Против дефинитивно, доколку не ја познавам личноста приватно. Мој совет ти е да го блокираш неговиот број за да не може повеќе да ти врти... Памет за друг пат, сигурно знаеш за старата поговорка ,,Два пати мери, еднаш сечи", така да следен пат размисли на кого даваш мобилен. Се надевам ова ќе се реши во брзо време. Поздрав од мене
Сум дала број од мобилен преку фб во инбокс на личност со која се познавам, ама нема мој број, или нов пријател со кој тазе сум се запознала и лично, ама знам дека не е некој нетокму. А, број на непознато лице никогаш не сум дала, ниту ќе дадам. Од тоа може да се навлечат многу проблеми. (Порано ми се јави возрасен маж, као `погрешен број`. Оттогаш немаше ден да не ми звони. Каде и да одев моб. ми беше исклучен, зашто од него имав милиони пропуштени повици. На крај кога сакав да го сменам бројот, дури и да го пријавам бројот во полиција, самиот се откачи).
На некој шо не го познавам нормално дека не би му дала број...аа ако е некој шо го познавам ќе му го кажам
Мислам дека единствен на кого му иам дадено број преку фб е дечко ми после 4 месеци тегнење да излеземе и да се муваме. Ама се знаевме од претходно
Еднаш ја направив таа грешка,па сега пред да го давам бројот на некого ќе размислам 2-3 пати поубаво .
Немојте со вакви работи бе деца, и сами знаете денес што се нема на интернетов. Какви не манијаци има од другата страна. Никој никогаш не може да биде сигурен дали и кога ќе налета на некој таков. Од играчка, од зафрканција - до какви работи иде поради наивност и непромисленост пред да постапите вака и да дадете ваша лична информација. И не само за ова, туку и што се не се споделува на Фејзбук, има такви луѓе кои после 2 минути листање на нивниот профил можеш да знаеш каде се, со кој се, дури и до кога ќе се таму, каде ќе одат потоа, кога се вратиле дома, во која соба од куќата чија адреса е напишана на Фејзбук можеш да ги најдеш... катастрофа!
ЗА. Секако не на секој со кој се допишуваш, но ако се допишуваш со намера и ти се допаѓа и се договарате да излезете, не гледам зашто да не. Се договараш за излегување и разменуваш број, барем знаеш дека ако доцни има начин да те извести за тоа.
Против сум и глупо ми е ама имам дадено број преку фб. Ама на личности за кои претходно имам дознаено дека не се манијаци или нешто слично.