Јас давам водичка Јана,непревриена Чат пат ми пие А и ми препорачаа сега на жешкото и вода и чајче И чај давам на Хип Да прашам чајчето колку време може да седи на собна темп и да е употребливо? 24 часа ја бива ли? Да не варам на секое И чајчето чат пат ми го пие Ама сакам сега на топлово бар 50мл чај и 50мл вода да давам у тек на денот
Моево бебе еден месец денес т.е вчера направи и од пред една недела му дадов на два пати чајче ама како повеќе грчеви го фаќаше од чајчето и му дадов превриена изладена вода и не ми плаче веќе смирен е многу повеќе од тоа што беше , преку ден пред цицање на пладне му давам вода околу 20 мл пие и после пладне пред цицање пак пие околу 20 мл , ептен е топло греотичка ми е без вода да биде и само на цице
До 6 месеци бебиња немаат потреба од вода или чај, потребната количина на вода ја добиваат преку мајчиното млеко или преку ад млекото.Ова исто важи дури и кога времето е топло, единствено може да се даде вода само ако бебето има запек и тоа само околу 60 мл во ден.
Од прв ден давав по малку вода зашто фати и периодот лето. Напредуваше над просек и цицаше ( значи водата немаше никаква врска за да не цица и сл ). Слободно давај водичка летово зашто убаво е и за цревцата. Џабе не рекле водата е живот. Но, тоа не значи да се дава премногу. Викаш даваш пред цицање...не нема пред цицање да даваш, зашто му го полниш мелидничето непосредно пред цицањето. Ќе даваш измеѓу подоите по малку. За грчевите можеш место од купечките чаеви да даваш вода превриена со неколку зрнца ким. Многу подобро. На моето кога беше бебе му давав од водата со ким превриена. Претежно ова пиеше наместо чиста вода, за да не му дојдат премногу течности паралелно вода, вода со ким и м.млеко. затоа само вода превриена со ким давав првите 3месеци.
Па добро не е ептен баш пред цицање туку така му доаѓа , некои 15-20 мин пред цицање пивнува водичка така доктоеката ми кажа да му било полесно , а вака супер напредува.
До шест месеци не се дава вода. Преку млекото бебето си внесува течност. Мојата се роди лани во јуни, летото беше пекол, вода не давав и не дехидрирала.
Кога сака и колку сака, никогаш не сум му го тргнала шишето ако му се пие вода. И на сред јадење бара вода и давам. Па и ја пијам на сред јадење вода. Башка е лето и бебе/дете мора да пие вода во целиот ден. Ќе нудиш и колку сака толку ќе пие.
Ние допрва ќе почнеме со вкусови, уште нема оброк, нема ни 6м и затоа не знам дали уште сега да му давам. Пробав да му дадам со лажичка малку зашто многу се поти и нонстоп е жеден/гладен а и многу е топло дома и си пиеше. Да чекам до оброк/6м или да му давам?
А зашто да чекаш или зашто да не дадеш? Од прв ден давав вода, еве го жив здрав и над просек е во килажа. Никаков проблем ни со ци ање нит со јадење ми правел ради вода. Башка е пекол надвор топло, ај ти непиј вода. М.млеко па и АД се преблаги и не гасат жед. Еве земи испиј 1чаша м.млеко или АД место вода па ќе видиш. Сум пробала па затоа ти кажувам. Давај на дете нека пие вода лето е. Препорачливо е лето на високи тт и нобороденчиња да пијат вода обавезно.
Софи, упорно истото го кажуваш "ај не пиј вода" и "топло е". Науката докажала и сзо препорачува без вода првите 6 месеци од животот на детето. Двете, мајчино и ад, по состав се вода 90% и тоа е доволно да ги задоволи потребите на бебе за жед. Сакаш да читаш на "гугле", па земи читни за официјални препораки.
Кукла со години го следам СЗо кој ги мењава препораките на неколку години. Не ми е потребно да следам СЗо за дали да дадам вода на своето дете. Водата не е отров. Вода 1л бебе нема да испие. На 40°С да не понудиш вода на бебе за мене е нон сенс. Сигурно ниедна мајка нема да даде 200мл вода. Бебе ако е гладно вода нема да се напие па колку сакаш и да нудиш ќе бара цицка/АД. За ова ислушај го Сајковски многу убаво објасни. Препораките за да не се ниди вода ги направија за да не се прекине со доење ( Сајковски ова го кажа ) за да не се претера со давање вода и за да не се почне со дохрана порано. Болијони деца израснаа со вода. 90% не е вода м.млеко туку по самата структура е водеста/вода а не вода вода. Ако беше вода 90% апсурдно е да качуваат килажа од вода. Составот т.е. структурата е водеста составена од компоненти и антитела. 10% е оној помасен дел. Тука не станува збор за 1л дневно пиење вода. Имало денови кога кога бил бебе не се напил ни капка вода, ама сепак сум нудела. Водата е основа за живот, за кожата, за цревната флора, за организмот итн. Затоа и некој од педијатрите ( најчесто Сајковски ) потенцира дека тоа медавање вода по малку во првите месеци доведува и до проблем со кожа, проблем со столицата, цревата итн. Но, не препорачува ни давање на големи количини туку минимални количини во топлите денови. Кој смета дека нетреба да дава нека недава. Секој си знае за своето дете најдобро па и подобро од СЗО или кој и да е од форумов или околина. Јас давав и фала богу напредуваше над просек, нит грчеви имал ( никакви пробиотици не сум давала ) , нит со кожа, нит со црева, нит запек нит ништо немал. Кога сакал да цица еве го и ден денес колку сакаш нуди вода он не пие ако сака млеко. Чај никогаш не пиел нит сум давала ни за грчеви нит никаков. Само вода пиел и пие. Zašto je voda važna za decu? Voda je potrebna deci jer je odgovorna za mnoge funkcije u organizmu (disanje, varenje, regulisanje telesne temperature, pomaže transport hranljivih materija do svih ćelija u organizmu), glavni je sastojak krvi, želudačnih i crevnih sokova, odnosi štetne materije iz organizma urinom i znojem...
Составот е вода на мајчиното млеко во 90%. Збориме за "хемиски" состав. Не зборуваме за течна состојба. Тоа се две различни работи.
Јас па лани летото кога се породив беше пекол и не нудев вода. Бебе си пиеше млеко, полнеше пелени, не ми ни текнало на вода. И има многу причини зошто не се дава вода до шест месеци.