Еден совет мајки.Дали може да давам на малава вода јана бејби и дали треба да ја превривам пред употреба.3+ сме
Не мора Јана да е, може и друга само превриј ја прво. Не знам пред колку време прочитав нешто за Јана не знам што точно беше но дека не ги усполнувала стандардите, имаше коментари и со водата наменета за децата ли.. На почетокот ја прекрива потоа не.
Си напредува 800 гр за 2 недели качи,а вода педијатарот ми рече да не му дАвам сите различно кажуваат .
Напредокот ви е суперрр. Кој педијатар е бре тоа хахава На 3 педијатари идам и го делат ставот со сите напредни педијатри дека вода е основа за здрав организам. Како бре на 50степени вода да бе дадеш. Јас сум еве 37г и сите во друштво ми се со по 2-3 деца израснати со вода и живи и здрави со празни листови во здраствените книшки. Јас израснав со вода. Прашај ја мајка ти, баба ти, тетка ти и околина дали вода давале. Ај не слушај глупости као ...мајчиното млеко е пола вода.... ај нека пијат тие 24/7 со месеци само мајчино млеко ( шербет благо ) на 50степени и вода нека не се напијат. Сепак ова е мој став, а ти најубаво си знаеш за твоето дете дали треба вода да му дадеш или не. Сепак сигурно 200мл нема да му дадеш Ај да се едитирам Секогаш сум со резерва од кажаното на педијатар. Зашто 5 педијатри да прашаш за било што ќе добиеш 5 различни одговори. Секогаш си се водам по мојот мајчин инстикт и секогаш некој од постарите прашувам за било што. Сепак не изгледале нас живи и здрави. Јас во мојот круг на пријатели па ни нивните деца што се ( деца кој се по над 10г ) , ниедноооо нема алергии, проблем здраствен, ниедно немало проблем со проодување или прозборување и тн. Ама ниедно од тие не било водено по денешниве педијатарски шаблони на исхрана по табели и дрн дрн. Денешниве деца секое 2ро е алергично на нешто, покасно прозборуваат, проодуваат итн. Сепак сум со ставот дека денешниве педијатри као у Занзибар да идат на специјализација. Океј не сите ама 80% да. Секоја мајка си знае за своето дете најдобро. Секое дете не е исто и секое дете си е различно. Затоа мислам дека секогаш со резерва се зима кажаното или се иде на 2-3 мислења и советувања кај различни педијатри. Убав ден имајте.
Педијатрите од светската асоцијација на педијатри, педијатри од најразвиените држави во светот, педијатри кои работеле на истражување и имаат издадено научни трудови по тема исхраната на бебињата..... Како бе глупости? Не пола, 80% од мајчиното млеко, она што доаѓа на почетокот при секој подој е вода и со тоа бебињата ја гаснат жедтта. Баш ме интересира со која образовна позадина тврдиш дека ова се глупости? Постојат многу причини поради кои не се препорачува да се дава вода на бебиња кои цицаат до 6 месеци. Секој кој го интересира може да се потруди да најде и да прочита.
@Lolipop23 еве ме 37г со здраствена книшка сеуште празна (Дај Боже и таква да остане), сите околу мене пријатели па и нивните деца се здрави и прави. Секој од нас од 1виот ден му е давана водичка со лажиче ( на времето така ни даваа ). И...??? Што ни фали. Имам другарка во Германија, Швајцарија и една во Финска ( мажени таму ) , 50% фамилијата ми живее во Грција каде мојата тетка во Гревена ( град ) е акушерка, 50% ми живеат во Русија. И што мислиш дали давале и даваат вода на бебињата? Да даваат и ќе даваат. И јас ете пак ќе пофторам .... пијте го секој ден мајчиното 24/7 и ќе правиме муабет. Дали еден од тие педијатри кој го кажале тоа дека не се дава вода, не дале на своите деца. Категорично тврдам дека дале. Доколку сакаш ете со име и презиме ќе ти ги наведам оние педијатри кој го делат мислењето на секоја присебна особа : дека вода се дава и водата е најбитна за човековиот организам. Еве ти уште еден факт : човечкиот организам без јадење може да издржи, но без вода не. И образложението демек ќе е дека ќе ја засити гладта на бевето и нема да јаде Глупости. Мојов син е жив пример...ако му се цица ни за вода ни за чај не отвара уста пљука се дур не му дадам цицка. Се роди 3330кг сега на 3 месеци и 1 недела има 7100кг. Крвна слика му е перфектна. И? Затоа пак ќе кажам : кој сака, како сака нека си прави. Јас на моето дете е богами на 50степени температура надвор и тек како ќе му дадам вода. И до сега фалично и болно дете не сум видела кое пораснало со пиење вода. Доколку постои таков случај баш би сакала да видам. А дали некогаш сте се запрашале колку тоа се поврзани педијатрите со индустријата на лекарства....Премногуууу, тоа е еден многу добро разработен ланец. Колку повеќе алергични и болни деца, толку пополна касата за жал. 90% од педијатрите, па и педијатри во самите болници каде се пораѓаат пропагираат по секоја цена за вештачко млеко. И ај да не должиме зашто нема крај на оваа тема оставам да си прави кој како сака. И а цвеќињата надвор место вода нека им се тура мајчино млеко зашто е 80% вода нели.... Убав ден
Се сложувам дека мајчиното млеко е 80% вода, ама на овие температури греота е на бебе, макар било на ексклузивно доење да не му дадеш вода. Водата е основна состојка за живот, особено при вака високи температури. Моето е родено во септември, вода не почнав да му давам од старт, туку кога имаше 4-5 месеци. А на големово од првиот месец сум давала, оти беше на доење плус дохрана со ад млеко. Значи, во зимски месеци, односно во периоди кога не е толку топло, бебето може да биде на ексклузивно доење, ама во лето пожелно е да му се дава вода.
