Да порано добив, и градите ми беа топки, секакви симптоми имав. Хормонско е апчето и крварењето ми беше скроз различно од сите добиена што ги имам, преболно со виткање и темно многу. И обилно, а јас немам болно добиено и немам такво крварење. Мислам дека имаш добиено. Јас пиев едно дневно, некогаш и дозата е мала. Иначе не се секирај јас следниот месец забременив еве за два дена влагам во 19та.
Честитки Немаше шанси да имам добиено бидејќи утврдивме прерана овулација (имаше излив на течност веќе на 10 ден од цуклус) и кога прокрварив ми беше 14 ден, односно само 1 и пол недела одкако ми заврши. Исто претходната недела бев 2 пати на преглед, се беше во ред, никакви знаци на крварење, менстуален циклус и сл. Ќе видиме за неколку дена што ќе кажат.
Јас мислам дека треба да одиш и на второ мислење, дабростонот е хормонско апче, не прија на секого. Пред две години прокрварев недела дена од кога ми заврши. бев на дежурен и според докторите циста било што пукнала а јас 10 дена пред тоа бев на преглед инемаше ништо такво, не знам како ја дадоа дијагнозава, пошо бев во престресен период од животот и отидов на второ мислење, второто мислење беше дека од преголем стрес сум добила повторно, Два пати ми се деси исто нешто, од преголем стрес. Јас ти препорачувам да одиш на второ мислење
Од 34 до 36 заради контракции и неправилна положба на бебево ми кажаа да земам Утрогестан. До сега ништо немав користено. Сакав да прашам дали е правилно и во ред што вечер капсулата ја земав орално, а од утревечер ќе ги ставам вагинално бидејќи сабајле правам контролни брисеви? Ми кажаа 15 капсули од 200мг секоја вечер
Супер си направила таман ќе бидеш чиста за брисевите и после ќе почнеш да ги ставаш од вечерта. Кога ставав јас мстичната така ми кажа вечерта пред брисеви ќе го испиеш чим земеме брисеви вечерта си продолжуваш со ставање исто како предходно.
Здраво девојки. Вчера бев загрижена поради крварењето, денес сум уште по загрижена воедно и пресреќна. Добив позитивен тест со јака и чиста линија (конечно). Но сега ме мачи дали е можно од Дабростонот да покажа позитивен тест?
Потврдена бременост 3-4 недела. Ќе треба да примам и дабростон (додека да ја испојам дозата) и утрогестан вагинално, но битно е тука. Ви благодарам за поддршката девојки
Јас претходниот пат кога го пиев не добив додека не престанав. Добив по 3 дена одкако престанав да го пијам. Не знам дали е ок да се користи за одлагање менструација, консултирај се со гинеколог.
Dali nekoja od vas imala alergiska reakcija od dabroston. Go pijam 4 Dena, za da dobijam I se spremam za 2ra inseminacija. Mi se pojavi crvenolo okolu ustata I bradata
Девојки, ве молам за искуства и добар гинеколог за проблем со кратка лутеална фаза како причина за неплодност. Три циклуси пијам Дабростон 2х1 од 15-25 ден но нема ефект spotting добивам на 23 ден.
И јас добивам на 21-25 дена,еве последен циклус ми беше на 23 дена па еве беемена сум,си следела овулација за да видеш кога имаш?
Да овулација е на 12 ден, а пред циклус си се соочувала ли со кафеав исцедок исто и заради тоа ми е препишан дабростонот
Здраво женски, во петокот ми заврши терапијата со Дабростон, во сабота сабајле направив тест за бременост и беше негативен. Не продолжив со терапија, но од вчера имам само кафеав исцедок и на бришење розева крв. Очекувам дека ќе добијам, но втор ден само ова. Некоја да ми сподели искуство?
И кај мене е исто со дабростон од 23-26 ден кафеав исцедок па добивам. Не знам доколу ми ја зголеми дозата докторот да продолжам или да ги прекратам, што е паметно..☹️
Јас болки скоро и да немам, односно имам привремено, ќе заболи и толку. Друго ништо. Ама ајде ќе видиме од утре како ќе е.