 12ч. Бидејќи се хормонска терапија треба да се запази тој временски период.