Прашајте доктори за замена за добростон, јас нив ги пијам, нема вртоглавици ништо од нив. Плус и на рецепт се 95 ден.
Како бе?Го пијам со месеци, вчера последно земав 2 паковања од Зегин.А утре ќе се јавам ќе прашам јас
Девојки, Дали од кога ставате утрогестан имате зголемен исцедок? Синоќа прв пат ставив, до тогаш го земав на уста. Сабајлето имав на бришење бел, воден исцедок, сличен како на овулациски? Утре сум кај матичната за брисеви, секако ќе прашам, но би сакала да слушнам и искуства
Јас имам Утрогестан мислам 5,6 кутии, ги земав лани кога снемуваше исто, за бременост, ама мене не ми одговараа. За следна бременост веќе не би ги користила, некој ако има потреба..
Јас имам Утрогестан 21 капсула и Ферона 27 капсули што ми останаа. Ако на некој му треба слободно пишете ми.
Ме мачи нешто девојки, дали по цел ден кога одете во тоалет имате бели парченца во шолја од утрогестанот? Се плашам дека правам нешто погрешно, бидејќи цел ден имам остатоци и на влошка и во тоалет
Дали од утрогестанот имавте вртоглавици орално кога го користевте? И дали од него може да имам болки во препон само од лева страна и лев јајник или не е од тоа? Утре сум на контрола, секако ќе прашам доктор
Вртоглавици да имав, затоа оваа бременост пијам добростон. Болки не би требало од него да е, тоа си е од самата бременост си расти матката.
Се надевам, пошто се осеќам како да ќе ми се укочи ногата и ептен ми е страв да не е нешто друго… а за утрогестанот ќе прашам убаво дефинитивно, како пијана сум секое сабајле
Такво е од него не се плаши, ако немаш проблем друг ставај ги вагинално. Прашај го докторот, или па навечер да ги пиеш ако пиеш по 1 апче денот.