Е така е,сите почнаа да го користат,а појма немаат од стилот,ги мешаат подвидовите,ама како и да е,нека прават.Тие уствари само вметнуваат делчиња,не прават цели песни со дабстеп. И ај сеа постирајте некоја нова песна,јас малце ги запоставив
Точно,но она за што не се согласувам со тебе е делот со комерцијалата. Милиони талентирани андерграунд артисти не земаат ни 1000 дел од тоа што заслужуваат,затоа што нивната музика не може да ја слуша сечие уво. Затоа дабстепот до некаде стана подвид на електрото,за да може да го слушаат сите,и да се прават повеќе пари. Многу го следеа примерот на Скрилекс,се придружија со тотално ист стил,но сеуште има артисти кои не можеш да ги ословиш како комерцијала,затоа што ниедна од нивните траки нема да ја слушнеш на радио или на ТВ. Ете тоа е комерцијала,тоа што го слушаш кога ќе свртиш на VH1 или MTV денес. Музика направена со цел да се собере пари,без уметничка вредност,проста ко грав. И сега сите се фалат као слушаат дабстеп. Еј да,кои артисти? Па,Скрилекс и... и други. Ахам...
Сигурно ја знаете песнава или ја имате слушано ама спотов ми е закон CALL 911 http://www.youtube.com/watch?v=2cXDgFwE13g&ob=av2e
Јас ова најпрво го слушнав,интересно ми беше и после фатив и сите ги исслушав од една листа и си најдов поќе http://www.youtube.com/watch?v=TCK1HP8lGYk
Аууу моќно видео има песнава РЕков да видам шо песни има овај Скрилекс... http://www.youtube.com/watch?v=2cXDgFwE ... ure=relmfu
Јас во Грција летото 2011 се запознав со овој жанр, а и со поимот. Решив да прогуглам и да видам што е тоа всушност и искрено се воодушевив. Инаку најомилен изведувач ми е Скрилекс, иако велат дека е префорсиран. Еве ја песната која најмногу ја сакам од него. http://www.youtube.com/watch?v=WSeNSzJ2-Jw
Јас не го можам него,ептен ми е парање на уши...Само оваа едната шо ја ставив.Поќе сум за чилаут дабстеп
Не сум слушнала многу дабстеп, и да си прашам, дали е ова дабстеп? http://www.youtube.com/watch?v=6qPOAKvD_OI И еве една дабстеп песна http://www.youtube.com/watch?v=myjC-fyn ... 3B5A40519B Можеби е чилаут дабстеп, како што вика Дивајн. Ако е така, супер е ако се прашувам јас, а и поагресивно не би слушнала, доста е засега. Спојлер Се сетив на нешто што прочитав на 9гаг-Dubstep happened when Optimus Prime was singing in the shower.
Ќе редактирав, ама ту лејт. Ги слушнав сите песни постирани на темава, и сеа ваква сум- Неро изгледа прави музика за моите уши. Благодарност до Дивајн.
Хахаха Тие од Неро се најлабави,и можат сите да ги слушаат Таков му е стилот него,баш лабав за уши =) Иначе,за тие горе што праша,дабстеп се http://www.youtube.com/watch?v=dJVdivi0 ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=29uSjbT9 ... re=related Еве нешто добро!!
Аууу cool Beauchamp like them e првата малце ме нервираше до кај 1 мин Rock-a-Fella слушни ја оваа тогаш http://www.youtube.com/watch?v=xYc9orO9 ... plpp_video Спојлер и наредниот аватар ќе ми биди со наметка ПС http://www.youtube.com/watch?v=awaz1aNT ... re=related Добра верзија
http://www.youtube.com/watch?v=a81G0HrUcIc http://www.youtube.com/watch?v=JmpbtfgpP1E агресивно. И еве еден давстеп мејкр од нашите (така да кажам). http://www.facebook.com/quartussaul http://www.youtube.com/watch?v=P9-zXG5DydE Ова е најдоброто досега! http://www.youtube.com/watch?v=r1ATFedw ... ure=relmfu
Rock a fella , моите омилени песни ! Добри ти пратил дефинитивно Ме зачуди сеа кога ги видов хаха Агресивни се прилично,посебно Shekel,јас едвај го слушнав него прв пат,а Liquid Stranger е супер,траките му се растур! Слушни нешто и од Excision,Datsik,они се во склоп со Downlink
Со опростување,ќе се користам со едноставен израз. Ова ако е музика,јас сум богиња на убавината на целиот космос. Звучи ко сељак коа ја турира колата пред маалските радодајки. Ниту има хармонија,ниту има смисла. Во името на Чајковски,Бах и Моцарт,музички клуч.
Бреее ако е така ни металот или електрото или кантрито да не се рачунаат за музика...Ама има и такви што ги слушаат...Така да,и ова има кој да го слуша.Кој не сака,не мора.
