Ладна најдобро.Бебелан купив двапати досега чисто онака, ама не планирам нонстоп од таа. Скапа е и само се богатат аптеките, демек посебна за бебе е.
Моето бебе вода не сакаше да пие ретко ќе голтнеше голтка-две а јас му нудев но не секој ден. Само првите 2 месеци му давав чај бекутан по 50 мл, ама не секој ден потоа не сакаше да пија. Сега сме 6 м и веќе има еден оброк и си пие водичка секој ден ама не многу пак е неколку голтки сигурно десетина милилитри.
Ако е бебето на екслузивно доење не се дава ни вода ни чај ни ништо се додека не се почне со воведување други намирници. Ако е на дохрана, нели АД со вода се прави. Се друго е перење на цревцата на бебињата кои се населуваат со позитивни бактерии и замена за калоричен оброк.
Кој чај го препорачувате за после 6 месеци кога се почнува со кашички? Дали воопшто да давам? Од вода бебево не е импресионирано
Вода форсирај многу поздраво е да се пие. И мојов нејќеше вода ама форсирав и сеа си пие. Чаеви несака.
Mojata caj nejke da pomirisa.Site gi kupiv,stojat u fioka.Gledam posle kasicka veke si pivnuva vodicka.Ne bog znae kolku ama so ogled na toa so nejkese da pomirisa,dobro e.
Нуди и во текот на денот колку сака. Ни мојов небеше ич по водата ама еве сеа си пие. Не којзнае колку ама пак пие.
Мајки, 4+ сме и до скоро само се доевме. Изгледа не фати кризниот период и мислам дека згрешив, но почнав со 1 до 2 оброци АД. Прочитав негде дека штом давам и АД мора да давам и вода? Точно ли е, јас немам понудено вода до сега никогш.
Мене ми рекоа кога ќе дадам ад да дадам и водичка. Сепак сите различно кажуваат. Прашај педијатар што го води детето зашто најубаво го знае.
НА другите опаковки од истиов чај стоеше од првата недела. Така да мислам дека може. Составот е ист, само нова опаковка изгледа.
Moze,dokolku saka.Site caevi gi probavme nejke.Doma stanavme apteka.Mnogu bev protiv becutan.Preblag e.Ama vikam aj da probam moze ke saka.Ma jok.Nejke.Ni voda.So sila i kapnuvam kapka dve nekolku pati vo denot.
Мајки имаме два цврсти оброци. Ручекот секогаш му го правам погуст бидејќи ако е редок не јади. И вода не ми пие. Сосила ако му дадам голтка две ќе голтни и плука плачи вода не сака. Чај исто не сака многу ретко да испие 50 мл во денот. Од како почнавме со втор оброк пелените не му се многу мочкани. Си кака нормално ама ова што пелените не се мочкани како порано ме загрижува. Како да го натерам да пие вода? Барем после оброкот па пивни малку.
Моето исто ич не пиеше ни вода ни чај ,почни пробај од чашка нуди му вода ,моето сега си пие по 100 мл скоро вода на ден .
Некогаш бара од чаша ама не знае да пија или ја чува во уста па ќе под голтни и обавезно ќе се задави или ја плука па цел се водени.