1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Давање на водичка или чајче

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. Sanela94

    Sanela94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    29
    Кога брат ми беше бебе мајка ми му го купуваше чајот од бекутан..Ништо друго не сакаше да пие :) Мн бил убав за стомакот :)
     
  2. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Се согласувам дека водата е вода и ништо не може да ја смени,јас на керкичката и дадов водичка уште дента кога излеговме од болница,ми викаа си цица не и давај само ке и го полниш мешето со вода после нема да ти цица,ама едно лажиче водичка нема да ја најаде :) сум чула дека некои деца што не им давале вода од мали до година дена не сакале да пијат,а се знае дека дете од година јаде све и водата му е неопходна дури може да се појават компликации на бубрезите
     
  3. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    И јас почнав од 4 месеци да и давам на малата бисквити со малку млекце(битолско тетрапак)и оризова вода исто и овошје,па фала Богу немаше ни проблеми со столицата ни со мешето,сите педијатри препорачуваат до 6 месеци само цицање ама ја и давав,тоа си е избор на мајката дали ке му дава не детето или не ;)
     
    На rakce69 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Дефинитивно се сложувам со двете јас имав 20 години кога ја родив керкичката и како млада мама да се едуцирам малце читав по форумиве и не можев да се изначудам,вода никако,од 6 месеци тоа ,од 8 тоа како тоа да е робот а не дете живо суштество,зар водата ке му штети???
     
  5. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    ^Да може да биде штетно да се дава вода на бебе, тоа веќе е докажано.
    Водата на бебето не му дозволува да ги абсорбира потребните нутриенти од млекото, му дава чувство на ситост а всушност е гладно, затоа што нема никаква хранлива вредност водата, и иако му се дава на бебето вода може да дехидрира затоа што не се нахранува како што треба.
    Во екстремни случаеви од вода може да дојде до водна интоксикација, бебето отекува, може да падне во кома а во некои случаеви и да почине.

    Бебето не е робот меѓутоа се знае што може желудникот на бебе да поднесе, затоа на 4 месеци се дава едно, на 6 друго, како му созрева желудникот и способноста на организмот да разложува материи, така и различна храна му се понудува.

    И најглупава работа ми е кога ќе слушнам абе нашите мајки, баби така правеле, па ете не здрави живи, тие не знаеле за штетноста па затоа така правеле, ние веќе знаеме за штетноста и мислам дека нема потреба така да правиме.

    Пред 40 години било во ред да се прави ренген снимка на бремена жена, ете нашите баби можеби направиле ренген снимка при бременост, ние знаеме сега дека е штетно и не го правиме, исто е и со водата.

    Секоја мајка за себе, меѓутоа јас не планирам да му давам вода на син ми додека не наполни 6 месеци, верувам дека ако е веќе докажано дека е штетно нема што да се играм со здравјето на син ми.
     
    На Bozica1980, Moira, AIT и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.005
    Пол:
    Женски
    Па секако водата ја добива од мајчиното млеко. Само кај деца кои се на вештачко млеко се препорачува да се дава малку вода, да се превенира запек. Како и да е, кога ќе почне со друга храна освен млеко, водата е потребна, а детето само си знае колку ќе му треба. Син ми до 7 месеци не сакаше многу вода, малку пиеше, ама сега си бара, обавезно после секое јадење (не веднаш, туку после 5-10 минути), и секако, меѓу оброците. Јас му давам превриена филтрирана вода. Порано му давав флаширана, ама ја баталив, поради тоа што немам поим каде и како ја чуваат таа флаширана вода.
     
    На bittersweet му/ѝ се допаѓа ова.
  7. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Не сум знаела дека до толку е штетна водата што може да предизвика смрт,тоа е веројатно 1:100000000000 :P и колку можеш да му дадеш вода на мало бебе,една две лажички....сепак тоа си е избор на мајката како и се друго во врска со нејзиното бебе :)
     
  8. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Значи од вакви изјави ми се :puke: прво затоа што мајката каква и да е млада/стара,образована или не ,од град или село најдобро знае што е добро односно најдобро за нејзиното бебе од просто што со раѓањето на бебето се јавува и мајчинскиот инстинкт кој никогаш не греши !!! Страшно ми е кога ќе се најдат баби,стрини,тетки ,комшики па ќе кажуваат што треба ,а што не треба да прави мајката. Навистина не можам да ги разберам ,затоа што доколку нешто не е во ред си постојат педијатри кои стручно можат да помогнат.
    Јас на моите деца не им давам вода ,затоа што цицаат/цицале и сметам дека многу подобро и поздраво е млекото отколку водата и мислам дека со цицањето внесуваат доволно течности.Единствено што давам е чај за смирување на грчеви и тоа по 50мл во еден ден ,но тоа го давам заради тоа што си имам мака ,а не затоа што треба да давам вода .
     