Јас не се обратив никому. Ако коментирате дека ви се допаѓа,јас имам право да кажам дека не ми се допаѓа. А што се однесува до музиката која ја наброја ти,во голем дел од истата има содржински издржана во сите елементи,а од ова чудно шкрипење на игличен принтер,нема никаква издржаност. Тоа е мое мислење,а до душа и на многу од музичарите со кои сум се нашла во муабет за истава... Како што турбофолкерите не ги разбирам и ми се сељачана,со мрсна коса,златен ланец,лоша кошуља,хаљиница од сатен,од дабстепов ми доаѓа слика на непронајдени хипстери кои добивам желба да им ги извадам цивкерите и да им ги рокнам од земја, а потоа да им пуштам еден клавир врз глава. А и еве,ве читам...и се чудам. Вика,ме нервираше во 1вата минута,друг коментар,не можев да ја слушам... втф?! Слушам музика за да бидам релаксирана,опуштена,среќна,а не за да се нервирам. Нормално те нервира затоа што држи постојана напнатост,нема хармонија во мелодијата,дисторзирана е и крајно вознемирувачка,ама...трендовска,на младите без вкус и музичка култура. Јас се исмевам со музикава...вие како сакате,коментираме на темава,независно,согласувале или не,еднакво право имаме сите.
whatever! Tочно,секој им право на свое мислење.А иначе за тоа со првата минута,не дека ме нервирал тој дел,туку ете от таа песна тој дел не ми се допадна,ама има и луѓе на кои им се допаѓа.Иначе да,тие што јас ги слушамме релаксираат,пошто има и убави песни од дабстепот. А замислата,тоа си е само твоја замисла
Еве вака Лилит,тоа што си ти елоквентна и имаш некаков став кон музиката не значи дека ти треба да кажеш што Е музика а што не. Значи дабстепот има одреден такт,има своја мелодија што само глув не би ја чул,единствената разлика е што во таа мелодија е употребена дисторзија,како и во некои подвидови на металот. Дабстепот,сакала ти или не е вид на музика,што реално гледано премногу се популаризира. Муабетот со хипстерите не ти држи вода,хипстерите се тие што до вчера беа емо,и го користат жанров за да ја изразат нивната несфатеност,посебно преку музиката на Скрилекс,кој ретко кој знае,беше пејач во емокор бенд со име From first to last,и е на дабстеп сцената пред неполни 2 години. Она за што ти збориш се вика brostep,и веќе некое време се смета како поджанр на дабстепот,и е малку повеќе агресивен од што некој има уши за слушање,ама тоа не значи дека не е музика,исто како што death/black металот е поджанр на металот и е подив и побучен. Ова ти го кажувам зошто сметам дека имам и повеќе од доволно познавања за музиката,зошто не сум воопшто ограничен и слушам се,од дабстеп и днб,преку метал,реге,ска,панк,инструментали и чат пат поп,олдскул хип хоп исто така,до жанрови за кои верувам дека не си ни слушнала дека постојат. Едно е да го искажеш своето мислење,друго е да глумиш музички критичар само затоа што не слушаш музика што е моментално најслушана. А музиката не треба да биде само медитација и потпевнување и предизвикување на среќа,многу ја користат музиката за ослободување од негативна енергија,за скокање,за рипање,а тоа сигурно нема да го најдеш во сите жанрови на музика,туку најчесто во поенергичните. Инаку за информација на луѓето тука,Скрилекс не е дабстеп артист,туку електро/хаус. Тоа што направил 5 дабстеп траки не го прави него дабстеп артист. http://www.youtube.com/watch?v=coMRuCQe ... ure=relmfu http://www.youtube.com/watch?v=coMRuCQeGsQ&feature=relmfu Потруди се да ја ислушаш,можеби ќе чуеш мелодија,who knows...
Ај смири се... Ниту реков дека јас сум таа што ќе каже шо е музика,само си истакнав мислење,а впрочем и да не реков јас,многу етаблирани музичари ќе ти го кажат истото,а едни други чичковци ќе ти кажат за другиот дел на значењето на музиката,а нема баш многу да ти се допадне. Впрочем...ти пак ќе кажеш шо е музика ил не?!Шо ме напаѓаш лично?! Ти се обратив,му се обратив некому?! Пошо увек се вадите на оваа прича,шо ми се јавуваш,коа не те прозвав,туку ај тоа,него шо вреѓаш на лично ниво,каде со тоа?! Од кај знаеш дали можеби никогаш во животов не сум имала посериозен пристап кон музиката,м?! Тинк абаут ит! Шо беше ска?! Или мислеше и на ragga,roots,dancehall...Поим си неам од музика бе...ПОИМ! Ма немој да ме јебеш бре! Музички правци за кои НИКАД нема да знам... *се концетрира,слуша,слуша,гледа еднорози,виножита,глитер,замишља убава мелодија,дава шанса,прави фаца ко на вц школка,се концентрира уште и ... се онесвестува* не е детектирана мелодија! Ајт биди поздравен,за мене и понатака ова ќе биде шкрипење без поента,некако аргументиве твои не ме разубедија,а уште помалку пак ме интересираше ти каква музика слушаш. Ако е најслушана,или е опасен крш или е феноменална.За феноменална не сум баш сигурна,а јасно ни е што полесно се шири помеѓу широката МАСА. За многу и Џастин Бибер е јака ствар,амааа... Позз4е! http://www.youtube.com/watch?v=NyW6Ndqu ... re=related И научете се да дискутирате веќе...аман!