Здраво девојки Правев инсеминација претходната недела и докторот ми препиша дабростон. Го пијам 2 пати на ден ,но имам вртоглавици,главоболки понекогаш имам чувство како да тонам. Искрено ме фаќа паника. Гледам дека и кај други има некои непосакувани дејства. Може од апчињата да ми е
Дали сте имале нус појави после пиење на утрогестан? Веќе неколку дена примам 3х1, тоа што ми е преку ден го пијам,другите две вагинално ги ставам. После саат,саат ипол добивам поспаност, зашеметеност, вртоглавица. Денес не легнав одма и како пијана се почуствував.
Уф,ќе издржам машки уште 2 дена,после ми рече по 2 на ден,претпоставувам ова што се пие ќе ми го отфрли
Ме чуди, обично препорачуваат да се става вагинално бидејќи подобар ефект има така, а го даваат да се пие ако има крвавење и сл.
Дабростонот како прекинавте да го пиете? Пиев 3х1 до пред 3 дена, сега 3 дена пијам 2×1 па 3 дена 1 на ден и 3 дена преку еден ден ќе пијам.Ми рече матичниот преку еден ден последните ама не ми кажа колку дена беше хаосно а и јас заборавив да препрашам
Колку што ме држи памет само што влегов во 9ти мислам дека ми ги прекина. Зошто до 38ма веќе требаше да ме породи.
Јас неколку дена навечер пред спиење сум пиела кога имав крвавење. Ноќе кога ќе станев за во вц, не ми беше баш фино, како матна глава имав од него. Ама поголемиот дел од времето нели спиеш и не осеќаш многу од нус појавите. Дење не можев да издржам, тогаш и гадење имав во прво тромесечие, не се трпеше Утрогестанот. Најверојатно со тек на време ќе се навикнеш и нема да ти е така или ќе ти го прекинат и ќе останеш само на вагинално
Девојки, Каков исцедок имате од утрогестанот? Постојано сум со дневна, со парченцата апче што излегуваат, излегува и жолтеникав исцедок. Тоа само на влошката, кога се бришам немам ништо на тоалетната. Брисеви правев пред 1 недела, чисти беа.
Ти благодарам, некако ми е страв од што е жолтеникаво.. Ги ставам веќе 3 месеци, но сега некако како да е различна боја или јас си направив филм Во понеделник сум на преглед, па до тогаш да не ми е мисла
Мене кога ми беше жолтеникав, имав кандида, па откако ја снема, стана бел исцедокот. Но не мора да значи дека е така и кај тебе штом брисеви ти се чисти и немаш чешање или други симптоми.