Сите педијатри различно кажуваат. Ама по правило, се препорачува да не се дава вода или чај до 6 месеци ако се дои, а ако е на вештачко млеко, со дохрана се почнува од 4 месец. Но, ќе кажам, секое бебе е различно. Преку мајчиното млеко, кога се дои на секои 2-3 часа си добива се' што му треба. Ако педијатарот процени дека не му е доволно, т.е дека не напредува, тогаш се дава и дохрана. А во тие кашичките многу, многу не верувам - подобро би му спремила домашна кашичка, иако не знам за потеклото на продуктите кои ги ставам во неа (сигурно не секогаш може да се најде органски произведена храна), ама ако ништо друго - ќе го поштедам од конзервансите што ги има (иако велат дека во бебешките кашички нема ништо такво). За водата или чајот - се препорачуваат само ако навистина има потреба.
пробај со шише со цевка и јас го имав истиот проблем и после многу проби со разноразни цуцли на крај пробав со шише со силиконска цевка и веднаш ја прифати(ги има по аптеките).Педијатарот ми објасни дека тоа со цевката му е многу поприродно и полесно за пиење.
побарав од тие силиконски цевки и ми кажаа дека се за поголеми деца кои и дека за помали немале незнам какви се тие ти сто ги знаеш и за која возрас се
Јас не знам дали воопшто има возраст за тие шишиња ,јас во аптека го видов и купив на Нубу(мојот син тогаш имаше 4 месеци) .Самите цевки се поделени на два дела еден кој излегува од шишето кога ќе се отвори капачето и еден дел кој е внатре. Двата дела се споени со едно делче кое го регулира дотокот на течност што всушност го прави шишето безопасно.
Тотално се сложувам со тебе, иако сум многу млада за да се мешам во овие теми, ама револтирана сум од еден случај на мои познати кои на бебчето не му даваа водичка. Значи мајката беше толку убедена дека се знае дека е најначитана на цел свет и тоа било најново до 6 месеци само мајчино млеко. Мојата мајка и сите околу буквално се чудеа! Како може пред 20 години основно да било да се дава вода и сега одеднаш пу пу не важи. Мислам логично е, жив организам на кој секако му треба вода. Вода во млекото има, ама ај вас да ве видам пијте само млеко тетрапак што е уствари 90% вода кога ќе размислиш, па пак ќе осеќате жед. Да се навратам на случајот, бебушот имаше грчеви ненормално многу, со ништо не успеваа да му ги смират. На крај конечно се смилуваа и му даваа водичка превриена со неколку зрнца ким ( кои секако се вадат) и полека, полека се потсмирија грчевите. Значи срамота е според мене да не му се дава вода на бебето. Имам видено во аптекиве се продава и флаширана вода за бебиња ама искрено мислам дека тоа се без везе фрлени пари,ама сеедно било каква само да се дава вода
Јас на керка ми не и давам ниту чај ниту вода по препорака од педијатар. Сега е само на мајчино млеко. Јас кога сум била бебе смеело да се дава и вода и чај ама сега не немам поим зашто. Ми кажаа дека можам чај од камилица во случај ако се појават грчеви. А ако не , тогаш вода и чај по 6 месец..
Значи нема стриктно правило, секоја мајка ќе си оцени сама што е најдобро за нејзиното дете...Препораките се дека не мора ништо друго освен мајчино млеко до 6 месеци (освен ако не е надвор многу топло). Да ви појаснам дека грчевите не се од недавање вода или слично туку заради тоа што некои бебиња до 3-4 месец имаат суште неразвиени нервен плексус во цревата ( најлаички што можам е ова да опишам, а да не забегам со медицински термини).. Зелената столица е еден од знаците дека детето не се храни доволно,(или доволно квалитетно) тоа ќе ви го каже секој педијатар..
јас давав и водичка и сокче и чајче пред 6-тот месец, поентата на 6 месечното доенје се состои во тоа да се одржи количината на млеко во тие 6 месеци ако предвреме се даваат некои други течности значително се намалува количината на млеко и се скратува лактацијата и кога мајката има најмногу млеко и нутри вредноста е најдобра ние му го ускратуваме тоа на нашето дете а подоцна кога ке заврши доенјето д аваме еден куп пари за витамини за подобруванје на имунитетот ,колоструми во прав итн итн, а сето тоа сме го имале во изобилие ова ке ми биде поука за второ дете
Јас сум давала на моите деца и вода и чајче од 3-от ден,кога дојдовме од болница.Големото го доев до 1,5 година ,а малото ми се одби само на 6 мес. Инаку ги слушав советите од педијатрите,само не ми е јасно како сега сосема други совети даваат од пред 5 години. Колку само нови откритија !?
