Тешко се справував со критиките порано ,но како што одминува времето и самите личности околу мене.Сватив дека не сакам да ме критикуваат нити критикувам некој,но кога гледам дека се упатуваат критики упорно и јас давам исто.Сепак тоа е дел од карактерот на личноста кој како свака. А за форумот не се дрзнувам бидејќи тоа е пишувано и може некој до сабајле да критикува и н.з .Едноставно се зезам по игрите ,ке читнам и ајт чао.
Критикувам се', почнувајќи од себе и најблиските, до скроз непознати според нивното однесување пред мене, и посебно кон мене. Некогаш тоа го правам гласно, кога станува збор за некој важен за мене и/или некој што сметам дека може да го разбере она што го зборувам, во спртивно молчам и игнорирам додека да помине моментот. Тоа вообичаено се конструктивни критики, бидејќи ако не ги знам јасно деталите и не се сметам компетентна да зборувам- не коментирам. Не сум секогаш љубезна, особено кога некој ми стапнува на нерв, скроз е во грешка а притоа бара совет, и не се извинувам поради тоа. Не се чуствувам должна да го направам тоа, како резултат дека грешам. Прифаќам критика само од некој што ми значи и знам дека знае за што зброрува за дадената ситуација. И од некој не толку близок за кој имам впечаток дека е стабилна промислена личност, во случај да ме заинтригира со кажаното. Тоа што го пишав горе дека важи за мене, важи и за другите кога сум јас во прашање, за да истото има основа да биде земено во предвид. Во спротивно ако сакам слушам, ако не сум расположена за разговор го прекинувам истиот и се тргам на страна, терајќи како јас знам. Со дадените критики, ако се поклопуваат функционално со мене и моите планови, и ми помагаат во остварувањето, се спреведуваат во дело. Во секој друг случај исто како и да не сум ги чула. Не ме подкопуваат карактерно, никогаш не сум била лабилна личност, нема ни да дозволам да бидам некогаш. Јас стојам позади себе. Форумот е друга приказна, не давам голема контрола на виртуалниот свет општо врз мојата личност емоционално, оти тука сум за инфо околу тоа што ме интересира да го дознаам. Тоа прави самата да откријам некои работи по пат за мене, но другите учесници се скроз небитни надвор од напишаниот текст.
Критикувам и често ме критикуваат, дали било за однесување, мислење, изглед. Критики можеби прифаќам, но не одма во моментот кога ми е упатена, нема шанси да дозволам во моментот да покажам дека ми е грижа или дека допира до мене, а од после размислувам и согледувам дали е во право со тоа или не. Дали влијае поучно на мене критиката или ме прави несигурна. Никогаш не ме направила несигурна, ама има критики за кои доста сум размислувала и на крај сум увидела дека не е злонамерна, и сум извлекла некоја поука, но доста често некој критики ме лутат и нервираат. На форумот си пишувам исклучиво онака како ќе ми дојде никогаш не сум размислувала дали ќе бидам критикувана или не, а сум била критикувана неколку пати и искрено за дел од критиките одредени членови биле во право а дел и ме изнервирале, ама не сум се впуштала во подлабока дискусија.
Критиките ги прифаќам од зависност во тоа какви се. Доколку некој ме искритикува заради нешто што стварно може да штети некому, прифаќам и не се лутам. Знае да ме повреди, поготово ако таа критика ми ги отвори очите ама на крајот на денот сум благодарна. Доколку некој ме искритикува за нешто што ми штети мене (лоша исхрана, цигари...) Знам да изреагирам одбранбено и да не признаам во моментот. Ако некој константно ме критикува за нешто што не треба да го интересира и реално не штети на никој, ни на мене (стил на облекување, жанр на книги/филмови/песни и слични вакви карактеристики) - игнорирам. Критикувам само кога сметам дека некој ептен греши. Генерално не сум директна, некако чувствувам страв каква реакција ќе добијам. А и не гледам потреба некои работи да се критикуваат. Ама кога некој си прави себеси или на другите лошо и никако не се поправа, не можам да преќутам. Секако, сметам дека секоја критика треба да биде убаво кажана и да се процени карактерот на тој што е критикуван, не сите реагираат исто на критики.