Ако е надвор 50 степени носите дете? Ако е на темп од 22 како што треба му треба екстра вода? 90%од мајчиното е вода.
Бравос бе алал да ти е како знаеш за сите како одгледувале деца, па дури и за педијатрите што не ги познаваш велиш знаеш што и како давале??? Мене што ме најмногу иритира во твоите постови е зборот ГЛУПОСТИ што приметив многу често го употребуваш за некој кој има став различен од твојот. Па и потсмевањето хахахаха и сл. Велиш кој што сака нека си прави, ама сепак тие што прават спротивно не се присебни нели? (види болдирано). За да тврдиш некои работи треба да имаш нешто прочитано, факти, а не муабети од стринки, тетки, од Германија, од Тунгузија итн. Не е ова само за овој муабет, туку и на многу други теми низ форумов.
Се надевам чајчето за бебиња го мешате со млекце така? Зашто вода не се дава нели... Ок прифаќам за моето често употребување на зборот *Глупост*, океј не викам дека звучи убаво, но во секој случај не е во лоша смисла кажан. Ете може да кажам е дел од узречица. А, потсмевнувањето е резултат на искажан став кој сметам дека навистина е смешен. Ништо лично нит злонамерно. Да, знам како кдгледувале деца зашто се мои блиски другарки чии деца ги знам од денот кога ги донеле дома, да ги знам и своите внуци. Дел од педијатрите за кој пишав се мои исто пријателки. Исто така другарки гинеколози, еднокринолог и трансфузиолог. Зар мислиш дека од ракав го кажувам нештото? Синот ми е чекан точно 13г.... зар сметаш дека не сум го прочитала све она што постои. Зар мислиш не сум го истражила и не сум барала факти базирани на било што поврзано со дете. Не постои нешто кое го немам прочитано и прашано кај моите пријатели доктори. Јас во ниеден пост не пишав дека оние кој имаат спротивно мислење дека не се присебни. Или како што некој мислат дека и нокти на бебе не се сечат до 6мес. Или како оние педијатри кој советуваат дека на машките бебиња не им се отвара главичката. Или како оние педијатри кој сеуште ( иако е строго забрането на бебиња ) препорачуваат кортико креми. Како оние педијатри кој како сок да е го форсираат вештачкото млеко, без да почекаат новороденчето да се приспособи на околината итн. И да не набројувам многу има..... за никој од оние кој се придржаваат на кажаното не сметам дека не се присебни. Сметам дека не се доволно упатени или не си го слушаат својот инстинкт. И јас ете пак ќе стојам на мојот став дека водата е основа за организмот. И навистина си се чудам како децава доени од мајчино 80% вода толку напреднуваат. И навистина е апсурд да дискутираме понатака на оваа тема зашто очигледно е кога се има различен став, тешко е да се дискутира зашто се вртиме само во круг. Сепак го поштувам и твојот став и доколку сметаш дека нетреба да му даваш вода на своето бебе, слободно не давај. Доколку тие специјалисти кој ги спомнуваш тврдат дека вода не се дава, тогаш чајчето и Ад млекото треба да се мешаат со нешто друго а не со вода. И навистина би сакала да ми кажеш која е штетата од давање вода на бебе??? За постот погоре....Не деца не носи никој на 50°С надвор, но летото/горештината се осеќа и дома нели? Кога се дои е додатна топлина за доилката и бебето ( ова го разбира само оној кој доел летно време ). 90% мајчиното не е вода. Мајчиното млеко е млеко. Ако беше 90% вода ќе го нарекуваа Мајчина вода нели? Првиот млаз од мајчино млеко е поразреден/воденкаст ( така ја нарекуваат таа течна форма ) , додека после тоа е помрсно и погусто млеко. Но, сепак е млеко. Ниедно растение, животно, човек т.е. ниедно живо битие без вода неможе да опстане. И да, на 22°С па и на 5°С пијам вода и моето бебе ќе пие вода. Не давам ракија, давам вода. Ви посакувам убава ноќ.
