Еве јас ќе почнам Прпл Мислам дека си суетна и злопамтило. Ако некој ти се спротистави одма на црна листа го ставаш. Ама не, нема никој ништо против тебе, само не се согласува со мислењето. За остало све најбоље за тебе
Дали критикувате? Ретко Дали ве критикуваат? Понекогаш Дали прифаќате критика ? Прифаќам од луѓе што ми значат не од секој Дали таа поучно влијае на вас или ве прави несигурни во своите размислувања. На пример тоа што ќе ме искритикуваат моите дома ми влијае поучно ,а ако земе Петра да ме критикува нема да ме напраи несигурно да се осеќам.
Од моја уста никогаш не биле излезени критики од типот “куче да те бркало,што си нашла си облекла, ко да си немала...” и нормално кога ќе возвратиш на вакви критики ти викаат “Ама не знаеш да прифатиш критика”. Извини,што? Некогаш преку таква критика го спуштате човекот подоле и го газите, и сакате на тоа да се ќути. А па извини ама не давам. Би ми било срам да дадам таква критика на некого рандом. Позитивни критики ретко давам,ретко да ми се допаѓа некој. Повеќе сум екстравагандна и сакам да гледам екстраваганција кај луѓето. Сакам кога се истакнуваат на оригинален начин. И тогаш давам критика. А најубава критика ќе добиеш од женско. Општо за себе,се критикувам поретко во одредени ситуации зависи.
Ми давале погрешни критики и маани - крената, лигава, злобна, болна а јас спротивно од тоа. Ми давале и критики кои сум ги прифатила, кои ми биле поучни и не сум ги сфатила лошо туку за свое добро. Ама некој да ме напаѓа и навредува а не ме познава добро, не дозволувам. Ме критикувале за начинот на облекување дека девојче треба да се облекува модерно а не спортски, секогаш сум била во спортска облека, па сум била бледа, па девојче требало да носи штикли а не патики. И тоа од небитни луѓе, не се замарам. Имам давано критики само кога мислам дека има потреба, на најблиски, а на некој што не ми е некој фактор во животот не се замарам. Самокритична сум, и тоа премногу, строга сум кон себе.
Да, кога некој ќе дојде да ме искритикува за начин на облека ќе го додаде и тоа, со цел да ме навреди. Две у едно. Ај донт гив а шит.
Критикувам и примам критики само ако се од луѓе што ги сметам дека се објективни и дека на таа критика што ја даваат не им влијаат сопствени чувства. Во денот пречесто среќаваш луѓе што си се мачат со себе си, па едвај чекаат да искритикуваат некого за да се почувствуваат убаво за себе си. Затоа критики прифаќам најчесто од маж, од другарка блиска или ако некој дури и да не ме познава, ко на форум на пример, го сметам за зрела личност. Дрскост ми е различно од критика, некои едноставно не се љубезни, ама си знаат да почитуваат граници. Самокритични на форум колку сакаш, само пази да не им го тестираш тоа тврдење Јаки ми се некои во модни критики, кога им велат оваа комбинација не ти стои и одговор - тоа си е твое мислење, а кога им велат многу си убава не велат тоа си е твое мислење
Ау, не. Јас вивнувам ако некој ме навреди. Не е за фалење, ама од друга страна пак, нека не очекува никој дека ќе дозволам да ме вреѓа, а јас ќе ќутам. Како си издржала да не и' вратиш, маме и' ебем???
Затоа што стално ми мрчи, избегавам да се расправам со неа дека партали ќе се направиме. И одговорив само јака сум добро ми стои. Иначе да се надополнам да не мислите дека којзнае што сум облекла хахах ама типично како што се носиме младите
Исто и јас знам да избувнам, ќе се одбранам и ќе дадам до знаење дека мислењето за мене не ме интересира, не ќутам никогаш. Ама кога се работи за небитна личност игнорирам.
Не е ни битно што си носела. Ничија работа, освен твоја лично, не е облеката која на себе ја носиш. Да и' речеш нејзе да облече нешто што не сака, ајде-де, да се лути, ама шо некој стапо го боли, јас шо носам?? Ако сакам гола ќе одам... шо се вели..
И јас со најдобрата другарка порано знаевме така да се искритикуваме пропатено со насмевка,ама директно да си кажеме - не. Навреда е.