Луѓе што не може да се справат со адекватна критика ми даваат впечаток на егоисти или луѓе со премала самодоверба. Ако ми даде некој критика ќе размислам дали е така или не. Прифаќам добри, издржани критики. Прифаќам и критики од сама себе што сум сфатила дека некои работи кај мене не чинат и треба да се сменат. Не секогаш некој ако ве критикува е знак дека ве потценува/ве прави слаб.
Добивање на конструктивни критики со совети е нешто најдобро што можеш да го добиеш од некого. Најчесто таквите ги прифаќам и возвраќам со исти, кон оние што ми значат. Тоа го правам зошто сакам да прераснат во подобри и поуспешни личности. Многу е битно и како се дава критиката. Дрскоста не е пријател, никогаш. Знам да бидам и доста самокритичен, што некогаш знае и да е лоша особина.
Би дала критика на некој кој ми е драг и сакам да му помогнам. Особено ако побара мислење. Го очекувам истото и назад. Неќам да прам нешто и то нешто да е грешно и да не сум свесна за то и да немам некој да ми кажи или лице да ми прај дека е океј. Ова го очекувам ПРЕД СЕ од блиските. За останатите, ретко давам критика освен ако не мислам дека можи да му поможи и би ја прифатил. За прифаќање, прво пробам да видам дали критиката е издржана или е само напад кон мене. Некогаш е второто. Следно, гледам дали можам да ја применам и дали ми менва нешто многу. Накратко, влијај од кој иди и колку е издржана. Макар и да е издржана ама ако не можам да ја применам во моментот, сепак ми е мило да ја имам слушнато и ја држам at the back of my head.
1. Да критикувам, мада мислам дека тоа нема ништо да смени, верувам дека луѓето си ги знаат маните и остало, ако некој е ѓубре од карактер или прави прљави работи и слично си знае, као свесен е за тоа, и сеа ти ќе искритикуваш дека тоа е лошо или дека е лицемерно ѓубре од човек итн и ќе ти кажат таков сум јбг и тоа е.... Некои можеби ќе се замислат и ќе се подобрат али тоа е мал процент. Или одма дефанзивен став со одговор а ти шо боље да не си, или некој таму изговор зашто биле такви бла бла.... 2. Секако, фамилија особено, пријатели, критика со мал зачин на бурек јадење али пак си ги сакам и ок е. 3. Прифаќање критики зависи од личноста која ти ја дава. Ќе прифатиш во двата случаи, ама едното ќе биде онака ради реда да де знам само не ме замарај, а другата особено ако е од личност што ти значи, да би се замислиле можеби. 4. Ниту поучно влијание, ниту несигурно размислување. Као, веќе ги знам маните и лошите работи, некој ако потврди тоа нема да има ефект некој реално бидејќи веќе сум свесен за тоа, единствено останува да се подобрам или да остане така. На форумот избегнувам критикувања у глобала, освен политикине ,(ама тие не се поучни или конструктивни, повеќе е као мрш у три лепе), модератори ако нешто мучка праат и бришат нешто што не треба итн, прво нема поента, као некој ќе рече еј Јипи или некој рандом член ме искритикува, еве сеа ќе се сменам итн...као не ме зезај да се отвори тема да се критикуваме сите ќе заврши ко сите други bazillions теми и разговори на форумов што ги отворија и затворија бидејќи заврши со ти ќе ми кажеш те множам со нула, ама insert citat od 2013, ти си исто ѓубре глеаш тука си пишала лажов еден.... Али морам да пишам, еднаш пишував не знам споено, и дојде Лоли ме искритикува за лошото пишување и ете од тогаш пишувам одвоено... ете ако тоа се рачуна за некоја си конструктивна критика (иако убаво ме поќења пред сите) што "сменило" некој член на форумов...