А зошто вода или чајче да не се даде во помали количини 10-20 мл. ?Ништо нема да им биде на малите. Топло е надвор нека се освежат малце. А и не знам колку е здраво да оставиш новороденче цело време во климатизирана соба со околу 22-25 степ, а надвор 40+ степ. Секој како си мисли, јас и давав чајче на малата уште кога имаше 4+ недели. Ладна вода купував и ја превривав. Едит: некогаш се претерува со следење на модните трендови на одгледување на деца ( ова е мое мислење) па затоа пола од бебињата се интолерантни на млеко, на глутен.... Сами си правиме лошо некогаш од премноги читање на нет.
алергии,интолеранции на храна се генетска раб најчесто,вродени се и нема тука ништо поврзано со тоа дали се дава вода или не. и бебињата доени екслузивно 6 месеци се здрави и прави фала богу . а тоа што покасно позборуваат апослутно е резултат на тв,таблети и телефони кои мрзливите мајки им ги туткаат на децата се почесто и секаде за да можаат раат да бидат
Абре жено, кој ти вика да не даваш вода, твое дете, твои правила, но не се потсмевај и не вреѓај ги оние кои го прават спротивното. За твојот став реагирам, а не за тоа дали даваш вода или не, оти не разбираш? Во претходниот пост велиш секоја присебна особа дава вода... значи ние што не даваме не сме присебни? Сега пак не дека не сте присебни, ама не сте доволно упатени... Алал да ти е на самодовербата, само ти си упатена и начитана и за хемија и за биологија и за географија..... Еве дај ми макар еден линк да прочитам зошто е добро да се дава вода на толку мало бебе, велиш си читала, дај и јас да прочитам. Јас кога истражував по тоа прашање наидов само на тврдења зошто да НЕ се дава вода, се ми изгледаше логично и точно, па така одлучив да не давам, но не го наметнувам моето мислење никому. За чајчето збориш, ниту чај нема потреба да се дава на толку мало бебе. А за составот на млекото нема што да се дискутира, тоа е факт, 80% и повеќе од млекото е вода. Еве ти прост пример, за АДто збориш, нели е направено по состав најслично на мајчиното, кога раствораш АД колку сува материја ставаш, а колку вода?
Бебето ми има 6 недели и сакам да почнам да му давам чајче или вода, до сега е само на млеко мајчино, па ме интересира по колку мл дневно сте давале вода или чај на оваа возраст, и ако му дадам чај дали да му даддам и вода? Чај купив од хип и тика пишува кесичката во 200 мл да се раствори, тоа не е мн?
Иако пишав дека дискусијата ја завршив и нема да ја продолжам, од проста причина зашто е судар на два различни става, ќе направам отстапка поради ова погоре. И Цедевитата ја раствараме со вода во ист сооднос како Ад со вода, нес кафето, чајот итн. Уште попрост пример ти дадов. А јас како културна мајка и цивилизирана само ќе те поздравам .
Сестра ми,доктор,дава вода од трет ден. Ја слуша мајка ми која не има изгледано и нас и внуците(моите деца). Другарка ми,доктор на медицински науки,тазе породена,даваше вода уште од денот кога ја пуштија дома со бебето. Мене педијатрите пред повеќе од 10 год ме советуваа да давам вода и давав.Кога икаше бебето и капка лимон.И чајче со ким за грчеви. Колку се сменети бебињата од тогаш до денес?
Нема да му го даваш цело. 50 до 100 мл. меѓу оброк може да испие еднаш или два пати во денот. Моето само на хип чај не сака, другите ги пие Од оној во мали кесички зеде? Многу е непрактично оти тоа не може да испие 200 мл, а чајот се дава свеж, што значи ќе треба да го фрлаш. Земи си следен пат на хумана или бекутан. Знам дека не го преферираат бекутан дека е со шеќери, ама за какање е добар.
Значи ако му дадам два пати во денот треба два пати свежо сварен да му дадам? И два пати по 100мл или 100 мл преку цел ден?