Така мене ми беше кажано од докторката затоа и ми ги прекина, а за утрогестанот знам декА е за цервиксот највеќе зошто ми ги препиша доколку одев на одмор па чисто превентивно да ги ставам.
Ептен рана бременост, имам некој кафен исцедок и ми ги препишаа утрогестан. 3 пати по 1. Од 200 мг. И строго мирување. Дали некој сњ соочил со ова? До кога треба да мирувам, до крај на бременост или додека да чуеме срценце? Немам многу исцедок, еднаш у денот на бришење, ептен малце.
Не ризикувај макар и да треба до крај да лежиш. Нема девојка овде што бар еднаш не прокрварела, особено во рана бременост може да заврши фатално ако не се пазиш. Ќе следат контроли барем до излез од 3ти месец и ако биде се ок да нема никакви индикации ќе ти дозволат да движиш работиш. Кај мене последно крварење беше во 9та недела, па скрининг 12та се супер мирно докторов вика терај нормално и шок во 13та недела реки крв. Влегувам во 8ми месец сега, тешко беше, напорно, психички те копа ама ќе лежиш ќе квачиш ако треба најважно да го доносиш бебето до крај. Само мирување, без односи, без тешко кревање, без наведнување, терапија и ќе биде океј
Да сето тоа го разбирам, но не знам какво е вашето крварење и под крварење што се мисли? Јас имав на бришење кафен исцедок по два три пати у денот. Денес и немам. Јас сум ептен рана ако може да се каже 18 дена после овулација, за тоа ми е.
Тоа го викаат сукрвица, со таква сукрвица движење и ај бе ништо нема да биде ќе си движам и ќе си одам на работа 2 пати искрварев и тоа ги повлече со себе ембрионите во 9 и 6та недела. Ваша е одлуката што ви е важно, не ми е поента да ве плашам ама доктор ви кажува да мирувате до следна контрола со тоа треба да сфатите дека овие недели се буквално 50-50 при крварење а не мирување. Оваа бременост имав такво кафено на бришење со прекини, па крварења па кафено преку 5 пати до 4ти месец и одговорот на докторите беше терапија и строго лежење. Само одмор може да помогне да не се отфрли плодот.
Јас бев како тебе од 6та недела со сукрвица, испадна дека е малечок хематом и морав да лежам, немав некое класично крварење но беше од хематомот, после накај 18та недела имав исто по неколку капки крв не можеа да најдат ништо, но препораките беа лежење, мирување. Сега сум 29та се движам но гледам да биде умерено и без некои поголеми активности.
Девојки ај и тука ве молам за мислење Ми доцни 7 дена, редовна ми е цел живот немам полицистични нема ни циста ништо, сега се враќам од генеколог имам 19мм фоликул и ендометриум дебел 13мм, тест негативен Зошто имам сега толку зрел фоликул на 39 ден од циклус? Докторката ми даде од понеделник да пијам Добростон ако не добијам, знаете ли зошто ми ги даде кога читам сега дека за поддршка ги пиете? Јас искрено првпат слушнав за апчињата и не ни ја прашав, сепак доктор знае што прави
И јас да не те плашам, иако споделија погоре членките од што може да настане крварење, јас првпат прокрварев во 5та недела, исто кафеаво, ништо обилно, само на бришење, примав дабростон и утрогестан но сепак го загубив едното близначе во 7ма недела. Пред спонтан може да претходи крварење, како што беше случај со мене, односно ниедно крварење не е наивно. Не сметам дека треба ептен строго да мируваш, во смисла 24/7 лежење, ама дефинитивно секоја активност да ја намалиш/елиминираш.
За да ти се избалансираат хормоните ти ги има дадено. И циклопрогинова даваат после киретажа или за регулирање циклус зошто тие содржат едните естроген другите прогестерон и после неколку дена се добива циклус.
Јас мислев дека сосем други апчиња беа за да добиеш мила, затоа се зачудив што има врска Добростон за ситуацијава Фала ти многу мила, сега ми е јасно
И јас имам пиено дабростон лани за да ми дојде. Цел месец ми ја немсше и пиев не знам точно колку денови и кога ги прекинав ми дојде за 3 4 дена..
Здраво.. сакам да прашам дали некоја членка има познавање од ова.. кога ставам утрогестан почнав да осеќам како нешто да допирам како некои топки мешто како да ми се спуштило само што ке го ставам прстот за да го вметнам утрогестанот а предходно не беше така инсче сум 17 недела. Не знам дали добро објаснив се надевам некој ке ме разбере
Јас се исплашив да не е нешто цервикс ова она.. не се разбирам баш прва бременост ми е. До пред неколку дена не беше таква вматрешноста, 3 4 дена ми е такво се надевам не може да биде ништо друго
Не си приметила иначе таква си е како потечена внатре, цервиксот е доста горе така да не допираш до него плус може сега и ќе се осеќаш како да мислиш дека ќе ти падне нешто од внатре но тоа е се од бременоста да не се плашиш
Добро вечер на сите! Ве молам за помош. Имам 39 години и сум бремена во 6та недела. Од 4та недела гинекологот ми препиша метил фолат, детрикал, б12, андол 75мг, магнезиум 350мг и утрогестан 200мг двапати вагинално и еднаш на пладне орално. Од кога почнав интезивно да ги примам потешко се празнам ректално а ми се поддувува стомакот и дури се испразнам имам страшни болки до исцрпување телесно, ладна пот и малаксаност со гадење. Ве молам за совет! Состојбата значително ми се смени откако почнав да ја примам целосно оваа терапија. Ако претходно имав минимални болки во стомакот, сега празнењето ми е болно и напнато многу.
Ви благодарам , секако ќе се консултирам со гинекологот во понеделник. Сирупот што го пиете е нешто како пробиотик? Ве олеснува полесно или?
Ne, ne e probiotik. Laksativ e, no ne pravi spazmi, mnogu ja olesnuva stolicata. Mislam deka e eden vid priroden seker
Супер , би го пробала и јас. Оние домашни лаксативи мислам дека не би ми помогнале како суви сливи и компот од нив, и слично.