А оние бебиња што се на ад само вода треба да пијат? Моето не пие за жива глава, ја плука, се мршти, а на ад сме. Се грижам многу. А вака си полни пелени.
Исто и мојата. Ни вода ни чај. Сега со лажичка и давам ама повеќе од три лажички не сака. Уста не отвара, а ако и дадам со сила ја плука.
Мисла ми беше да не треба течност да не е жедно, ама чим не, да не се грижам Педијатарот ни е 1збор 100ден и се на трчанка, па се заборавам да прашам, ај од понеделник со нов ќе се оправиме Јас ради грчеви форсирам едвај 10мл 10мин ги пие и тоа колку му тече низ устето не се ни рачуна а знае да пие од шише како шмука цуцето кога има млеко внатре ехехеее
@emkaemka исто за млеко не прави проблем и на празно трга хахаха Секакви чаеви пробав не и не сака. Од кога се роди и давав и по малку вода да се навикнува џабе. Скоро 6 ќе правиме не сака ни да види вода. Сега и давам со лажичка ради кашичките ама џабе само се мачиме за 5 капки.
Моето бебе и на мајчино млеко и кога почне да плаче ако не сака да цица дадам и водичка, напие се и престане да плаче. Порано не сакаше ама сега си пие.
Јас мислев за ад дека треба, еве сега прв пат прочитав дека не требало. Мислам треба да се праша педијатар, ама некој подобар. Дури и тоа со резерва...Мада, веќе потпркнато дете убаво е да се научи на вода, да си немаш мака после. Еве ја мојата некако на вода ја научив, ама чај и сок никако. Сега кога беше болна ја искусив тешкотијата на бебе што не пие ништо освен млеко.
Izvini vaka,kako toa po novo?Dali i za bebe ima novo, staro vreme?Ova doktorive znaci ne da treskaat zeleni. I mojava nesakaSe voda.Ama ja potstopluvam malku,da ne e ladna i pie. Davaj mu potstoplena.Na Ad treba da pijat bar po malku voda.Ke imaat zapek.Mojata ic ne piese pa so denovi ne kakase.Sega sekoj den si kaka,nekogas i dva pati
зошто ја топлиш водата?Топла вода тера на повраќање.Наполни обична вода (купена) и чувај на собна Т.Топлење ич не ти треба
Јас така прочитав на кога се мислев дали му треба вода или не. Мојот беше на доење плус дополнување со АД и ни рекоа не му треба вода. Неколку пати имаше запек ама не постојано и така прочитав. Новите ад млека ( во споредба со на пример пред 20 години) се прилагодени сега комплетно и за тоа. Ако има бебето проблем со запек само тогаш се дава вода и тое не многу и не наеднаш туку повеќепати во денто по малку.
Ние имаме само 4 недели До сега сум и давала само водичка, рано ли е за чајче или не е проблем можам да почнам?
Да да, бевме на педијатар и ми кажа после секое хранење да ја понудам со водичка, и ако ми плаче за краток временски интервал од кога пиела млекце пак да ја понудам со водичка бидејки најверојатно би била жедна. Но за чајче не ми спомна, а и заборавив да прашам а гледам доста мајки им даваат покрај водата и чајче....
Првите 2 недели го доев и плус бевме со дохрана, тогаш не му давав водичка заради мајчиното млеко....така ми кажаа. Но, сега кога5 сме само на адаптирано млекце, дополнително ни кажаа и водичка
И јас го дојам мојто бебе и му давам водичка. И што е толку чудно? Ми има плачено повеќе пати за вода. Ја ставам на града не сака да цица и понудив вода, се напи малку и се смири. Доените не осеќат жед?