До 6 месечна возраст децата водата ја примаат преку мајчиното млеко или преку формулата. Ако е жедно, жедта ја гаси со мајчино млеко кое во најголем дел е вода. Слично е и со ад млекото. Тоа секаде го пишува. Еве една кратко објаснување, го сумира горе-доле она што и во студии сум го читала. https://www.babycenter.com/404_when-can-babies-drink-water_1368488.bc
@kukla21 ама плачеше за вода. Кога ја ставив на града не сакаше да фате, дадов вода се напи и престана, па тогаш фати да цица. Повеќе пати така ми прави. И јас имам читано дека не се дава вода и чај до 6 месеци, ама праксата друго ми покажала.
Јас не би дала вода. Плачењето на бебе може да е за било што, а коинциденција да е смирувањето со вода. Како протолкува дека баш за вода е плачењето? Мене не би ми ни текнало да понудам вода
Си бараат вода и малите што се на доење, особено по исцицувањето на т.н задно млеко. Она првото што тече од градата и е поводенасто, тоа згаснува жед. Но на крајот на подојот е помасно, потешко, покалорично млеко и бебињата може да чувствуваат жед. А за бебињата на ад млеко е задолжително вода. Тоа и педијатрите со кои се консултирам ми го кажале. Сепак водата е неопходна за функционирање на организмот. Да, мајчиното млеко во најголем процент е вода, ама тоа не значи дека не може да се помине без неа. Од ова погоре што пишува во истражувањето, испаѓа дека ние што даваме вода и пред 6 месеци им даваме да пијат со литри, а не една-две голтки колку за измивање на устата и вкусот од млекото.
И за децата на ад истото го пишува - дека нема потреба од вода давање. Јас не ни планирам да дадам - макар и лажиче, две. Што се изначитав за вода давање до 6 месеци, на памет не ми паѓа.
@kukla21 затоа што пробав со се да ја смирам и не можев, на крај понудив вода. Си пивна малку и се смири. Последен пат пред 2,3 дена плачеше без престан а и и се спиеше, ја ставам на града оти така најбрзо заспива, не сака ме бута, ќе ја исправам пак плаче, ќе ја нишкам, плаче, дадов вода се напи се смири и заспа сама. А што си се изначитала? Не мора да даваш вода ни капка, никој не те тера. Ете јас не сум таква да си го гледам детето строго според некои си критериуми,табели и препораки. Пре би се водела според мајчинскиот инстинкт, никогаш не лаже тој.
Штета од вода може да има ако новороденче пие поголема количина (повеќе од 100 мл мислам беше). Се разблажуваат електролитите во телото и се исфрлаат, па може да дехидрира и бубрезите да се преоптоварат, а може и да намалува во тежина поради полнење на малиот желудник со вода, наместо млеко. Помалку од таа количина не е толку штетно, ама после млекото се разбира.
@forumce накај 5ти месец може и би ми текнало на водичка, ама искрено на мало бебенце не би ми текнало да понудам вода. И да завива, не би ми текнало. Си врзав во крпче дека дете вода не треба да пие и некако психолошки го потиснуваш моментот на вода давање @eli25 да не ширам параноја - и на „обичен“ гугл има доста за штетата од водата.
И кај возрасен има штета од вода ако се претера со неа. Истото што го пишала @kristina.k може да се случи и кај возрасен ако се претера со количината. Тука се збори за лажиче, две, колку да се испере устата од млекото, а не за литри вода. Количина од лажичка-две освежува бебе исто како што возрасен човек би освежила пола чашка вода.
