Кој бебиња ја гаснат жедта со мајчино млеко? Кое бебе прозборело за да биде тоа факт? Ете моето на 50°С не ја гаснеше жедта со доење. Ја гаснеше со вода и се осеќаше препородено. Водата им е потребна и за подобро да им го свари желудникот м.млеко и Ад млекото, помалку имаат грчеви, со водата им се регенерира кожата на телото, им се регулира столицата итн. Пробајте дајте кога плачат, кога ги боли стомаче, кога имаат проблем со столицата итн. ќе се уверите дека ќе е поарно. Али ок, нели сепак секој си знае најдобро иако праксата го кажува спротивното. Остајте го гугле и помодарството. Чист разум е поарен од гугле некогаш. Водата е живот...стара поговорка... од 20-50мл штета нема само бенефит. И после се жалите плачеле, незнаете од што плачат, изметот е ваков/онаков, кожичката ваква/онаква итн. Нит грчеви имал синко, нит проблем со столицата, нит црвенило, нит бубулички, нит било каков проблем со кожата, нит кенкал, нит зајдувал и нит и нит .... пу пу да не го подречам супер си е 10мес еве. И благодарение на бенефитот на водата. Збориме за вода, а не за Доместос нели...
Se ok,no neznam kako mozat da se oslonat na Google?!Razni gluposti se pisuvaat.Pre bi se sovetuvala so iskusna majka nego da citam po net.Sekoj sovet mi e dobredojden.Nemam koj znae kakvo iskustvo,bebevo mi e 4meseci.No znam deka probuvam se.Znam veke sto saka sto ne saka.Mnogu placese,makata me nauci na se.I uste ucam.Nema nikogas da kazam znam se.Sekako pravo na majkata e sto dava i kako dava.Ete nekoi ne davaat voda,jas davam.Toa e izbor.Ama vodata e zivot.Bez voda nema zivot.Neli taka ne ucea u skolo.
@stevemila не е само google, тоа е официјална препорака на Светска Здравствена Организација, да не се дава вода до 6 месеци ако се бебињата на доење. Отвори медицински страни сегде ќе го прочиташ истото. Мене и педијатарот ме советуваше исто, искусен стар специјалист. Ама пак ќе кажам најбитна е количината, да не се надмине нешто што може да е фатално и за што предупредуваат педијатрите, зошто интоксикација со вода е многу лошо. Сигурно не дава никој поголема количина од 50-100 мл во денот. Јас му давав поради жолтицата повеќе течност покрај доењето, но мојот не прифаќаше, и тоа до година не пиеше вода, па се беше во ред само со доењето. После оброк бараше да дои наместо вода, кратко, и ја гасеше жедта.
Abe kakva golema kolicina.Pisav pogore.Nejke voopsto da smukne.Ja stiskam cuclata da kapne nekolku kapki voda vo muceto.Nie sme inace na Ad.Marina Pop Lazarova mi kaza deka mora da pie voda.Makar i goltka.A i da ne mi kaze sekako deka ke ja ponudam so vodicka.Ic ne se vodam po knigi i citanje.I vo medicinata ne sekogas 2+2=4 Sekoe dete si e prikazna za sebe
Не зборуваме за Гугл, туку за тоа што го кажуваат педијатрите. Мене двајца педијатри уште кога се роди ќерка ми ми го кажаа истото. И едниот е со искуство големо. Јас се потпирам на докторите, а не на Гугл или што ќе кажат некои мајки. А ако ми веруваш на Гугл воопшто не читам.
@stevemila општо пишував, дека не се информациите од google. Тоа е ставот за давање вода на доенчиња на глобално ниво во медицината, и е според научни испитувања на млекото кое е 88% вода и за спречување на несакани случаи. Е сега педијатрите и советите за Ад млеко се поделени, има педијатри што кажуваат дека мора да се дава после секој оброк поради констипација и подобро варење, а има и такви што велат дека е доволно водата со која се подготвува.
