Земи некој друг, бекутанот е полн со шеќер. Ќе се дуе мешето, ќе му создава лажна ситост и нема да ти пие млеко. Која е потребата за чај? Ако веќе сакаш да даваш додатно течности, подобро вода давај.
Dali se dava voda ili cajce na bebe od 4 dena? Da napomenam na adaptirano mleko sme. Vo bolnicata se macevme so cicenje, sestrite ni pokazuvaa kako da se doime no bese neuspesno mnogu malku cicase pa se pocna so adaptirano. Sega doma sme poveke na adaptirano i malku sto se odmolzuvam mu davam. Blagodaram
Сега е топло, ама адаптираното млеко содржи вода, повеќето викаат дека нема потреба да се дава. Јас почнав од месец дена да му давам. Некој што има искуство нека каже. Педијатарот ми рече по три лажички или 10 мл. Мислам дека може да му се дава.
Не е доцна да фати да цица, моиве на трет-четврти ден фатија ко што треба. Измолзеното млеко давај го со шприц, не со шише. Полесно е од шишето, затоа не ти цица. Имаш млеко штом се молзиш, не пропуштај ја приликата да доиш.
Штом имаш млеко, вреди да пробуваш да го доиш. Јас немав млеко, таа влечеше во "празно" . Потоа почнавме со адаптирано млеко, односно прво доење по 5мин па шишенце. Вода не и дадов се до 4ипил месеци, но беше зима и ладно. Мене педијатарот ми рече да не и давам вода.
Доколку доиш во мајчиното млеко има околу 90% вода. Не се препорачува бидејќи го полни желудничето а нема ништо хранливо.
Немам давано на ниту едно од трите деца. Првите две беа доени, дури кога воведовме храна почнав да давам. Третото беше на ад и онп почна паралелно со воведување храна. Чајче пробав само кај најстарата, поради грчевите, не сакаше па ни тоа не давав. Во таа возраст се нема никаква корист од водата и ниту еден педијатар не ни дал зелено светло за да давам. А баби, често, од страна секако знаеја повеќе, и викаа му горела душата на бебуш, да дадам
на првото му давав,чајче бекутан кога наголеми негде од кај 3ти месец и чајче нане и камилица. Водичка после недела дена по едно лажиче да "не му гори душичката" сега со второво уште ништо такво не сум дала. Чај за грчеви ако понатака веќе има потреба
Jas na moeto mu davam. U denot ednas(ne sekoj den) u 100 ml voda ke rastvoram malku od cajceto bekutan i si go pie. I da, voopsto ne e stetno, preporaka od pedijatar. Polesno kaka bidejki sme na ad, onaka znae zapek da fati. Inaku pocnav od 1 mesec da i davam
Ние сме 3 месеци на доење сме давам чајче повеќе од 100 мл да не е многу ? Со цицање и напредување немаме проблем
И јас давам чај е ќе го измоча не ги заситува тоа, сега сме 5+ вода не сака ама пак чај по 150 мл некогаш пие
Преголема количина му даваш и може многу да е штетно. 100 мл пијат бебиња од 6 месеци кои јадат и друга храна, на 3 месечно бебе нема зошто да му даваш воопшто. Зошто за полесно какање кога е на доење, доени бебиња по цела недела можат да не какаат и тоа е скрос нормално.
Се напнува на секое цицање(од секоја пелена какана преминавме на еднаш ) и почна крвче да пушта па веќе ни е подобро