Ти ја посакувам сета среќа на универзумот ❤️ Да си родиш здраво и право детенце ❤️❤️ Јас сум утре на скркнинг за Даунов, па ќе видам до кај сум со хематомот...
И јас пијам Утрогестан од деветта недела (моментално сум 17та) и имав терапија со инекции Прогестерон ама досега не сум поправена одвишок. Зависи кај кого како делува веројатно не знам
Имам хематом и јас кај мене е помал, имав и крварење но после неколку недели почна да се сузбива. Треба многу одмор, лежење. Док. ми рече дека може да си стои до крај на бременост ама важно е да се прати неговата состојба. Се ке биде во ред не се секирај само одмарај многу
Искрено кај мене не покажа никаква разлика, забиси до организмот најверојатно. Најважно е што ни помага за нашите бебушки да растат
Претходниот циклус правев инсеминација и ставав 1х200 утрогестан 14 дена после инсеминацијата, која беше неуспешна. Сега сум 19ти ден од циклус и од вчера од 18ти имам spotting на бришење. Прво се прерадував дека може да е имплантациско(се обидувавме за бебе) ама денес се запрашав дали можеби ќе следи циклус порано од предвиденото, добивам на 25-26дена. Прашањето ми е дали утрогестанот што го ставав вагинално минатиот циклус може да доведе до пореметување на хормони и месецов значително да ми подрани циклусот. Има ли некоја со такво искуство?
Здраво феминки Пред три дена почнав со утрогестан, два пати на ден ги земам орално, воедно со нив земам Премала и фолна к-на. Е сега фолнаѕа ја земав од пред две недели значи не проблем тоа. Но два дена како земам од утрогесѕанот и витамините навечер ме прават да се осеќам како 10 дијазепам да имам земени, како дрогирана сум можи пола сат, саат, не знам точно ми се дисторзира и време. Мислев дека е од мултите, ама денес зедов само утрогестан и пак ми е така. Причината шо ме натера да мислам дека е од витамините е што утринската доза на утрогестан не ми делуваввак. Ве молам за помош мислење искуство. Матичната ми отвара во понеделник. Поздрав и се најј
Од утрогестанот се зголемуваат симптомите само ако ти се гадело/повраќало обично е вака. Да не ти е од храна некоја или вирус сега вирее стомачниот на секаде.
Арна бев досега, како почнав да ги ставам, навечер после ставање по саат-два се убивам од повраќање. Преку ден ништо не ми е, ниту пак после утринската вагиналета.
Здраво ми препишаа утрогестан ради тоа што имав некои болки во стомакот а не крварам бебето си е топ ми рекоа навечер преку еден ден (болката изгледа беше и од односот претходната ден) инаку сум 9та недела. Не би имало проблем некој ?
Нема штета од утрогестанот, тој е за поддршка, ама јас да сум би не би имала секс сега, бар прво тромесечие. Штом веќе си имала болки...
Девојки, Дали сте приметиле секретот од утрогестанот дека е леплив? Јас постојано лежам и ставам 2*200, апчето ретко ми излегува, но секретот ми е млечно накај кремово, бистро и лепливо, како да имаш лепак на прстите. Само кај мене ли е така?
Фала ти многу за споделеното. Си направив некој филм, читајќи мислења овде никој не пишал дека е лепливо, водено Веќе 5 месеци ги ставам, на почеток само парчиња излегуваа, сега воопшто не ми излегува дел од апчето, многу ретко во тоалетот да видам. Ама затоа па постојано како влажно ми е Наредна недела и брисеви си закажав, ептен си направив филм од секретов Фала ти уште еднаш