Моиве, двете, не се пијачи на вода. На првата и понудив кај 5ти месец, кога почнавме со каши, не сакаше. слично како кај @kristina.k со доење си гасеше жед. Покасно, кога се одби, едвај едвај со лажиче. Ми се чини дека околу година вистински пропи вода детево. Малово исто. Започнав да нудам кога почнавме со дохрана+6. Не сака. Еве ја, година ќе полни, па се лажеме после секој оброк малку од малку, по некое лажиче, да испие. Ни со третото немам намера пред воведување каши да понудам вода.
Ajdeee nedobra hrana bila vodata.Aman be kukle.Nemoraa da davas.Patem ne se ubeduvajte. Vnuka mi ima godina ipol.Voda pie po litar dnevno.Sok nesaka ni da pomirisa.Na toa sme site srekni.So ne vnesuva sekeri i razno razni gluposti.Ama od bebe i se davase po goltka.Naucena si e na voda.Daj i sok odma sise frla.A ovde kaj nas,sta da vam pricam.Sok pijat bez usul.Dete od nekolku meseci se zaliva so sok.Za spienje mu se dava sok.Stanuvanje sok.E toa e nezdrava hrana a ne vodata.Da ne si nametnuvame mislenje edna na druga.Eve edinstvena E kukla so e protiv davanje na voda
Тоа што не ти одговара е искуството а другото е наука Мајка здравјето на нашите деца ни е најбитно и нормално дека ниту една свесна мајка нема да даде вода а притоа знаејќи дека ќе му стори лошо на своето чедо, не се базирај на гоогле стручњаци кои своите "тврдења" се сведуваат на отфрлени истражувања и веб страни без кредибилитет. А ние не збориме за течна столица туку запек!? Водата е таа што помага да омекне столицата а не млекото, ако твоето дете добие запек зар нема да дадеш вода!???? И ќе го гледаш како се мачи додека се олесни а ти така гледајќи го сеуште ќе си стоиш цврсто на фактот убедувајќи се дека не треба вода затоа што некој си таму на нет пишал дека не смее да се дава вода а нема да се водиш по својот инстинкт?? Ти си знаеш ...
@kukla21 Ај ти не пи вода може? Mарина Поп Лазарова од Ремедика кога се породи снаа ми и рече и водичка и чајчиња ќе и даваш на малата.Да млекото е половина вода но вода си е вода и бебето е живо суштество што знаеле порано мајките од пред два века да речам имало некој да им каже што да јадат бебињата што да пијат.Па еве веков опстојал со генерации,не сум доела незнам како е но сум ја гледала и снаа ми која е медицинска сестра и братучетките им даваа водичка па ништо не им беше.Не е во ред тука некој да се убедува што да дава што не на кој како му милува така нека си прави.Ај сега бебе на 40 степени лето не му дај да си ја освежи душичкаста.
Се имам советувано со тројца педијатри околу вода давање (двајца од Ск и матичниот што ни е тука во Прага), сите ми имаат кажано вода не дур не почне со кашички. Објаснувањето им беше нема потреба се си има во мајчиното, после дека желудничето е мало и секој мл млекце е важен во првите месеци и исто така дека млекцето прави некакви наслаги во цревцата кои се добри за развој на “добрата” цревна микрофлора која ја нема кај новороденчиња а со водичка се испирале тие наслаги.
Сајковски ми рече и чај и вода кога пие ад. А кога не пие не мора. Секој педијатар различно кажува и секоја мајка треба да го слуша педијатарот на кој му верува.
