За никаде е знам Не заситува знам ама пробај со супа јогурт нешто залажувај желудник. А и самиот прогестрон не дуе и како бумбари сме после.
Не можам млечни работи да внесувам киселини ми прават дури во грло осеќам како ми жубори. Затоа само одреден тип на храна поднедувам моментално уште 1 недела ќе се стрпам некако ваљда после 12та поарно ќе биде. Изгледам во стомакот како 5ти месец да сум трудна, а не 3ти, а на свадба сум за скоро нема како да се присобере.
Мене па обратно ми делуваше од се ми се гадеше, апетит ич немав сега од ко го прекинав ми дојде апетит а ме дуеше многу.
Иста бев и јас @lackygirl дефинитивно дуе прогестеронот, jас до 5ти месец секој ден го примав по 400 мг на ден и како балон се направив.
Па јади си на 2 часа, тоа е океј. По малку почесто не е лошо, само ете на количината повнимавај. Не мора да значи дека мора да се поправиш од прогестеронот. Леле кога ќе ми текне на почетокот, во прво тромесечие колку примав прогестерон... Ме читаше во другата тема дека не сум поправена многу. Дуе, да, но надуеноста ќе помине понатаму.
Количински и не можам многу да изедам и да сакам чисто би рекла јадам колку да се заситам малце, ако претерам низ нос ќе ми излезе. Ама подуеноста крај нема Мене ми текнува после пораѓај како се издишав за брзо време нормално кога ги снема отоците Би рекла дека повеќе дуе зошто на вага не мрдам иста сум се надевам вака и ќе остане
Од колку пиете магнезиум? Јас сум 5+3 со утрогестан и клексани ама кога ќе претерам со движење осеќам тежина болка доле а не знаев дека ова помага
Мене ми помагаше многу тоа за сега не ме боли иако уште пијам магнезиум секоја вечер пред да спијам. Кај мене еднаш но има некои два пати во ден
Директно да дебелее - не, но може да го зголеми аптетитот, па зависно што внесуваме. Повеќе овошје и зеленчук да се внесува подобро.
И Утрогестанот и Дабростонот се прогестерон хормон. Кај секој е различно, јас на пример се поправив 30 кила до 7 ми месец и од тогаш стагнирам еве веќе 32 недела сум. И многу сум подуена. Тоа не мора да е случај и кај тебе, јас сепак голема доза на прогестерон земав на дневна база, што кај тебе ваљда тоа не е случај. Искрено се надевам дека полесно ќе поминеш од мене
Ова ме зачуди. Ја пиев од почетокот до 13та недела, не се поправив ни ништо. Ми беше топ. Али како што викаш може секоја жена е различна.
Јас чувствувам подуеност само, 11 недела сум, иста килажа засега. Јадам почесто, но повеќе заради гадењето. Се надевам уште малку ќе престане.
Јас пијам пд 9та недела, веќе сум 26та, уште не ми е прекинат немм потреба за храна. Само 2кг сум поправена од почетокот на бременоста.
Женички, пијам дабростан од 7ма недела... Тогаш хематомот ми беше 8.5мм а на преглед негде после 2 недели ми беше 9.5 ... Докторот ништо не ми рече, инаку да напомнан немам крварење... Дали некоја мајка имала вакво искуство и дали има простор за паника?
Кај мене е 12мм А крварев пред 6 денови, 3ца доктори рекоа покриена си со терапија и мирувај не е страшно најчесто сами се повлекувале хематомите во прво тромесечие. Ама за 2 недели имам контрола и ќе видиме, јас сум на клексан, прогестерон депо и утрогестани. Ама штом нема крварење кај тебе добро е. Јас сум 7+3