Се согласувам. Но, да не го занемариме и фактот дека 10 педијатри се со различен став. Као од различни книги да учат. Исто да не го занемариме и фактот дека и ние генерации уназад израснавме со по малку вода како новороденчиња. Никој совесен не би советувал нит би дал 1л вода. Но, да не се дава воопшто вода е нон сенс искрено. Пишав и погоре кој е бенефитот од давање по малку вода да не се пофторувам пак. Во кругот на пријатели се најмалце 20 деца. Моето е најмало зашто го родив на покасни години. Најстарото во друштвото ни е 17г. Буквално сите израснаа со водичка. Пак потенцирам дека по 1л не е давано. Искуствата од оние кој израснале деца и кој ги знам ( не вака по форум каде кој што сака пишува и нит го знаеш нит деца им знаеш ) ги знам од кога дошле кд болница тие деца, здраствената историја и како пораснаа ги знам. На нив им верувам и на нивните совети и искуства зашто ги знам и им ги знам децата. И верувам и на сопствената мајка која исто така ме доела и ми давала вода. Еве ме здрава и права со празна здраствена книшка. Со овие некој помодарства во последниве неколку години не се виде никаков бенефит, повеќе деца се со повеќе проблеми за разлика од оние кој растеа до пред 10-15г па и ние родените пред 1980г. Ок и воздухот беше подруг, почвата па и медицината. Но, оние основни работи се исти. Водата е вода и од вода никој нит умрел нит се разболел. 90% дека е вода мајчиното млеко е погрешно протумачено. Пишаа погоре ( да не се пофторуваме ) што содржат тие 90%. Го нарекуваат вода ради тоа што е поредок составот и не е толку масно и густо. А не дека е вода баш вода. Таман работа да е баш вода. Па чиста логика....со 90% водата ли напредуваат и се развиваат и растат? Па ако е така тогаш само на вода може да живеат дур не пркнат. Или па дохрана ( кашички ) нема потреба да се даваат по 1-2-3 оброка дур цицаат. Доста ќе им е цицањето и само 100гр кашичка за да се надополни она 10%. Самиот термин Мајчино млеко си кажува што е. Да беше чиста вода ќе беше Мајчина Вода. Да не се занемари фактот зашто на Ад се нагласува дека е задолжително вода.... Ад млекото е тешко сварливо и затоа се препорачува давање водичка по малку за да го потпомогне варењето на млекото. Ок се раствара со вода...но и Нес кафето па и секое кафе се раствара и прави со вода, ама пак на маса се носи и чаша вода и пиеш вода уз кафе. Па самиот факт поске испиеното Ад млеко кога го миеш шишето кажува све. Премасно е шишето, лепи на прсти....замисли како е во организмот на бебе и како ќе се свари. Затоа се оние болни грчеви, проблеми со столицата итн. Океј грчевите се нормална појава зашто се оформува цревната флора, но со давањето водичка се ублажува тој процес и се вари млекото полесно и грчевите не се толку изразени и столицата е нормална. Кога бебе пие и водичка си кака и редовно, не доаѓа до запек нит до оној момент да не какаат по неколку дена. Сепак ставови сите имаме различни и џабе дискутираме ако некој си зацртал дека така или онака е исправно. Сепак се трга од самиот себе, земи пиј 1недела мајчино или Ад само и не пиј вода...па после ќе дискутираме. И нема везе дека е тоа бебе а ние возрасни. Вода си е вода и жед си е жед, организам си е организам итн. безеазлика на возраста. Ова се мисли само за водата не за исхраната нормално. И ви врска со педијатри и нивни совети. Олгица Николова и Марија Христова ( алерголог познат пензиониран ) му се педијатри на синко. Категорично се за давање водичка од прв ден. И уште 4 пријателки докторки од други бранши се за давање водичка. И самите давале и даваат на своите бебиња и деца.
Мојот се роди август. Капка вода нема внесено , не сака. И еве го 6 мес исто. Мене педијатарот ми рече до 6 мес вода не.
Сзо вика дека на бебињата не им е потребно вода, ама не и дека минимално количество вода е опасно по животот на бебето. Не ми е сфатливо на 4м бебе да не му дадам 20мл вода дневно. Вие како си сакате правите. Сзо вика и ДА за вакцините па пак некои не ги вакцинираат децата. Ова чисто за споредба ви го пишувам.
