Сега на мисла сум, дали се точни резултатите од брисевите Што друго симптоми имаше од кандидата, освен исцедок и чешање? Извини што ти поставив милион прашања
Ама не плаши се, кандида не е опасна. Мене на брисеви ми излезе, а и видлива е, докторот ќе ја забележеше додека ти земал брисеви. Кај мене ја виде додека ми земаше со стапчето брис и се потврди со резултатот дека ја имам. Немав чешање, само зголемена количина исцедок, но и Утрогестан тогаш ставав 3×1 и од него имав повеќе исцедок. Чешање подоцна ми се појави. Докторката ми кажа да ставам вагиналети ако осетам чешање и непријатност, па така направив.
Побарај да ти кажат системски каде имаат од 200 и потоа да се јават да ти чуваат. Барем јас така направив минатата недела во Зегин.
Здраво Вие што пиете дабростон кога ги прекинавте, во која недела? Јас сум скоро 25 уште ги пијам. Еден др ми вика доволно е, друг гинеколог ми вика само едно навечер. Страв ми е да ги прекинам дека ме боли долниот дел од стомакот кога сум поактивна. Има врска тоа?
Минатата бременост до 9ти ги пиев, а сега до 16та недела и ќе ги прекине скроз. Се зависи како напредува бременоста. Нормално е да се јават болки или да тежи стомак се шири бебе качува на килажа итн.
@Love10.03 Јас ги прекинав мин недела 23та, пола утро пола вечер пиев и прекинав, така ми рече матичниот, иначе за болки имам напред ниско кога пешачам, ама нормално е, се шири матката, расти бебето
Јас сум 17та недела, кога ми беа препишани бев кај дежурен доктор и тој ми кажа да ги пијам еден месец. Пред крајот почнав да прашувам па докторката ме праша онака уште колку имам дома, имав уште 10тина, ми рече допиј ги нив и доста е. Значи еве јас за некој ден ке ѓи завршам, ама тоа мислам е кај секој индивидуално.
Од почетокот пиев се до 13та недела. Пиеш ли магнезиум? Ако не, да пиеш само навечер пред да спиеш, и тоа помага.
@Sofi.ja Денес прв пат го испив утрогестанот бидејќи заборавив да ставам пред спиење и после отприлика 2 часа добив вртоглавца, на работа сум па сакам да ве прашам од искуство колку време ќе трае, не е воопшто пријатно, работам со луѓе.
Искрено не знам точно,јас легнував да спијам кога ќе осетев. Почнуваше писле 1 час од пиење, а откако ќе почне,после 1, 1ипол час мислам поминуваше.
Како го контролирате гладот од дабростонот? Ако не јадам на 2 саати цревава ми се превртуваат и нагони на повраќање добивам а плус и не можам се да јадам ми се гаде од одредени работи, салата не ме држи за жива глава.
Не го контролирав јас не можев, со два дабростона на ден и утрогестан од 200 навечер се попраив 30 кила