    На Annath, bittersweet и Moira им се допаѓа ова.
  9. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Кој колку сака нека се чуди - моето дете до 6 месеци ексклузивно беше само на цицање, супер напредуваше, скоро и да немаше грчеви, и без разлика што беа коментарите околу мене - ни на крај памет не ми падна да и` давам вода/чај/сокови.

    Прво не разбирам кој е поривот да се споредуваме со минатите искуства...ако е така, зошто воопшто се пораѓаме во болница???? Дајте сите да одиме на поле и да завршиме работа! 5 од 8 деца ќе умрат, ама нема врска, ние пак ќе раѓаме! Зошто трчате за најмала настинка на болница за да го види доктор бебето??? Па давајте му домашни иљачи, што има врска, така нас не оздравувале во минатото!

    Пред некое време се заинтересирав КАКО биле чувани нашите мајки/татковци (не како тие не чувале нас) и ја прашав баба ми, која сега има 86 години - Со што ги храневте бебињата кога ќе се родеа?
    И добив многу убав одговор - „Со цицање нормално, кое нечесто траело и до 3-4 години “....добро....
    А што ако мајката немала млеко за да дои? - „Ќе го носеа бебето кај друга доилка, барем додека не зајакни и наполни 2-3 месеци, и тогаш почнуваа да му даваат оризова вода/каша од пченкарно ( :!: не ПЧЕНИЧНО) брашно и вода (ама претходно брашното потпечено, за да не му е тешко на стомачето) и малце покасно и кравјо млеко. АМА, не било какво (сигурно не тетрапак Битолско) туку цело време млеко од една ИСТА КРАВА, нормално превриено“
    Хммм, ми изгледа ко да имале ум тогаш повеќе од нас сега.....

    Не можеме да го избегниме фактот дека (кога би сакале и денес да го следиме овој пример) горенаведените намирници денес се многу ВЕШТАЧКИ и контаминирани. Сакам некоја од мајките кои се изјаснаа дека на 4 месеци даваат бисквити (во кои има јајца, шеќер, сол и толку емулгатори и конзерванси да е просто жалосно такво нежно суштество да ги прима, ама нејсе, одлука на секоја мајка) со млеко ТЕТРАПАК ( :x ) да елаборираат ЗОШТО го прават тоа....да научи бебето вкусови? Оти ние денес не знаеме за вкусови? Оти нема цел живот пред него да ги пробува, треба тоа да се случи на 3-4 месеци, кога едвај му е оформен системот за варење и имуниот систем??? За каде брзате?!?

    Ако толку се грижите дека бебето кое не прима вода е „осудено“ на дехидрираност и покасно проблеми со бубрезите заради недостаток на течности (не знам од каде ова инфо, ама чудо е како делуваат муабетите на старите на некои личности |( ), треба да се запрашате што им се случува на тие мали бубрези кога им внесувате толку вештачка храна, шеќери и сол!

    И нормално дека Фруктал, Нестле, Хипп и слични ср*ња на тегличката ќе стават 4 месеци, да не сакате да стават 4 години??? Колку порано почнувате со нив, толку повеќе организмот им станува зависен, а тоа за нив значи зголемена продажба. Од кога овие фабрики треба да се репер за нешто „нормално“???? Дури и на рекламите на вештачките млека (кои зависат од жените кои не дојат) стои „Доењето треба да е прв избор за секое бебе до 6 месеци“, треба ли мајка ми/тетка ми/комшивката да ми кажува кога треба да му дадам кравјо млеко???

    И, ко за крај - едно време земјината топка беше рамна, се сеќавате? И единствена беше во свемирот. А да, и сонцето се вртело околу неа.
     
