јас имам на чико за водичка мн сум задоволна не течи само мора да цуцне за да течи .. исто ко дојката е..
Ако се засркнува често подобро со лажичка му давај. И исправи го кога му даваш. Јас за млеко ја проширував додатно цуцлата, бидејќи не течеше а за вода ми беше таман.
А какво шишенце користите за вода? Мустела калма ок е? Томи типи не . Сепак и со лажичка се мршти. Јас купувам хипп водичка, педијатарот ми рече слободно ладна не фрлај толку пари.
и јас купував хип па јана бејби, додека не прочитав дека амбалажата е чист маркетинг, сега купувам обична јана
Томи и Типи малото го користам за вода. Прво со првичната цуцла 1. А, после 3тиот месец ја сменив со 2јка. Најадекватна ми се виде цуцлата нивна и не ми направи никогаш проблем со доењето. А вода од прв ден кога дојде дома, му ја давам Пелистерка или Евина и никогаш не ја зоврев. Само некогаш малку ја затоплувам ако сакам потопло чајче да му дадам кога е свежо надвор.
@eli25 bilo koja od kupeckive vodi e ziv otrov. Plastikata vo koja sto e vodata e koznae kolku greena na sonce i ispusta stetnin materii. Najisplatlivo i najbezbedno kako za vas doma taka i za bebus e da si kupis filter od Setec ne se skapi se montira na cesma okolu 600 denari posle samo filter menjas okolu 300 denari e.
Мислам дека сепак содржината или вредностите на купечката вода е подобра од филтрираната вода од водовод. Се слагам за пластиката, би било идеално од стаклена амбалажа да се користи ама...
Staklenata ambalaza e vo red samo vodata vnatre e prasanje kakva e dali e navistina izvorska, denes na zalist za pari pravat sekakvi mucki. I ovaa od vidovod ne e bezbedna ama procistena spored mene e sekako podobar izbor. Na kraj kraeva vozduhot e katastrofa da ne odime vo krajnosti do tolku.
Мислам после десет месеци, па и после година, само да не се многу концентрирани. Јас уште давам на малово од чајот од коморач на Хип, не сум дала домашни, освен од бел слез за искашлување.
хип и холе давам ама секоја вечер дур спие пие по 200-250 мл и си велам да не треба да сменам за недела дена сме годинка. знаеш, страв ми е од толку често филтер чај, ова трае значи скоро година..
Појаки се природниве чаеви, поголема е концентрацијата на состојките во нив. Ама многу пие, тоа ноќе или како?
Навика е тоа, ќе треба да му скратиш. Ќе плаче неколку вечери, после ќе научи дека нема и ќе спие. Поголемо е потешко да го одвикнеш, да си знаеш. Башка да не потрае ова предолго, ќе ви го отежне одвикнувањето од пелени (јес да е рано, ама имај си на ум). Значи кратење на пијалокот, а може е најубаво сосема да прекинете, наеднаш.
хмм, не сум размислувала околу ова, баш како што рече - рано дека е за одвикнување од пелени. он и преку ден пие многу вода, фала богу и јадач си е. кога се буди за чај од прилика тоа е еднаш накај 23-24, потоа накај 03 и еднаш пред станување. мака не ми е зашто почна и сам да си го зима шишето да се напие ако е до него. велиш да продолжиме со хип и холе?
Тоа околу полноќ пробај да го тргнеш. Работава е што е количински многу 250 мл за бебе-дете за ноќно време. Да е голтка-две, ајде во ред, ама цело шише е многу. Пробај да се одвикнете додека сте со овие чајчиња, а после годинка пробај од маточина малку пред спиење. Ќе го смири, и можеби нема да се буди.
хмм... а може ли на овој начин, кога ќе побара да му дадам ама да не му давам колку што сака туку на 20-30 мл да го прекинам? бидејки ми се има случено да немам приготвено чај и да не дадам па се расони и стана. заспа откако се напи...