Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Давање на водичка или чајче

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. Sofronko

    Sofronko Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    785
    Допаѓања:
    984
    Пол:
    Женски
    Критикуваш педијатар и неговото знаење и искуство затоа те прашав за вашиот педијатар дали е некој истражувач, дали допринел нешто за науката!
    Не ми даде одговор за запекот доколку му се случи на твоето бебе што ќе правиш во таков случај ќе нудиш упорно млеко, ќе бараш одговор на веб портал или ќе дадеш малку вода??
    Дебатирај за негативниот ефект од водата од твоето искуство, те молам не ни нуди истражувања од вебпортали со кои можеби свесно ги ставаш во недоумица мајки што дале вода!!
     
    На sofi2107 и stevemila им се допаѓа ова.
  2. Trufe

    Trufe Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2017
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    265
    Пол:
    Женски
    Па мислам дека немаше потреба да ме поправаш, поготово не со !!! бидејќи не зборам за јадење туку споделив мое искуство со педијатри и нивни аргументи околу недавање вода.
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Sofronko

    Sofronko Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    785
    Допаѓања:
    984
    Пол:
    Женски
    За интерпукциски знаци мое право, се занимаваш со небитни работи идеш далеку од темава!
     
    На stevemila му/ѝ се допаѓа ова.
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.350
    Допаѓања:
    286.196
    Мислам дека нема потреба од бришење на досегашни постови и да се влијае на дискусијава која е прилично активна, но ве замолувам да се концентрираме на конкретната тема.
    Имаме теми и за одвикнување од пелени и за дечиња кои имаат тешкотии со говор и имаат потреба од логопед и многу други со слични тематики.
     
    На iloveyou29, LiliBoz, Sofronko и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.433
    Допаѓања:
    38.436
    Пол:
    Женски
    @sofi2107 не сакав да кажам дека се од доктор измислени, туку се научно поткрепени со факти, исто како што е научно докажано дека бебе до 6 месеци прима доволно вода од мајчиното млеко и дека ништо нема да биде ако не е понудено. Зошто познавам деца што навистина до 6 не се напиле ни капка вода, па здрави прави. Ама пак ќе се повторам и некоја количина минимална во пракса се покажало дека не штети.
    Од друга страна што рече дека водата не е навистина вода во мајчиното млеко. По состав е навистина вода 88%. Пример можеш да видеш со измолзено мајчино млеко по одделувањето на компонентите. Спореди колкава количина останува долу, а колку мал дел масно млеко се крева на површина. Тоа е доволно за нивниот раст и качување тежина, развивање и се, а водата долу што останува всушност е за жедта. Така сме создадени, тоа е природа.
     
    На joy1, An-na, Lolipop23 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.248
    Допаѓања:
    13.889
    Пол:
    Женски
    Не можев да ве дочитам ама гледам сте стигнале до нокшири, шолји, закони на природата. Вака, СЗО рекла па порекла, многупати се случувало еден став да го имаат па по неколку години да се предомислат. Како што кажа некој погоре, мајката си знае најубаво, па и за мочкањето и давањето вода и чај...не би одела дотаму...Ама да се препукуваМе кој поправилно го одлгедува своето дете, мислам дека не е на ниво на созреани жени.
    Поздрав
     
    На karibian, *Лорена*, gjoker4e и 5 други им се допаѓа ова.
  7. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.884
    Пол:
    Женски
    Се согласувам. Никој не кажа дека е штетно доколку не се понуди вода ( читни ги последните 3 страни ) , но неможе да се потенцира дека е штетно да се дава. Ако беше штетно ќе се видеше по генерациите со векови.
    Еве ме дојам сеуште, го имам и пробано м.млеко. се имам одмолзено неколку пати на почетокот ( морав зашто бебе 7дена не го носеа да не идам офф топик грешка на доктори се деси ) и знам како изгледа м.млеко отстоено. Долниот дел не е вода, по воденест е кој наликува на составот и тежината/ гуината на вода, но не е вода.
    Овде станува звор на судир на ставови и неможеме да се докажуваме. Џабе е ако некој има одреден став. Исто како и со вакцините пр. али штетност од вода неможе да се има. Не зборам за 200-500мл вода на бебе до 6мес. Но, во нормални мл понудено меѓу доење штета нема. Бебе ако сака да цица и е гладно џабе шо и да му понудиш. Жив пример е моето. Кога сакаше да цица, еве и ден денес...џабе шо сакаш понуди тој сака цицка и крај. До 6мес дали 500мл испил вода. Имаше денови кога ни капка не се напил ја пљукал несакал. Но,нудев секако и пак би нудела и за наредно дете. Напредуваше над просек иако пиеше и водичка.
    Бебиња кој имаат проблем со столица, уринарни инфекции, стомачни проблеми, проблем со кожа и сл. Секој дерматолог и специјалист ќе соверува и советува давање водичка во умерени количини.
    Али ок сепак секој е со свој став и мислење и тоа е тоа.
    Не се ослонувам никогаш на гугле и статии иако ги читам. Се ослонувам на искуства од оние кој ги познавам лично/приватно и нормално на педијатарот и доктори познаници.

    Најпаметно составен пост. Свака ти част од збор до збор реален.
    СЗО да не идеме подалеку, табелите за дохрана ги мења често, 10 табели се со различни дохрани. Еден доктор ќе каже на 2 мајќи различни совети.
    Секоја мајка смета дека го одгледува своето дете правилно.
     