Јас не давав водичка ни чај до 6 месеци некаде кај двете. Кај второто пробав порано, на околу 2-3 месеци, ми рече педијатарот затоа што беше ептен топло да пробам водичка, ама не сакаше самото. Тогаш педијатарот ми рече дека ако не сака ништо страшно, само почесто на града заради потењето и ќе нема никаков проблем. И така беше. Со млекото бебињата добиваат се што им треба, буквално. Нема поидеална и посовршена храна од мајчиното млеко. На почетокот на доењето млекото е потечно и прво ја задоволува жедта на бебето, потоа доаѓа погустото млеко и на крај е најхранливото млеко кое ја задоволува гладта и од кое бебињата најмногу растат . Затоа, колку и да ни звучи чудно, не им треба вода на бебушите. Се си добиваат од мама
Нашиот педијатар тврдеше дека ако после цицање детето испие 100мл чај или вода, дека сеуште било гладно. Подобро е да пие млеко одошто чај. Керкичката имаше многу силни грчеви уште од првите денови па ми препорачаа да и давам неколку лажички чај Плантекс после цицање. Вода им дадов дури во 6 месец, откако почнавме со кашички.
јас давав повремено еднаш на два дена или еднаш дневно на хипп чајчето чисто превентивно заради мешето, кога беше бебче 30 мл, на 6 месеци околу 90 мл и така , добро е во секој случај ем помага за грчеви ем ќе му ја згасо жеддта, значи не важи она преку млекото добива се , мора и водичка или чајч е
Вода не сум давала а чајче да. Бекутанот чајчето го користев кога имаше многу грчеви. Некогаш сакаше а некогаш нејќеше. Пробував уште на 4-5 месеци ама некако тешко одеше, едноставно нејќеше цуцла и со лаживче му давав, али во глобала не сакаше ни подоцна па не ни форсирав
ако цица бебчето мислам нема потреба ни од вода ни од чајче се додека не почнете со доисхрана . Јас на моето синче до 7 месеци не му давав ни вода ни сокче ни чајче бидејки во мајчиното млеко 80 % е вода . и нема потреба .. после 7 месеци кога почнав да го подранувам нормално следува водичка веќе .
Керка ми има 5 месеци и пред 2 недели почнав да ја дохранувам со оризова каша , овошје и зеленчук , со тоа почнав да и давам само вода , но само по јадењето и не пие многу само неколку голтки. Инаку се уште цица од мене.
Син ми уште кога имаше една недела почнав да му давам Хумана чајче за грчеви. После 2 месеци го пробавме и Хумана за добра ноќ, а веќе има 8 месеци па му давам и од овошните збогатени со витамин Ц. Мн се вкусни и ги сака.
Имам едно прашање до Вас. Кажете ми каква вода е најдобро да му се дава на бебче, дали флаширана вода која што исто така е и минерална зашто досега немам видено да има чиста вода флаширана или превриена вода од чешма?
^^ Јас на мојата и давав купечка, не превривав, едноставно ме мрзеше (толку бев ненаспана и уморна од дено-ноќно дежурање уште вода да превривам ми фалеше), требаше да превривам па да ја чекам да се олади, вака директно флаширана.
Мене педијатарот ми кажа водата само да е вриена , било да е за пиење било да приготвувам некоја крема. И тоа од чешма , не од шише. Најубаво прашај го педијатарот кај што одите најубаво ке ти каже
Има во по големи продавници вода за бебиња. 250 мл - 15 ден. Јана се вика и само таква му давам. На почетокот му давав превриена вода, но имаше ужасен вкус, јас не би ја пиела, камо на него да му давам, + тоа не ја сакаше ич. Золва ми кажа за вода Јана, за бебиња, и од тогаш само таква му давам. Купувам 5-6 шишиња наеднаш и ми стигат за скоро цел месец. Чај му давам само од камилица или од нане, кога е нервозен. Нане смирува многу.