    На Palchica, DeMelo, Bozica1980 и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Moja

    Moja Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2010
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Бравос Моира,

    јас сепак ќе кажам секоја мајка знае што е најдобро за нејзиното бебе ама доколку има млеко секако дека е најдобро до 6 месеци на ексклузивно доење.

    Моето бебе има полни 5 месеци до сега сум пробала со сок од јаболко 2 пати по неколку лажичики (цуцла нефаќа)

    Вода воопшто му немам дадено а чајче (бекутан) 5-6 пати во првите 40 дена кога имаше грчеви.
     
  11. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.906
    Допаѓања:
    103.069
    Пол:
    Женски
    А јас да се пожалам. Моево дете нејке да пие ни вода , ни чај , ни млеко . Од кога престана да цица од мене ( од пред 10 дена) и купив млеко вештачко - не пие , само вода малку ке се напие (2-3 голтки) од чашката со клунче и тоа е за цел ден. :worried:
    Цуцла не ми кажувајте бидејки никогаш не пиела а пробав да и дадам но несака.
    Инаку во кисело млеко се `дави`, јаде по 300 гр дневно. Се други си јаде , овошје , зеленчук , месо. Многу ми е страв да не и се расипат бубрезите. Веќе не и е влажна толку пелената како порано кога цицаше :worried:
     
  12. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Не се паничи ,ќерка ти прима млеко (кисело млеко).Сега е повеќе на потврда храна и затоа не мочка толку многу.Дај и малку време да се навикне на промената без притоа ти да си кубеш коси и се ќе биде во ред.Сигурно и на тебе во овие 10 дена ти фали моментот цицање исто како и на неа. Сега и на двете ви е пресвртница и на која треба да се навикнете.Затоа насмевка на уста и терајте напред.
     
    На koritsaki и Annath им се допаѓа ова.
  13. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Јас проблемот со чајот во друга тема го пишав, ама еве тука да прашам сега. Дали по долга употреба на еден ист чај , треба да се смени со друг? На пример еве, јас и давам Бекутан од самото раѓања и како што кажав во др. тема, го пие во големи количини. Дали е време да го сменам со друг чај или да продолжам да и давам Бекутан?
     
  14. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.645
    Допаѓања:
    251.480
    Пол:
    Женски
    Да побарам совет од вас мамички...
    Моево девојче пие чајче од бекутан уште од кога е родена и го давам со шприц и немавме никаков проблем. Минатата недела педијатарот ми препорача да почнам со сокче од јаболко разредено со малку водичка. Бидејќи е прилично лакома јас мислев ќе се воодушеви од новиот вкус но не е така. Првиот пат и давав со лажичка но не ми е баш практично неможам кога сум сама и да ја држам исправена и да и давам сокче, се напи едно 10тина лажичи но со молење а така е и наредниве денови.
    Заради тоа вчера купив шишенце со цуцла за да пробаме така да пиеме и утрово и турив од чајчето што знам дека баш го сака но нејќе ни да чуе да се напие дури на двапати и се закашла.
    Да споменам дека цуцла лажливка несака да види, кога беше помала се обидов со силиконска од која дури и и се гадеше, а вчера како за проба се обидов и со каучукова за која ми рекоа дека многу полесно ја прифаќале бебенцата но ни неа не ја сака. Ова не ми е проблем немора да става во уста лажливки но проблемов со шишенцето ме загрижува. Незнам дали ќе и е доволно само моето млеко во наредниов период на растење и дали да бидам упорна со шишенцево?
     
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.005
    Пол:
    Женски
    Ако досега сте биле само на мајчино млеко, тогаш во наредниот период секако дека ќе и' биде доволно твоето. Тоа што не фаќа цуцла нека не те грижи. Исто и тоа што не и се допаднало сокчето. Ќе бидеш упорна, таа не е навикната на тој нов вкус, башка тие купечките сокчиња ми се малку чудни на вкус.

