Па не се дава мед на лажица со количини кои деца можат да внесуваат. Читајте малце источна култура азиска поготово јапонска да цитирам, мене ми е доста од западњачка медицина цел интернет е преплавен. Да интернетов е преплавен од информации не кажувам не меѓутоа не сакам и не бирам работи кои премногу се фураат во последниве 10 15 години. На светов раѓаме, живееме 1000 дници години,а според мене вода е живот и како темава, водата не ја даваме во огромни количини но да се лизне да се проба вкуси не е на штета. Медот исто да се лижне на лажача не е на штета(секако ако знаеш дека е природен домашен како мојов) Човекот е најсовршеното суштество на земјава дизајниран да трча и да живее во природа и да се бори, да се бори да живее. Ќе го циторам проф. Ванчо Применета Економика Правен- Бидете среќни што живеете во време каде што сеуште се пие водата која ја имате во домовите, влегуваме во ера каде што ќе раскажуваме на внуците дека сме дишеле бесплатен воздух, како нашите дедовци ни кажуваа дека пиеја бесплатна вода. Да не избегам од темата водата е живот драги мои мендово мој не пие вода во шише ама му давам на лажиче да осети водиче што е.
Majki sto mislite za davanje voda jana na bebe (ne bebeska) Ne ja prevrivam Ima razni komentari vakva ili onakva voda Na pocetok davav bebelan 5+ sme
Јас колку што читав по нетов Јана обична и бејби се истата вода, поправете ме ако грешам. Јас уште давам Бебелан најмногу зошто може 48 часа да стои без да треба да се преврива, а баш се мислам да сменам Ладна или Јана да давам.
Mene Jana mi e najubava takva pieme doma pa zatoa i na nego davam takva Samo ne znam dali da ja prevrivam I pedijatrite preporacivaat bilo kakva voda, da ne e bebeska
Јас флаширана никогаш не превривам...користам Ладна или Хип...повремено и бебеланд..зависи од кај пазарам
100мл дневно, пишува на кутијата мислам. На малава не и давав, но на синчето си давав по два пати х50мл по потреба, не секој ден..
Колку пати дневно смее да се пие од чајот бејбилов од дм? Од бекутанот давав два пати, овој гледам се раствара во 200мл вода?
Бебо за 2 дена ќе полни 5 месеци, па ќе видам во консултација со педијатарот од кога да почнам со вкусови. Досега е на ексклузивно доење. Не сум му давала ниту чај, ниту вода. Кога ќе почнам со дохрана, ќе пробам по некое лажиче вода, е сега каква да биде? Бебешка или само флаширана? Дали ќе треба да ја превривам? Многу околу мене ми викаат дека штом досега не сум му давала вода да пробува, немало да пие бебе вода воопшто. Јас не верувам во тоа. Какви се вашите искуства?
Јас нудев вода уште од 4 месеци. Можда и порано нудев, секако не ја сакаше. Па не ни нудев редовно. Од лажичка ја плукаше. Не пиеше вода, па и главечки да се превртам. Кога почна со цврста храна давав со лажичка, дур да сфати дека е вода, а не храна, после пак плукаше. Пред некој ден од ведро небо, си зацуца од шише и испи 20мл. Сега нудам поредовно и пие по неколку голтки, што ми е успех. 9 месеци сме.
Ладна. Не превривам. Не ни превривав,зашто не пиеше. За 2 - 3 лажички, не ми се вриеше, башка ги плукаше.
Ако сте на АД во ред, ако сте на доење тоа е многу.Правете разлика и кога пишувате,напоменувајте дали цица или не да нема забуни за новите мајки
Поискусни мамички совет 6недели сме сакам да почнам да давам чајче веќе.Земав бекутан.Колку дневно да давам и дали измеѓу оброци меѓу тие 3h?Само на ад млеко сме.