Знам да препознаам конструктивна критика и да ја применам. Порано многу критикував и наоѓав маани, сега не.
Прифаќам критики. Очекувам и моите критики да бидат прифатени. Ама има такви кои не ги прифаќаат. Имав другарка која се лутеше ако добие негативна критика. Сакаш мислење, испочитувај го. Па дури и да е негативно.
Примам критики од личности кои ја заслужиле мојата почит и знам дека се добронамерни. А почитта се заслужува, и не се дава на "секој" "туку така", поготово денес. И сама сум самокритична кога треба. НЕ прифаќам критики од кое какви профили што живеат за тоа да ти најдат флека, зошто и самите се такви флекосани, калосани, и не знаат за поинаков начин. Ако нема ќе ја измислат, или ќе пробаат да ти ја стават на чело за да те флекосаат и они како нив, за да те спуштат(во нивна глава) као на нивно ниво или испод, и потоа као изиграваат некоја као величина, и се тоа као пасивно-агресивно. Таквите искомплексирани човечиња што не си ја завршиле домашната да се изградат во личности вредни за почит, зошто повторно не знаат за поинаку, би да лечат комплекси на нижа вредност на други , за жал денес почна се повеќе да ги има, насекаде се, и затоа ги нањушувам оддалеку и ги множам со нула, што и се.
Чекај да видиме како примаш критики-врска немаш Инер Пишувам како што ми дојде...само морам да внимавам кривично да не одговарам за нешто пишано. Јер па и не смееш да критикуваш секого, јбг
Давам (издржана) критика, примам (издржана) критика. Сето вон ова не го перцепирам зашто е налик нешто да се "измудрува". А мудрување ич не сакам завиткано во форма на "добронамерност". Од друга страна, за да побарам критика повеќе би се обратила на рандом човек отколку од овие што ги знам. Одамна не барам критика од свои зашто ги удира тро повеќе во глава.
1. Ретко критикувам, кога има потреба и смисла да се искоментира и искритикува, тогаш го правам. Зависи на кого, колку е личноста отворена за критики и разбира. Со некои не вреди да се замараш да им укажуваш оти одма кавга ќе следи. 2. Ретко добивам критики. 3. Дали прифаќам критика зависи од тоа кој ја кажува, колку е на место и дали е кажана со добра намера. 4. На почеток критиката ми е непријатна, ја доживувам како прекор дека нешто не правам добро, но потоа размислувам и ја искористувам за подобрување. 5. Немам проблем да бидам изложена на критики на форумов, слободно си искажувам мислења па кој што сака може да си кажува и мисли. Не ги сметам за релевантни критиките тука бидејќи тука не се знаеме, не се познаваме, кој каков е во животот надвор од овој интернет простор, не знаеме. Поради тоа, критиките добиени тука ми се речиси безначајни, најчесто кажани за напад а не за корист некоја, од кавгаџии со кои немам ништо. Или ќе ме изнервираат или само ќе се насмеам.