Мене другарка истото ми ги рече, двете слатко се изнасмеавме затоа велам зависи од кого доаѓа дали доаѓа од човек што мрчи за се нешто или е објективен исто зависи дали ти прифаќаш критика или се вреѓаш за две секунди не зборам за тебе конкретно, општо зборам
Дали критикувате? Критикувам. Дали ве критикуваат? Ехеее, да. Дали прифаќате критика ? Искрено тешко ми паѓа критика, ама имам мана што несакајќи може од непромисленост да повредам некој и да ми врати со критика, а јас да го пропуштам моментот дека тоа не е конструктивна критика туку самоодбрана и да си ја врзам во крпче и да мозгам и мозгам зошто сега таква критика. Аман, овертинкерка да не се родиш работава и непромислена исто така Друго на темава, најмногу прифаќам критика од брат ми, значи скенер ми е за секоја грешка и анализатор зошто сум ја направила, девица е у хороскоп и плус најсакан мој и најразбран на сестрата му, здрав и жив да ми е само и така да си тера со критикување со мене, може и ќе ме оправи еден ден Имам и други на чии критики се солонувам, ама и такви чии критики ми велгуваат од едно уво и излегуваат од друго јер не заслужиле да ги пофермам и послушам. Дали таа поучно влијае на вас или ве прави несигурни во своите размислувања. Се трудам конструктивните критики да дозволам да ми делуваат поучно и да ме менуваат. На пример со тек на време ја намалувам импулсивноста, оставам да избројам до 10, диши-издиши длабоко Ретко критика ме прави несигурна, особено конструктивната туку ме тера да мозгам, анализирам и преземам нешто, да променам нешто кон подобро. И....дали на форумов пишувате рестриктивно за да не бидете критикувани и изложени на критички линч или си пишувате така како што ви лежи? Си пишувам како ми лежи, ако пречи некому жал ми е што ми придава толку значење да се замара за работи кои се многу споредни во животот. Ама кога ќе осетиш многу поозбилни нешта во животот тек тогаш можеш разумно и трезвено да го сфатиш и признаеш тоа.
Прифаќам критика на убав начин кажана, не ко до сега со висок тон и неправилно искористени зборови.. Се лутам малку ама бргу минува, критикувам ама ретко повеќе сакам ко совет и ублажено да го кажам.. Знам да се извинам,да признаам и прифатам грешка, тоа воопшто не ми е проблем.. Сепак зависи од личностите и ситуациите...
Дали критикувате? Зависи каква критика. Конструктивна критика давам на блиски лица. Критиката секогаш се однесува на постапка или мислење. Изглед на крај памет не би ми текнало да критикувам. Знам и многу лошо да критикувам, ако сум провоцирана. Имам многу добра меморија, па може да ги потсетам на контрадикторности што ги кажале или правеле од пред 10 години. Дали ве критикуваат? Да, исто најчесто блиски лица. Не уживам кога ме критикуваат, ама не замерувам ич, пошто знам дека е добронамерно и никогаш нема навреди. Дали прифаќате критика ? Зависи како е кажана и дали има смисла. Ако е културно упатена, без никаква навреда и ако се во право ќе ја прифатам. Ако осетам дека е чисто само боцкање или дрско упатена, тогаш игнорирам. Не дека нема да прифатам ако се во право, ама нема да го покажам тоа. Сум самокритична. Затоа некогаш ме погодуваат критиките, зошто веќе го знам тоа за себе. Дали таа поучно влијае на вас или ве прави несигурни во своите размислувања. Не ме прави несигурна во размислувањата. После упатена критика, ќе размислам и ќе ги преиспитам ставовите. Ако утврдам дека се во право, ќе сменам размислување. Ако утврдам дека не се во право, игнорирам. Никој не е сезнаен и совршен, па секогаш да е во право. Ама да, егото некогаш проработува и можно е да се контрам и кога знам дека не сум во право. И....дали на форумов пишувате рестриктивно за да не бидете критикувани и изложени на критички линч или си пишувате така како што ви лежи. Пишувам тоа што мислам, ама гледам да не е навредливо. Навреди никој не треба да толерира. Не би ми пречел критички линч. Би ме натерало да размислам убаво за моите ставови. Ама би избегнувала да се доведам во навредлив линч. Некогаш премногу навреди се протнуваат како "критика".
Порано полошо поднесував критики. Како созревав така сфаќав дека секој си има некое свое мислење кое не мора да биде во согласност со она кое го мислам јас. Најмалку од се ги разбирам луѓето кои постојано се објаснуваат кога некој ќе им даде критика и тие ми се полоши дури и од оние кои се лутат. Јас сум критична и го кажувам тоа искрено со доза на злоба. Некогаш премногу ме нервира некоја личност и може и да ја навредам но во последно време гледам да се исконтролирам.