Здраво девојки. Овие Дабростон за прв пат ги земам. Доктор Димитров ми ги препиша за повторно добивање на менструацијата и со надеж дека полипот ќе се намали. Вчера ми беше трет ден откако не ги земав и почна како црвено/кафено на бришење , денес пак така исто, не толку црвено ама само на бришење. Дали некоја имала слично искуство пред да почни поголемото крварење? Целата сум испаничена, преплашена. Знам дека треба да дојди менструацијата од 2 до 5 ден (така овде прочитав) Ве молам некој да сподели што ги има земано. Поздрав
Мене ми дојде после неколку дена откако ги прекинав, и баш обилно имав првите 2-3 дена како што си имав, ама еве за 17-18 дена пак ми дојде циклус. Имав на 3-ти Март, сега на 20-ти повторно и обилно и потемна крв. Не знам дали од Дабростон вака.
Јас сум имала такво искуство, кога ми ги препишаа после инсеминација, дури и додека ги примав почна вака крваво-кафеаво на бришење последните денови. Штом ги прекинав веднаш добив наредниот ден.
Zdravo devojkii, Bremena sum 7ma nedela i imam malo krvarenje,i crveno i kafeavo,bez bolki,doktorkara mi rece deka ne e strasno,pijam dabroston,dali ima nekoj isto iskustvo,da mi kaze kako ima pominato ..
Имав три обилни крварења до 12 недела свежа крв, исто без болка. Од терапија примав дабростон 2×1, утрогестан 1×1 и се боцкав прогестерон депо секои 5 дена до 17 недела и строго лежев. До 15 недела некаде ми се исчистија кафените исцедоци. Сега терам 31ва и функционирам нормално. Ќе се среди, само слушај што ќе те советуваат докторите.
Морам да прашам, иако ми е незгодно. Ставам утрогестан од 12ти, 2х. Значи веќе 11 дена. Овие два дена кога ставам, многу чудно ми е доле... не е цврсто внатре како што беше, мн меко некако, како пошироко, незнам како да објаснам ама не ми е исто како што беше додека ставав претходните денови. Нормално ли е?
Дали некогаш сте примале дабростон уште пред овулација, за ако дојде до бременост, да може да потпомогне? Матичната ми го препиша, јас имам кратки циклуси, најверојатно и кратка лутеална фаза и spotting почнува уште неколку дена пред циклус. Јас ќе го пијам секако, само се двоумам дали веднаш да го почнам, може ли да влијае на овулацијата?
Јас пиев, на 16ти ден од циклус зашто имам кратки циклуси, го пиев 10 дена по 2 и на 10 тиот требаше да направам тест за бременост ако сум бремена да се јавам на гинекологот ако не да го прекинам и ќе добијам. Не бев бремена го прекинав и за 3 дена добив. Поболно добиено во живот сум немала, да не зборам тие 10 дена додека го пиев, хормоните ми беа хаос и следното добиено ми дојде на 22 ден после дабростонот. Јас ако немам потреба никад не би го пиела пак. Не го почнувај веднаш, полни го од кога ти е кажано, со причина после овулација го даваат.
Епа матичната ми рече да си го почнам, а мене ми е 10ти ден. Таа ми рече пред овулација а јас досега сум го пиела после овулација. Тоа се мислам сега...
Чим ти рекла така, пиј го така. Мене тој месец кога го пиев ми дојде на 28 ми ден. Мене обично од 24-26 дена ми доаѓа. Затоа ми го даде од 16ти ден, да ми се регулира. Ама мене не ми помогна.
Здравоо девојки, гинекологот ми даде дабростон 2x1 од 16ти ден бидејќи пробуваме за бебенце после спонтан, дали некоја има позитивно искуство?
Здраво Девојки, Веќе една година се обидуваме за бебенце и пред 4 месеци матичната се посомнева на абортус (односно суум се пуштила). Проверив хормони сега и се беше во ред, но ми рече да пијам Дабростон од 15ти ден на циклус за да спречиме повторно пуштање. На 14 ден (ден пред да ги почнам Дабростонот) искрварив, отидов и немаше видлив причинител на крварењето. Ми рече веднаш да почнам со Дабростон и да појдам за 1 недела повторно на преглед, но во овој период јас мислам дека ќе се мрднам. Дали има шанси да е повторно спонтан? Матичната ми рече не ама можеби не се сакаше да ме стресира бидејќи кога појдов кај неа бев премногу ислашена. Ве молам за искуство, мислење, што и да е.
За да бидеш сигурна дека си бремена тест треба да направиш. Не можеш да знаеш ако не се тестираш. Искрено не знам како се посомневала дека си имала спонтан. Јас пиев дабростон во јануари и добив пиејќи го 4 дена порано… и никад полошо не се осеќав од него. Мене ми сметаше.
Доби порано? Мене претходно кога го пијав ми задоцни циклусот. Откако го прекинав нареден ден ми дојде. Да не ми станеа толку осетливи градите 1 ден пред да прокрварам, ќе мислев дека е од дабростонот, но сега не знам од што е болката и тврдоста на градите (многу поголема одколку ПМС), крварењето. I am freaking out.