за ако се знаете од видуванје или слично... ама ако е некој што појма немате кој е и на фб сте се запознале протиивв!
Јас не би дала, би дала само во живо, она очи у очи диρеκтен сигнал . Сеа немам пρотив κој саκа неκа си дава, негов избоρ, ипаκ мој совет е во живо, што си е сигуρно, сигуρно си е бρатче .
Tехнологијата оди напред, па колку и да сакаме неможеме да станеме целосно имуни на тоа. Не сум против за давање на број преку фб, се разбира притоа да се биде претпазлив со кој си имаш работа како на пример дали профилот е лажен и слични работи кои може да се дознаат преку лајкови од заеднички пријатели итн.. Ширење познанство е сето тоа, разменување мислење и ако ништо друго едно искуство во животот плус. Поздрав.
Ако ја познаваш личноста, зошто да не. Патем јас не го оправдувам тоа прифаќање за пријател, личност која воопшто не ја познавам. Зошто би ми биле и би ми испраќање пораки? Еве мене ми се случи да прифатам бивш дечко како пријател на фб и после морав да го бришам профилот. Почна да ми испраќа глупости, а сепак јас сум мажена со две деца. Затоа не е проблемот дали ќе дадете број ако внимателно ги избирате пријателите
Му имам дадено број на едно дете а го имам видено само еднаш ви живо и тоа откако му го дадов бројот. Си пишевме вака така и го знаеш овој, оној и на крај излезе дека имаме доста заеднички познаници. Инаку не ме замара другари сме. Се слушаме 2/3 пати недлено и толку, само другарски. Инаку незнам ни јас на некој сосема непознат од нигде никаде не би го дала бројот, сепак број како број во секој момент може да го смениш.
Де бре,на човек кој преку фб го знам само да му дадам мобилен? Пу пу пу,јас на никого не му давам. Нека си купи самиот,и мене ми треба. :geek: Бројче може,ама мобилен,иј,Бог да чува
А мори па и ти не биди скржава, туу ја порано шо телефони имам дадено, едно време и ајфони делев.. :geek: али мн интерес имаше бе, брзо се потрошија ко‘ алва!
Хахаха, јбг.. ај бог нека ти го прости! ама си требала порано да ми се обратиш, него ај ако почнам пак да делам.. ќе те пишам прва на листа
Никогаш не давам мобилен преку фб, освен на некој кој добро го познавам. А ниту пак барам од некој да ми даде. Една другарка штом и дадат број, веднаш и таа го дава нејзиниот и после се жали зошто и вртеле од скриен. Епа многу нормално дека ќе и вртат кога на сите дава број.
Давам број само на тие што ги познавам подолго време.. Многу одамна еден ми побара број и дека бев со една другарка и она му го пиша мојот број и после тоа не само што ме замараше 24/7 туку го дал бројот и на некои негови другари и они ме бараа и поради тоа бев приморана да си го сменам бројот.
Na fb mi se prijateli samo onie koi gi poznavam, inace protiv sum razmena na mob preku fb na nepoznati lica
Не. Има на месиџер да збориш. Зошто би му требало на некој твојот телефонски број Спојлер Кога фејсбук сеуште се користеше
Јас давам само не на целосно анонимни ако ми досаѓа знам како да го блокирам бројот. Не користам многу пораки немам доволно време за пишување.