@kukla21 кога беше помала момата и давав чај против грчеви, не го пиеше. Вториот месец веќе вода дадов, по голтка две толку пиеше. Сега може да испие 30мл дневно, додуша не секој ден, ама повеќе од тоа не пие. Епа 30мл во споредба со 600-700мл млеко (нез колку точно млеко пие) е ништо нели. Немој да мислеш дека и давам цела чаша. Поголема количина е штетна како што пишеле погоре, ама верувам дека никој не дава вода на бебе колку што тој пие
Davaj i po malku vodicka.Kako toa da e stetna vodata?!Zivi smeski.Ne i davas so litri.Aj ti ne pij voda?Sto i da jades duri i sok da se napies dusata nekogas ti bara voda.Marina vo remedika mi kaza da i davam po malku,na Ad e i moze da ima zapek.Mojava nejke da otvori usta.So sila i stiskam vo usta da i potece kapka dve
Човекот е само 75-80% вода. Без храна може да живее околу 11дена. Вез вода ни 4дена. За ова хемија и биологија се учело. Водата е најздрава и најпотребна за човечкиот организам. Штетно е да не се внесува вода. Никој не рече да се даде литар или да се замени цицањето со шише вода. Но, да не се понуди вода ми е несфатливо. Израснавме и растат билиони бебиња со вода. Оној термин за ексклузивно доење е заради тоа што некој мајќи порано прекинаа со доење, многу даваа вода и бебињата помалку цицаа. За ова Сајковски на 0+ месеци на Телма многу убаво објаснува. Како што пишаа и погоре....млекото е преблаго ( ете пробајте го мајчиното ) , на почеток е поразредено, а после е погусто и калорично. Таман работа да беше мајчиното млеко вода...бесмислици. значи бебињава напредуваат од вода пиење. Млекото мајчино е млеко. Да беше вода ќе се викаше Мајчина вода. Април се роди синко. Замислете на 50°С да не дадеш вода летно време ауууу неможам ни да замислам. Душички да се без вода неколку мл. Од денот кога дојде дома ставав во едно од малите шишенца на Томи и Типи водичка. Некој денови и 20мл у цел ден дали че испиеше,некад и повеќе. Денес ене го 10+ без вода неможе по 150-200мл на ден пие. Поготово кога веќе и ручкаат уште повеќе сакаат вода. Ден денес е на доење и ќе го дојам дур сака бебе до 2г со сигурност. На 3 мес дуплираше родилна ( 3330гр роден ) а на 6мес ја тродуплираше. Водата не направи штета за напредокот. Кога бебе сака да цица т.е. сака млеко ќе пие млеко. Мојот кога сакаше да цица и да понудев вода ја пљукаше и плачеше. Си знаат иако се мали дали им се пие млеко или вода. Ја гасат жедта со вода. Никогаш и никогаш нема ова помодарство со недавање вода да го разберам па како сака и кој како сака нека ме сфати па и нека пљука на мојов пост. Вода да не се даде ми е неприфатливо. Ниеден специјалист доктор, нутриционист, неонаталог,педијатар итн кој е доста упатен и едуциран нема да советува да не се дава вода по малку на бебиња. Нашиот неонаталог и педијатар буквално се смееше на овие начини на недавање вода и категорична беше во ставот да давам вода од прв ден кога дојде бебе дома. Ене го...напредува пу пу да не го урочам пренапредно за негови месеци иако давав вода... Поготово оние кој се на Ад е задолжително да даваат вода.
Мајчиното млеко е 90 проценти вода. Знали нема потреба од вода дополнително.И исто на ад што се бебињата нели се става да речеме 150 мл вода и 5 лажички млеко. Ќерка ми е на ад и ич не пие вода, плука, не сака да смисли, само така понекогаш чајче, па полни пелени и не дехидрирало досега.
Тоа што вашите бебиња не пијат вода, не значи дека не треба да пијат и другите бебиња. Моето бебе не пие чај и јас сега треба другите мајки да ги убедувам дека не треба чај да им даваат на бебињата нивни. Исто е нели? Точно е дека млекото е вода. Да, ама во таа вода има и масти и шеќери и протеини, витамини, минерали, антитела. Ајде ние да пиеме млеко место вода бива ли? Не бива. Млекото е благо и децата осеќат жед, особено оноа задно млеко што е погусто и помасно. Никој нема да ме убеди дека моето бебе не осеќа жед и не треба вода да му давам, барем по неколку голтки. Надвор од темата, многу мајки ги хранат своите бебиња исклучиво според табели кои ниедна не е иста. А најмногу ме иритира тоа претерано користење на нови житарици, као амарант, чиа и не знам кои други житарки кои педијатрите од постарите генерации не ги ни знаат. Зошто да се дава таква храна и да се потенцира нивната хранлива вредност како да не постои соодветна замена за нив такви како што јаделе нашите баби и дедовци. Порано немало толку храна како сега, ама немало ни болести како што сега има.