Jas mislam majkata sama da se vodi po svoite instinkti.Sepak majkata e taa koja si go poznava deteto najdobro.Eve Marina ni kaza po tezina na bebeto,treba da jade po 90ml.Malava vristese.Pocnav da i davam po 120.Bebeto si spie,si igra i veselo.Ako ja slusav deteto ke mi puknese od placenje.Ke se vodam po knigi detevo da go porasnam.Ma kako ne
Што се осеќате толку нападнати?! Давајте си вода. @Sofronko права наука се базира на искуство, следено и се носи заклучок. Друго е "гугл стручњаци", а сосема друго научен труд од релевантен извор. Јас читам преку универзитетска библиотека, не на "слободен гугл". И секако на тоа ќе верувам повеќе отколку на тоа дека и баба ми давала. Верувам дека сме многу над тоа што бабите правеле. За столицата тоа е моето логично објаснување - запек, па вода (не препорачан внес) = течна столица. Аналогно на внес на недобра храна кај возрасен. @fina erika ич не ми е релевантна Марина од ремедика. Некој истражувач е? Нешто допринела во науката? Па демек она кажала и тоа е закон?! Мајчиното млеко (а и ад) е 90% вода. Тоа му е доволно на бебе. До утре може да "се убедуваме". Мајката си знае за своето дете.
За тоа се сложувам. Но не збориме за глад туку за чај и вода. За тоа сепак ни треба совет посебно кај прворотки.
Ќерка ми е на ад, не сум давала вода и нема запек. Млекото си има се што треба. До 6 месеци не треба да се дава.
Ама што мешаш баби сега никој не спомна тука бабите ова правеле или она,не ме интересира, не ми даде одговор на поставеното прашање? Или ќе го бараш на универзитетска библиотека бидејќи тоа ќе ти даде одговор?? А вашиот педијатар допринел нешто за науката? Еве баш ме интересира и ако има сподели ни тука некој ете корисен линк за сите да прочитаме Зб Збориме за жед а не за глад!
Не читам студии, не прашав ни педијатар. Вода давав по малку уште кога дојдовме дома од болница, значи со лажичка во денот по 2/3 лажички му давав. Чајчиња - бекутан од анасон пие од 3-4 недели т.е. откако го фатија грчеви. Не сум пристапник на таа „студија“ да не се дав вода. ВОДА!!! И кога некој ќе ми рече дека син ми не бил на ексклузивно доење затоа што пиел по 3-4 лажички вода, или 30мл чајче во денот, сафри ме фаќаат. Ама нејсе, муабетот е дали дававте, јас ќе кажам - да, давав, и на наредно дете Здравје Боже, пак ќе давам. Па уште во лето ако ми се роди, без размилување.
Јас не го спомнав мојот педијатар. Каде пишав јас за педијатар? Бабите беа споменати погоре во дискусијата. На што не ти одговорив?
@Sofronko а каде јас во мојот коментар нападнав дека тие што даваат вода го заменуваат млекото со неа??? Само си ги набројав аргументите што ми ги имаат дадено педијатрите. И според нив нудењето вода не е потребно ко што пишуваш ти!
@kukla21 Марина ја спомнав како е една од подобрите Педијатри.Ако за тебе не е релевантна за други можеби е и обратно.Немаше да ја почнам дисусијава во неколку наврати ги убедуваш мајките.Зборот ми е секој нека си прави како што си мисли дека треба рекол тоа педијатар или не.Некој ортопед вика Дубак може некој вика не може. И може тука до утре да се убедуваме Мајки слушајте си го разумот може да се консултирате со Педијатар и тој не секогаш ќе ви даде точно мислење.Светска здравствена рекла вака па рекла така,и што ќе му биде ако му се даде вода на крај сите ќе израснат во здрави и прави деца,вака или така.
I mojot stav e deka na bebe mu e dovolno samo majcino mleko. I ne, ne e toa pomodarstvo, toa se zakoni na prirodata. Coveckiot vid nemalo da opstoi ako mlekoto ne e dovolno za bebinjata.
Измешавте се. Фактите се тие, млеко на доенче до 6 месеци не се препорачува да се дава како што кажав на медицинско глобално ниво. Која што и каков совет ќе прифати и практикува, индивидуално е.
На доенчиња на мајчино не се дава вода тоа е факт . Но на ад се дава . Др. Марина за мене е врв од педијатар , без сомнение и верувам . Од ср одиме за ск само за кај неа . Но секој со различно искуство , не сме тука да се убедуваме , туку да споделиме искуство и мислење.