Да ја давам така веќе 6+месеци и никогаш не сум ја преврила. Немаш потреба, се преврива водата од чешма ради бигорот. Некогаш само малку ја загревам флашираната во микро доколку сакам да му дадам топло чајче ( мада многу ретко ).
По колку вода им давате на бебушките ваши и дали секој ден им давате. Ние сме 2 месеци ама несака многу да пие и давам со лажиче неколку капки само. И чај не и давам не сака. Само на млеко сме а за грчеви користам капки гас бимби многу се ефикасни.
Мојот некогаш ќе се напиеше некогаш пљукаше. Не форсирав еве и ден денес. Колку сака толку давам. Аи надокнадува со млекцето течности немај гајле.
Majkicki kakva voda im davate na vasite bebuski od sest meseci nagore I po kolku casa vi spijat preku den
Добра вода, Ладна, Пелистерка значи една од овие обично зимаме. Мојов од денот кога дојдовме дома му давам вода ама некако не ја сака, не форсирам. Секој ден му го полнам шишето со тазе вода и му нудам во текот на денот, највеќе после кашичките сабајле и поручек. Ете нека сум наполнила 100мл во шише ( мада никад негледам колку ставам ) али секогаш вечерта ја фрлам водата реткооооо да се испие онака асално како што некој деца пијат вода. Некој денови како сум ја стаила така ја фрлам, некогаш дали 10-20мл ќе испие. Ама незнам може зашто цица го дојам па така надокнадува течности и затоа може нејќе вода.
Jas do sega prevrivav ladna ama deka bese pomala pa sakav da ja prevriam e sehga nataka nez ne mislam da ja prevrivam a I jas davav od sam pocetok I mojata iako cica mn mi pie I vodicka sega pa I koga jade lapne nekolku lazicki pa saka vodada pie pa pak prodolzi da krka, taka se nauci
Еве и мојов на сред јадење некогаш ќе кенка и ќе дадам водичка, ќе се напие малку па пак продолжува со јадење. И внук ми скоро 2г има и ден денес пие некогаш на сред јадење вода Искрено никогаш флаширана вода не сме ја превривале ни за внукми ни за синми. Имаме другар ни работи во Пелистерка, па ни објасни дека немаме потреба од превривање зашто е обработена термички и филтрирана. Ако веќе се преврива најдобро е домашната од чешма вода да се преврива. Инаку мојов не е баш по водата ама упорна сум сепак е најздраво вода да се пие, ваљда ќе пропие Колку оброци воведе т.е. дали сте само на доручек или и ручек имате ?
Биди упорна нуди често сигурно ќе си пие повеќе водичка како расте. Јас воведов втор оброк пред недела дена. Насабајле кркаме овошје напладне зеленчук и готвам дома. Мојава да не ја урочам почна да ми крка многу си бара морав да воведам ем цица уште. Не и мерам количински колку сака јаденекогашповеќе некогаш помалку зависи што има на менито хахаха. Ние супер сме со тежина на точно шест месеци имаше 8.800 а се роди 3.700. Јас и воведов на пет месеци цврста грана односно почнавме по малку да пробуваме вкусови зашто осекав дека е гладнечка и знаев дека со млекото нема да ја наручкам како што треба. Вие како си кркнувате само еден оброк имате уште или воведе и втор?
За бебиња бирајте ниско минерална вода. Натриумот да биде под 20мг/кг. Ако имате од каде најдобро е да купите во стаклена амбалажа.
Со дохрана почнав да му давам од точно 5месеци,а сега на 6 почнав со втор оброк. Не му беше доволно само мајчино почна некогаш да бара да цица и на 1-2ч. Мојот се роди 38+ недела 3330кг, на точно 6месеци имаше 9100кг. Али тоа не ме плаши зашто е генетика од родителите, јас и мажми исто сме биле дебелки бебиња па еве ме 37г со 51кг и мажми 74кг Нека јадат само и да се живи и здрави. Внукми беше исто буцко па после стагнираше и еве го 13кг на 20мес. Ќе почнат да лазат па да идат и ќе се поактивни па ќе бидат манекени буцките наши Иначе овошје сабајле а зеленчук со мевце навечер му правам. По препорака на педијатар и жолчката веќе ја воведувам. Доста работи веќе и јаде. Фала богу со педијатарот и алергологот што се советувам ептен им верувам, но имам пријатели кој веќе имаат и по 3 деца и сите израснати па и со нив се советувам и со сестрами ☺. Сега од 7+ ќе воведеме и вечера. Си јаде супер некогаш и 200гр јаде оброк ( блендерот ми е со лзнака па отприлика гледам колку испаднало напраеното ). Не фпрсирам давам колку сака и никогаш не сум била и сум против дека треба да изеде волку или толку. Еве сега ги вади долните две забчиња ( до пола излегоа ) и 1на недела уста нејќеше да отвори само праев и фрлав каши ем и тт крена па не јадеше баш. Ајде може ќе се посватиме ја и ти
Не знам кога навечер му даваш месо, а немој да му даваш пред спиење. Месото е поспоро за варење и прави потешкотии. На нас некогаш ни смета кога јадеме тешка храна пред легнување, а не па на мало дете. Мој совет ти е тоа, натака ти си знаеш.
Лелее сеа глеам што сум пишала ама ваљда примети дека после тоа пишав дека вечера ќе воведам понатака Не му давам вечера сеуште му се многу 3 оброка, а и не би давала тешко т.е. месо навечер никогаш грешка сум пишала во брзање.
Во 4 и 30 сабајле којзнае што сум читала Мене ова ми падна во очи, не ни приметив дека за ручек си мислила.
Супер сте си баш и доста слични работи и кај нас се случуваат и ние со забчињата сме исто. Хахаха е може за сватство баш и родендени заедно ќе славиме тука се разлика некој ден.
Јас му давам и чајче и водичка. Вода пие секој ден колку сака, а чај му давам на неколку дена или кога одиме негде во кола ако почне да ми плаче му давам чај.
4+ сме и само на адаптирано, ама не сака да ми пие вода и чај. Кога ќе му го приближам шишето се мршти, плука. Е сега ако е ептен уплакано тогаш може да се напие, вака не сака. И со лажичка пробував ама пак плука. А сум читала дека тие што се на ад треба да пијат вода или чај редовно.
Исто е и кај нас ние сме 3 месеци кога му давам вода одма ја плука со сила ако голтни голтка две прави фаци исто како да му се гади од водата. Чајот на Хип не ми го пија бидејќи не му е благ, бекутанот е поблаг и него го пија ама не му давам секој ден, кога му давам пие по 50 мл некогаш и повеќе. Мора да пијат вода и чај за да не фатат запек. Ние од како го сменивме млекото земавме Хип нема проблем со запек си кака 2-3 пати денот.
Мајки доени бебиња имаат потреба од вода?? Почнав да давам чајче заради грчевите, давам по 10тина мл повеќе не ни сака да пие, на 3-4пати. Па мисла ми остана да не треба течност да дадам да не е жедно
По најнови ставови не, на доено бебе вода не се дава. За ексклузивно доење, бебето треба да биде само доено, ни вода, ни чај. Но, имаш право на избор, ако има грчеви и ако се смируваат со чај, давај чај. Ако сакаш да дадеш вода исто можеш. Ќе наидеш на разни ставови и искуства посебно околу водата. Јас лично, имам зимско бебе и не давав ни вода ни чај до 5 месеци додека не почнавме со дохрана.