Тука зависи и начинот на кој го кажала. И јас така знам да се зезам со другарка ми и да се смееме и двете. Ако то го кажала тоа сериозно, страшно... Сега ми текна, еднаш една цурица ме искритикува дека ми се гледаат брадавиците, не ми се веруваше.
Најчесто одбегнувам да критикувам некој. Се грижам и премногу за туѓите чувства, па често премолчувам. Е, од друга страна често ме критикуваат. Прифаќам секогаш доколку е критиката на место и гледам да го сменам тоа за што сум критикувана. Доколку е само без врска муабет, колку да ме боцне и предизвика кавга, не обраќам внимание и не се спуштам на тоа ниво. И се согласувам со повеќето од вас, битен е и начинот на критикување и ќе додадам дека сум личност која доколку направи нешто убаво сака и пофалба.
Дали критикувате? Да , секогаш кога мислам дека е нешто за критика го кажувам , ама не дека сменило нешто ако е некој наивен и глуп таков ќе си остане колку и да му зборуваат. Дали ве критикуваат? Да , посебно мајка ми Дали прифаќате критика ? Зависи од кого , најчесто ја сфаќам критиката како напад. Дали таа поучно влијае на вас или ве прави несигурни во своите размислувања. Зависи од која личност доаѓа критиката и какво мислење имам за личноста. ... И....дали на форумов пишувате рестриктивно за да не бидете критикувани и изложени на критички линч или си пишувате така како што ви лежи. Си пишувам се што ми лежи дури и кога знам дека повеќето нема да се сложат со мене.
Кратко и јасно: Дали критикувате? Да Дали ве критикуваат? Да Дали прифаќате критика ? Да Дали таа поучно влијае на вас или ве прави несигурни во своите размислувања. ...зависи од критиката може и така и така И....дали на форумов пишувате рестриктивно за да не бидете критикувани и изложени на критички линч или си пишувате така како што ви лежи. Пишувам шо мислам ниту сакам да се умилкувам и да глумам тоа што не сум, ниту да ми се умилкуваат шо мислат нека пишаат по едноставно не може толку од мене
Дали критикувате? Да и знам да бидам многу остра со критиките понекогаш. Дали ве критикуваат? Да и воопшто не го сакам тоа. Дали прифаќате критика ? Да Дали таа поучно влијае на вас или ве прави несигурни во своите размислувања. Не влијае никако бидејќи секогаш самата за себе си решавам и мислам дека се си знам. И....дали на форумов пишувате рестриктивно за да не бидете критикувани и изложени на критички линч или си пишувате така како што ви лежи. Што ми дојде на ум тоа пишувам.
Дали критикувате? Да, ама гледам да бидам блага во критиките, освен со другарка ми Дали ве критикуваат? Да Дали прифаќате критика ? Зависи од расположение Дали таа поучно влијае на вас или ве прави несигурни во своите размислувања? Кога како... И....дали на форумов пишувате рестриктивно за да не бидете критикувани и изложенина критички линч или си пишувате така како што ви лежи? Пишувам што ми лежи...
Не се замарам воопшто Ниту ме интересира некој за да го критикувам ниту ме интересира нечие мислење што мисли за мене Немам мн време и да помислам нешто такво Auf Wiedersehen
Прифакам критики ама не критикувам. Ако некој побара мислење искрено кажувам а без да ме праша некој не се баш замарам. Освен на најблиските ако нешто се двоумат тука сум да и помогнам
I jas sakam da me iskritikuvate, kako nepoznati,bas me interesira vaseto mislenje. Vo realnosta, kritika prifakam samo od odredeni licnosti koi se brojat na prsti,mora da naglasam deka ne gi obazavam,no ke soslusam. Sakam da dadam kritika koga mislam deka drugata strana e na cekor da napravi pogresna bitna odluka,za sitnite raboti sekoj moze da gi popravi no za golemite i jas sakam da cujam iskreni mislenja i soveti. Ne sekogas mi deluva kritikata, so ogleda deka sum rak so bik, pa toj bikot e malku poinaetliv i doaga do izraz se poveke so tek na godinite. Pa neznam mozebi koga ke podostaram ke se promenam!