    Последна измена од модератор: 26 јануари 2018
    На gjoker4e, fina erika, kikin и 3 други им се допаѓа ова.
  8. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Нема да понудам вода.

    Јас ги ставам во недоумица?? Јас не препорачувам да не се дава вода до 6 месеци. Тоа медицината така вика.
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.567
    Допаѓања:
    201.758
    Пол:
    Женски
    Препораките од медицината се менуваат секојдневно.
    Пред 35 години мајка ми после секој подој ни давала малку вода со капка лимон во неа, за да се спречи создавање на соор и да се исчисти усната празнина од млекото. А денес тоа е строго забрането. Не ме чуди, оти факт е дека цитрусот може да даде реакција, ама вода да не се дава не ми е разбирливо. Но не солам памет никому, секоја мајка си знае најдобро. Инстинкт е во прашање, а со инстинктот нема грешка.
     
    На gjoker4e, ada21, Sofronko и 7 други им се допаѓа ова.
  10. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.836
    Допаѓања:
    109.288
    Пол:
    Женски
    Јас не бев ни запознаена дека волку строго се вели НЕ за давање на вода кај бебчиња помали од 6м, ниту пак сум помислила дека водичката би направила некој проблем!
    :wasntme:
     
    На gjoker4e, Sofronko, sofi2107 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. stevemila

    stevemila Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    5.633
    Допаѓања:
    41.538
    Пол:
    Женски
    Nemoze da napravi nikakov problem.Nemoj voopsto da se sekiras.Nasite bebinja ne se slonovi da ispijat eden litar voda.Mojava i stiskam so cucla da kapnat dve tri kapki voda. Taka da od se so pricitav prethodno si se smeam sama:rofl:
     
    Последна измена од модератор: 26 јануари 2018
    На ada21, Melinda85, sofi2107 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.985
    Допаѓања:
    32.163
    Пол:
    Женски
    Јас колку што знам вода не се дава на доенчиња по препорака на СЗО затоа пшто кој ќе прицени колку е доволно вода а колку е премногу вода на бебе. Ако се напијат премногу вода може да им се наруши електролитниот баланс во организмот па да се направи голема беља.
    Е сега кој како сака нека прифаќа или не прифаќа совети.
    моето некаде кај 3 и нешто месеци кога му престануваа грчевите имаше проблем со какање. Педијатарот не ми препорача вода туку ми кажа дека ако имаат проблем со какање се стимулира аналниот дел со блага масажа а ако има потреба се става и микро клизма. Евентуално пред микро клизма се дава еднаш дневно чајче од анасон ама од засладените зашто сладот им ги размрдува цревата. Вода како вода не се нуди пред да се почне со немлечна исхрана.
     
    На eli25 и kukla21 им се допаѓа ова.
  13. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Шеќер се нуде, а вода не. Ауу браво за докторот.
    А инаку тој чај од што е направен? Од млеко?
     
    На manako1, Annath, sofi2107 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.520
    Пол:
    Женски
    Во домот за доенчиња кај што работев и водичка им дававме и чајче и кашички итн.итн.И на нокшир ги седнувавме и ги одвикнувавме и цуцли им дававме и ги одвикнувавме итн.итн.
    Па ги пораснавме во здрави прави деца.И посвоени од родители кои продолжија да се грижат за нив.
     
    На manako1, ada21, kikin и 2 други им се допаѓа ова.
  15. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.985
    Допаѓања:
    32.163
    Пол:
    Женски
    Чај од анасон од бекутран или сличен производител во строго дозирана количина. Чајот е исто направен по правила и протоколи. И да и на нет исто се препочува за запек кај бебиња. Строго контролирана количина на таков чај еднаш денвно ако бебето не се искака повеќе од недела дена ако е доено бебе и над три дена за ад млеко. Се дава само еден ден. Не секој ден. Тоа се правила не ги измислив јас само ги следев. И ги следев затоа што јас не сум стручњак за физички развој на бебиња.
    Вода неконтролирано колку што мисли мајката дека бебето треба да пие не се препорачува да се дава. Пишав погоре и зошто. Научно е објаснувањето. Кој како сака нека толкува.
     
    На fina erika му/ѝ се допаѓа ова.
  16. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.455
    Пол:
    Женски
    Последните оф топици се избришани. Ќе ве замолам дискусијата да продолжи без навреди и поврзана со темата.
     
  17. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Сзо вика шеќер и сол пред година не. И сега што правиме?

    А која е таа мајка која неконтролирано дава вода?
    Бебе кога е гладно не пие вода да си знаете.
     
    На manako1, Annath, ada21 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Troi

    Troi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2014
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    764
    Пол:
    Женски
    Јас не давам вода.
    И мене тука педијатри ми рекоја дека нема никаква потреба од вода или чај се додека детето си мокри редовно и нема некои проблеми.

    Дали ќе чекам 6 месеци без вода или ќе дадам порано тоа уште не знам, но сега за сега добри сме и без вода.
     
    На Trufe, Lolipop23 и kukla21 им се допаѓа ова.
  19. Klarisaa

    Klarisaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2015
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    514
    Пол:
    Женски
    Каква вода давате после 6 месеци ?Бебелан дали е ок или хип?
     
  20. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Најчесто Ладна или Роса.
     
    На Klarisaa му/ѝ се допаѓа ова.