Кратко и јасно: Дали критикувате? Дали ве критикуваат? Дали прифаќате критика ? Дали таа поучно влијае на вас или ве прави несигурни во своите размислувања. ... И....дали на форумов пишувате рестриктивно за да не бидете критикувани и изложени на критички линч или си пишувате така како што ви лежи.
Критикувам ако нешто не ми се допаѓа или ако мислам дека не е во ред. Ама кога критикувам бирам зборови, дс не навредам некого. Примам критики, порано и се љутев ама сега " на нога " ги примам и размислувам за упатената критика, и не возвраќам. Порсно бев ревносна, сега не. Нс форумов има членки кои никогаш не критикуваат, има кои секогаш се критички настроени, ама има и такви кои се појавуваат САМО за да дадат критика. Сечие мислење ценам. Кај мене нема делба на будали и паметни.Од секого можеш дс научиш нешто.
Критикувам и сакам да ме критикуваат. Проблем ми е единствено ако критиките преминат во навреди... е тогаш вреѓам и јас. Сакам и нудам искреност. Ни знам поинаку, ни сакам поинаку.
Искрено? Кога ќе ме искритикуваат се лутам у момент, па седнувам размислувам и го разглабам тоа отпосле. Знам, грешно, ама сум импулсивна личност. Прво грешам па се поправам. И отворено критикувам секогаш.
Кога гледам дека во дискусија не се слагам со некого , обично запирам да дискутирам, не сакам соговоеникот да го убедувам во нешто ниту пак дозволувам дс продолжи со критики кон мене и да ме убедува во свој став. Просто - престанувам со него на таа тема да зборам. Пример, мајка ми. Има теми на кои со неа неможам да се сложам, постојано се критикуваме и си префрламе.Нема потреба да дискутирам со неа на тема на која имам спротивно мислење.
Критикувам, а знам и да добијам критика. Постојат луѓе чија што критика и мислење ми се важни, а постојат такви што не можат да допрат до мене, ни со навреди. Да навредуваш некој, само затоа што не можеш да се "носиш" со него ми е најбедното нешто. Никогаш намерно не би навредила. Сум приметила дека на луѓето навредите им служат како одбранбен механизам; а нема што да ќаже, почнува... На форумов пишувам што сакам и што ќе ми текне. Не се плашам да се изјаснам дури и кога моето мислење е различно. И на мене лично, поинтересни ми се темите каде што има дискусија и поделени мислења.
Да си се искритикувам сама - Тешко ми паѓа да го прифатам туѓото мислење и во одредени ситуации не можам да застанам се додека не го "убедам" соговорникот. Сепак ова не се случува за било која тема, само за одредени.
Е јас не запирам, посебно кога аргументите не се издржани и преминува во ад-хоминем, во недостаток на истите. За она што не знам или не сум сигурна дека го знам... не ни коментирам.
Сметам дека критиката е полезна само кога му се кажува на личност која постои можност да ја разгледа, размисли и прифати или отфрли. Во спротивно, нема поента. Повеќето луѓе денес не знаат да прифатат никаква забелешка упатена на нивното однесување. Токму поради тоа, критикувам само кога размислувањето или постапката е многу погрешна, а сметам дека постои и таа минимална шанса да биде слушната. За себе, прифаќам критики во зависност од која личност доаѓаат. Апсолутно не сметам дека сечија критика треба да биде земена во обзир, особено не на форумов. Мислењата на луѓе за кои имам проценето дека имаат солидни карактерни особини, секогаш ќе бидат земени во предвид секако доколку се кажани без навреди и ароганција. Има начин да се упати мислење и без да се почувствува личноста од спротивната страна повредено, со одбрани зборови и најважно со добра намера. На критичка мисла предизвикана од лични фрустрации или ден почнат на погрешна нога, можам да одговорам еднакво арогантно или едноставно да ја одминам ако не ми се троши време.
Со цитираниот текст во целост се согласувам, и тоа сум јас. Се трудам овде на форумот да не критикувам и во поблага форма без да навредам да соопштам нешто. Кога гледам дека нема ефект-престанувам.
Јас запирам да се докажувам, ако.сметам дека сум во право не сакам да слушам повеќе како некој сака да ми наметнува.
Не сакам да запрам ако критиката преминала во навреда. Едно е да ми критикуваш мислење, ќе запрам ако не можам да се разберам... ама да ме критикуваш мене, во апсолутно неповрзан муабет со мене, во обид да ме дескридитира некој, па уште да очекува дека ќе подвиткам опашка и ќе си заминам... мало морген. Ако имаш реплика на моето мислење, реплицирај, ако ти е цел да ме навредиш: Не ме чепкај, и јас нема да те чепкам.
Зависи со кого како. Дете , маж како најблиски мислам најнежна сум ама можда некогаш и хиперкритична бев. Веќе не сум. Ако мислам дека се во заблуда за нешто или прават грешка, велам секако. За родители, се откажав, За пријатели, само ако мислам дека ќе имаат корист од мојата критика. Колеги и претпоставени, најпипаво ми е ама се трудам да слушам со отворени уши ако ме критикуваат колку да е непријатно, и да не критикувам непотребно само дека сум нервозна. За на форум, имам филтри се разбира, но не се замарам нешто посебно. И да, гледам од кого е и за кого е..
Самата себе се критикувам,критики примам доколку се добронамерни,доколку не ме боли ама тоа е.Сакам да размислам да проценам,можеби и нешто ќе научам од тоа...
Критикувам и ме критикуваат.Примам и позитивни и негативни критики. И самокритична сум. Некои критики не ми влијаат,особено кога знам дека сум во право. Кога критикувам надвор бирам зборови. На форумов почесто го практикувам она „што на ум,тоа на друм“,и не ми е гајле за реакциите.
Прифаќам критика кога станува збор за нешто што сум кажал или сторил и гледам да се подобрам доколку некој се почувствувал навредено или слично, ама кога некој ќе почне да ме критикува за физички изглед... Ко, не сум тука за да ги исполнам твоите идеали. Воопшто не прифаќам. Од никој. Гледам да е исто и кога станува збор за критика од моја страна.
Вака сите прифаќаме. Ама ај да пробаме овде да се искритикуваме еден со друг, има глави со српови да се сечат
Ајде да пробаме. Ќе можеме да ја видиме разликата во тоа, како сами себе се гледаме, а како другите не гледаат.
Критикувам само кога се работи за конструктивна критика, не сакам за секакви работи да наоѓам маани. За прифаќање критика хммм, егото ме спречува да ја прифатам у моментот иако знам дека е исправна Ама после седнувам, размислувам и ја практикувам Али сачувајбоже да и' покажам на персоната дека критиката и' е на место
Скроз сум за. Се имав пријавено и во темана за анализа на членови, но сите молчат кога прашуваш а после во темите е војна. Еве прва се пријавувам со добра волја да слушнам (прочитам) критика која имаш да ми ја упатиш. Ветувам дека нема да се лутам.