    За јадење со лажиче (било да е сокче или кашичка) ќе мораш да ја седнеш во релаксатор барем, оти не можеш и да ја држиш и да и' даваш да јаде. Подоцна ќе си користите и хранилка кога ќе почне да седи.
    Ќе го намалиш чајот, нема веќе потреба да пие од него, оти тој е стриктно против грчеви. Само ќе се полни стомачето без потреба. Има различни инстант чаеви за деца со пријатен вкус, овошни или од тревки, па може со нив да го замениш Бекутанот - истово важи и за d.Darla - можеш и да му даваш на малото чај од нане, од шипка, од брусница - не во многу големи количини, и по можност од овие рефус што се, а не во филтер ќесички. До една година не треба да бидат многу јаки, може да се разредуваат, а после не мора.
    На син ми почнав да му давам чај од нане, ама го пие само кога е мешан со цеден сок од портокал и лимон. Чист чај никаков не сака, ни со шеќер, ни без шеќер. Ама, секогаш сака да пие од мојот чај, каков и да е :D
     
    На Bozica1980 и AIT им се допаѓа ова.
  16. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.645
    Допаѓања:
    251.480
    Пол:
    Женски
    Фала мамичке Ана :)
    Да до сега бевме само на мајчино млеко, а и сокчево од јаболко јас и го цедам не е купечко. Пред малку се убедивме некако па испи мекој мл но со шприц.
    Ајде ќе бидам поупорна па ќе ви пишам за резултатите.

    :hai:
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Marijan2012

    Marijan2012 Активен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Zdravo,

    Imame edno prasanje, vaka, imame bebence od skoro 3.5. meseci. Momentalno (na pocetokot imase dohrana so adaptirano) e na doenje bez davanje na voda ili cajce, vo poslednite 2 nedeli (od koga fati toploto vreme) nekako mu se promeni bojata na stolicata malce potemna od zolta (pogusta, temna zolta malce so penjicka) i kaka poretko ednas vo 2-3 dena, prethodno bese poveke pati vo denot. Interesno e so menuvanje na stolicata negovite gasovi dobija na pointenziven miris (nesto kako vareno jajce). I sega potesko zaspiva, porano, okolu 21-22h sega duri vo 23h i toa samo posle prosetka nadvor, vnatre se vrti place ne saka da se uspie, se prozeva ali nikako da se uspie. Prasanjeto e dali moze da se javat grcevi vo ovoj period od vozrasta, posto dosega recisi i da nemase, i moze li ovaa promena e rezultat na toploto vreme ili ednstavno e poradi vozrasta i rastenjeto, pocnuva poretko da kaka i da go vari melkceto podolgo...

    Pozdrav
     
  18. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Грчевите може да се јават по раѓањето или пак подоцна и траат најмногу до 6 месеци.Се препознаваат по тоа што бебето одреден период се грчи и подоцна ќе испушти гасови. Како некое непишано правило бебињата со грчеви најинтензивно ги добиваат во периодот од 18-20 часот. Тоа што вашето бебенце ја менува столицата односно таа се згуснува значи дека перисталтиката почнува да проработува нормално.Се додека столицата е со златно жолта боја се е во ред ,а тоа се забележува најдобро на марамиците со кои го бришете ,бидејќи на пеленчето неретко таа менува боја заради геловите или гранулите кои ги има истата заради подобро впивање. Мене малку ме буни ова со мирисот на расипано јајце и пената која ја споменуваш.Јас досега кај моите дечиња не сум забележала нешто вакво и можеби е најдобро да го посетите вашиот педијатар ,па дури да му ја покажете пеленката. Не мислам дека е нешто ,но сепак кога на вас тоа ви се чини чудно добро е да се консултира стручно лице. Поздрав и секое добро .
     
  19. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    Ајде јас да прашам, сакам да почнам да гледам па и да купувам некои работи што се неопходни за бебче, некаде читам дека доволно е мајчино млеко, а некои уште од мало даваат водичка и чајче.
    Прашањето ми е дали да купувам шишенца и стерилизатор уште од почеток, или да почекам па да видам како ќе се одвиваат работите, зошто и онака ќе биде зимско бебе и мислам дека само млеко ќе му биде доволно во првите месеци. И колку навистина стерилизаторот врши работа?
     
  20. Regenbogen

    Regenbogen Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Женски

    Почекај, од каде знаеш може ќе имаш доволно млеко па немора да даваш ништо плус, јас до 4,5 - 5 месеци само ја доев...ни вода не сакаше. после така со лажиче по 3-4 два три пати во денот и толку па сокче од јаболко и така, шише употребив дури кон 6-7 месец за сок. дури ни стерилизатор немам, сите шишенца се мијат во машина на температура и нема потреба...плус големка беше 6 месеци...ама имав мн. млеко па немаше потреба од др. :)