Мила збориме за вода, не за Доместос. Водата е живот и е најпотребна и најздрава за човечкиот организам. Без вода ќе нема опстанок ни за растенијата,животните па ни човековата раса. Бебе не ти пие зашто нее научено да пие. Најосновно е дека водата е најпотребна и битна за кожата. Па педијатри некогаш советуваат и медикаменти да не се даваат демек нишо не му е на бебе, а бебе испаѓа има бактерии. Милион случаеви се каде педијатар и доктор згрешиле и дошло до Х проблеми. 10 да ги прашаш различно ќе кажат. Сепак мајчината интуиција и логика се најкомпетентни. Доволен е советот од мајка или баба у врска со водата. Да не се пофторуваме веќе пишано е .... во последниве 10 год дојде да секое 4дете има алергии, атопичен дерматит итн. Со водата храната/млекото е подобро сварливо и помалце проблеми со меше се има и со столицата. Со вода и кожата на бебето се регенерира подобро и побрзо и е поздрава. Не го измислив тоа, тоа е биологија и тоа е реалноста. Сигурно 1-2л вода не даваат на деца. Ама да не се даде 20мл на ден ми е несфатливо и неприфатливо. Штета што незнаат да зборат бебињата. Мормално ќе нејќе вода зашто е навикнато на млеко на тој вкус па упорен е родителот и дава зашто знае дека е здраво. Па после и дохрана нејќат и .... зар нема да им се дава зашо нејќат? Па некад кога се и скоковите нејќат ни да цицаат нит Ад сакаат и...зар не давате? Па исто е и со водата ете една компарација. Па ни пелена нејќат да им се смени па им мењаме итн. Значи све се прави за нивно добро коку и да се спротиставуваат што е и нормално бебиња се. Ама вода фа не се даде ми е нон сенс. Кога се има уринарни инфекции се форсира секад вода , нормално и медикаменти. Со што се пие терапијата, со што се раствара сок, млеко, манџи итн ... со вода нели? Остај форумов кај шо кој сака пишува и шо сака и нит го познаваш. Еве јас и ти се знаеме нема шо да се фолираме. Прашај ги мајќите кај нас во групата Надеж за бебе....ги знаеш ете, те советувале, си советувале и сите се знаеме меѓу себе. Секоја поминала голгота дур станала мајка. Најмалце 10 се докторки, знаеш имаме и новинарки, нутриционисти итн. Ете сакаш јас да пишам пост и да читаш од искусни и стручни? Нема кој да те излаже бар таму. Ова е форум...може да пише некоја дека и најздраво рани дете, а секој ден манџи со запршки да дава. Може да пише дека го лечи природно, а го клука со медикаменти, дека вода недава а дете и пие по 1л ..... итн. Едит... Да не ме сфатиш погрешно, никој не вика дека мора да дадеш или дека грешиш што недаваш. Но, да се каже дека е штетна водата за бебе или дека несмее да се даде .... осудувачки и нетолерантно. Не збориме за отров ни за сок од киви/ананас, за вода станува збор без која нема живот ни опстанок и никој штета не видел, нит има некој документ каде се евидентирани бебиња кој од вода имале последици ( не праиме муабет за 1л вода туку за некој 20-50мл ).
Истото мислење го делам со тебе, водата е потребна, па макар и капка да биде потребно е да се внесе Давај си колку си сака самото бебе ќе си каже колку сака, ништо лошо нема да му биде аман бре што ви е луѓе вода е не е сок или ракија, јас си давам и он си пие колку му сака душичката па ете редовна столица, никогаш не ми се исфрлил; ниту пак му се исушило некое место од кожичката,ајде дај си таму
Ама не измисливме топла вода, тоа е науката и искуства на генерации билиони деца и родители. Не е отров. И да се советуваат или плашат неискусни трудници и мајќи дека е штетна е нон сенс и осудувачки/неорифатливо од секоја гледна точка.
Не се води по пишување туку по твојот инстикт, мајка не се станува благодарение на разниве статии на нет ќе те шекнат и ќе ти создадат лоша слика туку води се по твојот мајчински инстикт тој не стекнува со читање туку сам по себе, што има врска ако му дадеш на твоето бебе малку водичка, нема да му направиш лошо сигурно, сите сме мајки ете и ние даваме водичка по малку па од искуство ти кажуваме дека нема ништо лошо да му се случи Е ајде де ама секој различно некој повеќе чита на нет некои повеќе се потпира на искуство, џабе не рекле "прашај паталец а не гаталец", а на нет гаталци со лопата да ги ринеш, а тие таквите сигурна сум повеќе даваат вода од сите нас
Науката која си ја спомнала вика до 6м вода не. На времето како било е ирелевантно, ваљда еволуираме и учиме, знаеме подобро од бабите. Млекото е водата која му треба на бебето. Не за џабе 90% е вода. Не читам по нет секакви глупости. Читам научни студии. Секаде е исто, млекото во својот состав е 90тина % вода и тоа е тоа што му треба на бебето до 6м.
Еве да ви го споделам моето искуство , кога си дојдовме дома имаше цела недела тврда кака , а јас си мислев така треба ,додека за секој случај не и пратив слика на докторката од оинт и кога ми рече вода не му давате се сепнав , појма немав дека мора вода ако е на ад . Уште првиот ден кога дадов 2 лажички водичка имаше разлика . Така да секое бебе своја приказна , но ад млекото е потешко од мајчиното и мора да се дава водичка .
Секако. Вистинска студија се прави на примерок т.е. искуство. Нормално ќе какаат децата "полесно" - и возрасен ко ќе дојде во контакт со недобра храна има течна столица. За ад препораката е иста како и за мајчино млеко.