И јас немам слушнато нешто такво. Да не не сте се разбрале, прогестерон депо инекциите се повлечени од пазарот, за нив имаше таква информација.
Да заборавив да напоменам и јас требаше да примам е уште 4та недела кога бев прогестерон депо ми кажаа дека се повлечени од пазарот... И сега не знам што ќе се прави јас сега сум 12та недела и незнам до кога треба со Утрогестанот... Јас го пијам не го ставам ради инфекции докторот ми препорача да ги пијам ....
Дали имаш лошење од утрогесанот јас сум како во кома вртоглавици гадење само 3 пати ги имам пиено немав услови да ги ставам и ногу лошо ми беше , а за унекции има пролутекс малку се скапи 560 ден ама секој ден се боцкаат јас ги примав и тие ама ми ги прекинаа бидејќи почнав да ставам циклогест 2х1, ама поради инфекција и тие ми ги прекинаа и сега останав само на дабростон, прашањето ми е дали се навикнува организмор на утрогестанот доколку се пијат подолго време или секогаш е исто
Јас мака немам од Утрогестанот .. Два пати само ми и се слоши препотев и од тогаш ништо Амин добра сум... Сеуште се плашам ама еве стигнав 12та недела....
Здраво, имав крварење во 5 недела од бременост истотака имам и хематом , добив терапија Дабростон 3х1, утрогестан еднаш навечер вагинално и мирување. Дали е нормално секое утро да имам исцедок темно кафеав кон црн понекогаш и во текот на ден како секрет, дали всушност тоа е чистење на старата крв и хематомот?
Јас пробувам да забременам веќе 6 месеци. Проверивме и спермограм и хормони и хсг - се е во ред. Е сега веќе години, неколку дена пред менструација имам кафеав исцедок. Секој др кај кој што сум била ми кажал дека не е нешто ненормално тоа, ама ме плаши. Денес др ми препиша да ги пијам Дабростон, од 16ти ден од циклус, 10 дена. Па ако не добијам после циклус, ми рече да го барам. Прашањето ми е - дали се дебелее од овие таблети и дали имаат некои други несакани последици? Поздрав
здраво луѓе, ми касни 9 дена, бев не преглед ме виде на ехо, преку крв испитано нема бременост, упат за испитување хормони и ми дадоа Дабростон 10 дена да пијам за да добијам, се напив пред 8 саати сега почна ужасно да ми се гади и имам главоболки, дали можеби е од апчињата, искуство некој што ги пиел, неможам више
здраво женски, некоја шо ги пиела Дабростон поради доцнење на циклус, да пише искуство после колку денови земање на апчињата ќе добијам или може пак да не ми дојде, да напоменам не сум трудна направено ехо и преку крв, трет ден како ги земам, нема сеусште никаков знак